Источен Пригниц-Рупин

Источен Пригниц-Рупин (германски: Ostprignitz-Ruppin) — округ во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Мекленбуршка Езерска Област во Мекленбург-Западна Померанија, окрузите Горен Хафел и Хафеланд, округот Штендал во Саксонија-Анхалт и округот Пригниц.

Источен Пригниц-Рупин
Landkreis Ostprignitz-Ruppin

округ
Знаме на Источен Пригниц-Рупин Landkreis Ostprignitz-RuppinГрб на Источен Пригниц-Рупин Landkreis Ostprignitz-Ruppin
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеНојрупин
Површина
 • Вкупна2,508,7 км2 (968,6 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно99.871
 • Густина40/км2 (100/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OPR
Мреж. местоostprignitz-ruppin.de
Дворецот на семејството Генц во Генцроде

Географија

уреди

Округот се состои од низини северозападно од Берлин. На неговата територија се наоѓаат густи шуми. Многу реки и езера има во западниот, средишниот и североисточниот дел на округот. Главна река во округот е Досе.

Историја

уреди

Округот отсекогаш се разликувал од Западен Пригниц, така што првично бил населен од Словени од Мекленбург. Бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Кириц, Нојрупин и Витшток. Округот скоро ја покрива истата територија на двата историски окрузи Источен Пригниц и Рупин. Источен Пригниц бил создаден во 1815 како еден од двата округа на местото на поранешното грофовија Пригниц и бил поделен на окрузите Кириц, Прицвалк и Витшток во 1952. Исто така во 1952, округот Рупин бил преименуван во Нојрупин и дел од неговата територија била доделена на окрузите Кириц и Гранзе.

  Орелот во горниот дел на грбот потекнува од грофовите Арнштајн, кои владееле со Рупин во 13 век. На левата страна е лилјан кој ги претставува грофовите Фон Плото, вендско семејство кои владееле со Кириц. Митрата на десно го симболизира Витшток, бидејќи бискупот Хајнрих Први го прогласил Витшток за главен град на Бискупијата Хафелберг.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Општинска заедница
  1. Кириц
  2. Нојрупин
  3. Рајнсберг
  4. Витшток


Слободни општини

  1. Фербелин
  2. Хајлигенграбе
  3. Вустерхаузен

1. Линдов (Марк)

  1. Херцберг
  2. Линдов1, 2
  3. Ритник
  4. Филицзе

2. Нојштат (Досе)

  1. Бредин
  2. Дрец
  3. Нојштат (Досе)1, 2
  4. Зиверсдорф-Хоенофен
  5. Штидениц-Шенермарк
  6. Церниц-Лом

3. Темниц

  1. Дабергоц
  2. Меркиш Линден
  3. Шторбек-Франкендорф
  4. Темницквел
  5. Темництал
  6. Валслебен1
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

52°58′N 12°40′E / 52.967° СГШ; 12.667° ИГД / 52.967; 12.667