Државна Кремљска палата
Државната Кремљска палата (руски: Государственный Кремлёвский дворец[1]), до 1992 година позната и како Кремљска конгресна палата[2], е голема административна палата, која се наоѓа во Московскиот кремљ, во Русија.
Државна Кремљска палата Государственный Кремлёвский дворец | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Московски кремљ, Москва |
Земја | Русија |
Почната | 1961 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | М.Посокин |
Зградата била изградена по иницијатива на Никита Хрушчов, како модерна палата за состаноци на Комунистичката партија. Градежните работи започнале во 1959 година, а целосно градбата била завршена и официјално отворена на 22-иот конгрес на КПСС, односно на 17 октомври 1961 година. Во 1962 година, на архитектот на објектот, М.Посокин, му била доделена Ленинска награда за неговиот успех.
Речиси 17 метри од зградата се наоѓа под земјата. Главната сала, каде се одржуваат состаноците, може да собере 6.000 гости. Во тоа време, оваа сала се сметала за една од најсовремените во светот. Во текот на својата историја, објектот станал место каде се одржувале голем број на манифестации, особено партиските конгреси. Денеска, објектот се користи како концертна сала, балетна сала, театар и слично.
Палатата е обложена со бел мермер, а нејзините прозорци се затемнети. Од 2006 до 2009 година, Државната палата во Кремљ била реконструирана за последен пат.
Наводи
уреди- ↑ Государственный Кремлёвский дворец. Лопатин В. В. Прописная или строчная? Орфографический словарь / В. В. Лопатин, И. В. Нечаева, Л. К. Чельцова. — М.: Эксмо, 2009. — 512 с., стр. 142
- ↑ Кремлёвский дворец съездов. Лопатин В. В. Прописная или строчная? Орфографический словарь / В. В. Лопатин, И. В. Нечаева, Л. К. Чельцова. — М.: Эксмо, 2009. — 512 с., стр. 234