Параклис

мал верски објект

Параклис (грчки: Παρεκκλήσ, покрај црква[1]) – црквиче во кое не се служи литургија.[2] Вообичаено параклисот е мал христијански храм, место за повремена богослужба, за приватно богослужение, честопати прилепен до поголем објект, како голема црква, палата, училиште, затвор или гробишта, но понекогаш може да биде и поголема самостојна градба. Католичките и протестантските параклиси често се многу поголеми од православните. Намената на параклисот е да служи како место за молитва за верниците и обично нема редовен свештеник, па литургиите и другите христијански обреди не се вршат редовно.

Царските двери на параклисот Св. Кирил и Методиј во Лешочкиот манастир

Архитектонски, параклисот може да биде страничен дел од голем храм дизајниран за специфични цели. На пример, многу готски катедрали обично имаат параклиси посветени на Света Богородица, парохиските цркви имаат параклиси до главната црква за вршење на светата причест меѓу одделни служби.

Најјужниот параклис на Земјината топка се наоѓа во бугарската научна база на Антарктикот, Свети Климент Охридски и е посветен на Свети Јован Рилски.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди