Цакони (Воденско)

населба на Цакон Маала, Воденско
(Пренасочено од Цакон Чифлик)

Цакони (грчки: Χρύσα, Хриса; до 1922 г. Τσάκων Τσιφλίκ, Цакон Цифлик[1]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[2]

Цакони
Χρύσα
Цакони is located in Грција
Цакони
Цакони
Местоположба во областа
Цакони во рамките на Меглен
Цакони
Местоположба на Цакони во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 40°57.12′N 22°2.40′E / 40.95200° СГШ; 22.04000° ИГД / 40.95200; 22.04000
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000145000000145 м
Население
 • Вкупновбројано во Цакон Маала
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во котлината Меглен, на 2 км југоападно од С’ботско. Денес не се смета за одделно село, туку како населба на Цакон Маала.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Цакони е заведено како чисто македонско село во Воденската. Некогаш било чифлик, па затоа се нарекувало и Цакон Чифлик.[2] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Цаконе (Tzakoné) е село во Воденската каза со 37 куќи од 68 Македонци-христијани и 60 Македонци-муслимани.[4][5]

Во 1887 г. во Цакони проработела бугарската пропаганда со отворање на училиште.[6] Подоцна селото паднало под врховенството на Бугарската егзархија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цакони живееле 260 Македонци христијани.[4][7]

Според егзархсискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Цакони (Tzakoni) имало 320 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[4][8]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 331 жител, кои во 1920 г. спаднале на 291.[2] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Цакони е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Цакони станало етнички мешано село со 572 жители[2] од кои 177 биле грчки дојденци (42 семејства).[9] Во меѓувреме дојденците се намножиле, така што во 1940 во селото живееле 724 лица, од кои 483 Македонци и 241 дојденец.[2]

Цакони прилично настрадало во Граѓанската војна, при што неколку македонски семејства и поединци пребегале во Р Македонија и источноевропските земји, а дел од грчките дојденци се засолниле во градовите.[2] Поради тоа, во 1951 г. е забележан пад на 402 жители, иако во 1960-тите населението повторно се накачило. Според истражување од 1993 г. селото е мешано македонско-дојденско, во кое, македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[10]

На почетокот на XXI век Цакони престанало да се смета за одделно место, туку е вброено како населба на Цакон Маала, што е случај и со блиското со Долно Турманли.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 724 402 485 569 554 576
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Речиси целото земјиште на селото се наводнува и дава високи приноси. Се одгледуваат индустриски пиперки, граорни култури, десертно грозје, овошје и други земјоделски производи.[2]

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσάκων Τσιφλίκ -- Χρύσα
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  3. Цакон Маала на порталот на порашената Општина С’ботско (грчки)
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.
  6. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"