Отвори го главното мени

Естрогените хормони (или естрогени) претставуваат стероидни супстанци кои имаат важна улога во естрогениот циклус и затоа се сметаат за женски полови хормони. Се лачат од фоликулите од овариумите. Овие хормони се одговорни за појавата на женските полови карактеристики. Активноста на естрогените хормони е изразена за време на пубертетот, кога отпочнува првиот месечен циклус на овариумите. Со намалување на лачењето на естрогените, најчесто меѓу 45-тата и 50-сеттата година од животот, настанува период на менопауза.

Класа на лек
Estradiol.svg
Естрадиол, главниот естроген полов хормон кај луѓето и широко употребуван лек.
УпотребаКонтрацепција, менопауза, хипогонадизам, MTF, рак на простата, рак на дојка, други
Биолошки таргетЕстрогенски рецептори
ATC кодG03C
Надворешни врски
MeSHD004967

Естрогените хормони може се присутни кај 'рбетниците.[1][2]

Содржина

ФункцијаУреди

 
Синтеза на стероидните хормони. Естрогените хормони се наоѓаат во долниот десен дела на сликата облежан со розова боја.

Естроген се присутни и кај мажите и кај жените. Обично се присутни во значително повисока концентрација кај жените во репродуктивната возраст. Тие го иницираат развојот на секундарните сексуални карактеристики кај жениите (како што се градите) а исто така имаат важна улога и во регулирањето на менструалниот циклус.

Кај мажите, естрогените хормони исто така регулираат некои функции на репродуктивниот систем важни за созревањето на сперматозоидите [3][4][5] и веројатно се одговорни за поседување на здраво либидо.[6][7] Постојат и неколку други структурни промени кои се индуцирани од страна на естрогените.

Примена во медицинатаУреди

Средство за орална контрацепцијаУреди

Естрогените хормони се користат како орални контрацептивни средства со оглед на тоа што со нивната циркулација во крвта се намалува концентрацијата на LH и на Фоликулостимулирачкиот хормон.

Рак на дојкатаУреди

Во околу 80% од случаите на појава на рак на докјата, понатамошниот развој на ракот се темели на присутниот естроген. Ваквите канцери се познати како хормон-осетливи или хормон-рецептор-позитивен канцери. Сузбивањето на производството на естроген во телото се користи третман на овој вид на рак на дојката.

Рак на простататаУреди

Под одредени околности естрогенот исто така може да се користи и кај мажите за третман на рак на простатата.[8]

ОстанатоУреди

Кaj луѓето и кај глувците, естрогенот го помага заздравувањето на раните.[9]

КозметикаУреди

Некои шампони за коса содржат естрогени супстанци, а други содржат фитоестрогени. Поради ова се имаат појавено случаи кога кај мали деца се развиваат гради како резултат на изложувањето на естрогенот присутен во овие шампони.[10] Исто така голем број на козметички производи како конзерванси користат ксеноестрогени супстанци кои може да го имитираат дејството на естрогените хормони.

Ефектите врз животната срединаУреди

Во последниве години е откриено дека преку отпадната вода, естрогенот го наоѓа својот пат во животната средина. Естрогените се само мал дел од многуте соединенија кои може да делуваат како пореметувачи на ендокриниот систем, а тоа се должи на фактот дека тие имаат висока естрогена активност. Кога естрогените ќе навлезат во животната средина може да предизвикаат сериозни проблеми со репродуктивниот систем кај мажјаците (и кај луѓето и кај животните)[11] Еестрогените екскретирани од жените, како и на естрогените кои претставуваат отпад од користењето на контрацептивните таблети стигнуваат и до водените системи. Во текот на периодот на репродукција на рибите нивните икри се изложени на ниски нивоа на естроген, а тоа што предизвикува репродуктивни дисфункции кај рибите мажјаци[12] - некои риба поради ова се раѓаат и со машки и си женски полови органи. Други риби мажјаци може имаат ниска плодност.

ПоврзаноУреди

ЛитератураУреди

  1. http://www.springerlink.com/content/m5t4612215x2755x/
  2. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17368538
  3. Hess RA, Bunick D, Lee KH, Bahr J, Taylor JA, Korach KS, Lubahn DB. A role for oestrogens in the male reproductive system. „Nature“ том  390 (6659): 447–8. doi:10.1038/37352. PMID 9393999. 
  4. J. Raloff (1997-12-06). „Science News Online (12/6/97): Estrogen's Emerging Manly Alter Ego“. Science News. конс. 2008-03-04. 
  5. „Science Blog -- Estrogen Linked To Sperm Count, Male Fertility“. Science Blog. конс. 2008-03-04. 
  6. Hill RA, Pompolo S, Jones ME, Simpson ER, Boon WC. Estrogen deficiency leads to apoptosis in dopaminergic neurons in the medial preoptic area and arcuate nucleus of male mice. „Mol. Cell. Neurosci.“ том  27 (4): 466–76. doi:10.1016/j.mcn.2004.04.012. PMID 15555924. 
  7. Ian Muchamore (2004-07-19). „Prince Henry's Institute - Media Release - Male sex drive linked to estrogen“. Prince Henry's Institute. конс. 2008-03-04. 
  8. Oh WK. The evolving role of estrogen therapy in prostate cancer ([мртва врска]search). „Clin Genitourinary Cancer“ том  1 (2): 81–9. PMID 15046698. http://www.cigjournals.com/CIG/c.abs/clinical-genitourinary-cancer/volume1/issue2/article792. 
  9. Oh DM, Phillips, TJ. Sex Hormones and Wound Healing. „Wounds“ том  18 (1): 8–18. http://www.woundsresearch.com/article/5190. 
  10. Sanghavi, DM. „Preschool Puberty, and a Search for the Causes“, 17 октомври, 2006 (посет. 4 јуни 2008 г).
  11. Wang S, Huang W, Fang G, Zhang Y, Qiao H. Analysis of steroidal estrogen residues in food and environmental samples. „International Journal of Environmental Analytical Chemistry“ том  88 (1): 1–25. doi:10.1080/03067310701597293. 
  12. Liney KE, Jobling S, Shears JA, Simpson P, Tyler CR. Assessing the sensitivity of different life stages for sexual disruption in roach (Rutilus rutilus) exposed to effluents from wastewater treatment works. „Environ. Health Perspect.“ том  113 (10): 1299–307. PMID 16203238. 

Надворешни врскиУреди