Чирак (село)
Чирак (грчки: Άγιος Κοσμάς, до 1927 година Τσιράκι, Цираки[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои 68 жители
Чирак Άγιος Κοσμάς | |
---|---|
Координати: 40°09′N 21°15′E / 40.150° СГШ; 21.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 940 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 68 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51100 |
Повик. бр. | 24620 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на околу 20 километри северозападно од градот Гребен.
Историја
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиСе смета дека првичното име на селото било Мелидоништа. Во XVII век селото било опустошено од албански наезди. Преживеаните семејства основаат, малку понајуг, ново село чие име било Чирак. Селаните добиле заштита од Омер-бег, албански големец, а за возврат станале негови чифлигари.[3]
Кон крајот на XIX век Чирак е христијанско грчко село во нахијата Жупа на Населичката Каза на Османлиското Царство. Според грчката атинска статистика од 1910 година во Чирак живееле 230 Грци христијани.[4]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во Агиос Космас, во чест на светецот Козма Етолски (1714-1779) кој извесно време учителствувал во Чирак.
Демографија
уредиНеговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 188 жители, а во 1920 година 199 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанскиот договор, во селото биле доселени 63 бегалски семејства со 182 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година[5].
Пописи
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 295 | 241 | 206 | 110 | 153 | 89 | 68 | 49 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението во селото произведува жито, тутун, градинарски производи, овошје и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Дел од обработливата површина се наводнува од реката Бистрица.
Знаменитости
уредиЦрквата „Св. Атанасиј“, се наоѓа на 300 метра јужно од централната црква и е изградена околу 1500 г. Истоимената голема црква „Св. Атанасиј“ во центарот на селото е подигната околу 1750 г. Освен наведените, во реонот на селото има уште четири храма - „Свети Козма Етолиски“, изградена во 1967 година во византиски стил на влезот во селото по иницијатива на владиката Августин Кандиотис; „Света Петка“, мал параклис на два километра северно од селото; параклисот „Свети Николај“ и гробишната црква „Свети Јоан“, изградена во 1972 година од браќата Лазос.[7] Од јули 2008 година во селото е отворен етнографски музеј.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσιράκι -- Άγιος Κοσμάς
- ↑ „Τόλιος, Αθανασίος. ΙΣΤΟΡΙΚΑ-ΛΑΟΓΡΑΦΙΚΑ ΑΓΙΟΥ ΚΟΣΜΑ ΓΡΕΒΕΝΩΝ“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-16. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ.111.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 134.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Το Χωριό μας (σήμερα και χθες)“. Άγιος Κοσμάς. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 2017-03-21.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место за Чирак Архивирано на 25 април 2017 г. (грчки)