Вербен (Елба)
Вербен (Елба) (германски: Werben (Elbe)) — град во округот Штендал, во Саксонија-Анхалт, Германија.
Вербен (Елба) | |
Вербен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Штендал |
Општ. заед. | Арнебург-Голдбек |
Градски единици | 2 |
Градоначалник | Фолкмар Хасе |
Основни податоци | |
Површина | 53 км2 |
Надм. височина | 28 м |
Население | 957 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 18 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SDL |
Пошт. бр. | 39615, 39606 |
Повик. бр. | 039393 |
Портал | werben-elbe.de |
Местоположба на град Вербен (Елба) во рамките на округот Штендал | |
Координати | 52°52′N 11°58′E / 52.867° СГШ; 11.967° ИГД |
Географија
уредиСе наоѓа на левиот брег на реката Елба, околу 7 километри западно од Хафелберг. Дел е од заедницата на општини Арнебург-Голдбек. Службеното име на градот е Hansestadt Werben (Elbe), однесувајќи се на неговиот статус како поранешна членка на Ханза.
Историја
уредиВербен бил првпат спомнат во 1005 година и играл влијателна улога во текот на средновековните војни помеѓу Саксонците и Полапските Словени; неговото име е од словенско потекло. Дел е од Алтмарк и ги добил градските права во 1151 година од Алберт Мечката и голема бројка на Холанѓани во 1160 година. Станал член на Ханза во 1358 година. Додека бил дел од грофовијата Бранденбург, Вербан бил местото на „Битката кај Вербен“ во 1631 година, во текот на Триесетгодишната војна. Вербен станал дел од Кралство Прусија во 1701 година. Потоа станал дел од пруската Провинција Саксонија во 1815 година и новата покраина Саксонија-Анхалт по Втората светска војна.
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
Оваа статија за место во округот Штендал е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |