Ханс Арп
Ханс Арп (Hans Arp), познат и како Жан Арп бил германско-француски сликар, вајар и поет, роден на16 септември 1887 година, а починал на7 јуни 1966 година, бил познат како соработник во групата на дадаисти и надреалисти и пред сè како приврзаник на апстрактна уметност, при што изворите биле во елементарните, природни форми.
Ханс Арп | |
---|---|
Фотографија на Ханс Арп, публикувана во De Stijl, (јануари 1926 година) | |
Роден(а) | Стразбур, Германија |
Починал(а) | Базел, Швајцарија |
Националност | Германско-Француско |
Образование | Академија Јукијан |
Познат(а) по | Вајар, поет, сликар |
Сопружник | Софија Таубер-Арп |
Животопис
уредиХанс Арп е роден како син на производител на цигари во Стразбур кој тогаш ѝ припаѓал на Германија. Живеел во германско – француска средина и потполно ги запознал двата јазици. Како младич бил фасциниран од поезијата на романтичарите.
Од 1904-1908 година студирал сликарска уметност во Вајмар и во Париз на академијата Јулијан. Од 1909 година живеел в Швајцарија и пишувал поезија. Во 1912 година се сретнал до сликарит slikarom Василиј Кандински[1] во Минхен и станал член на групата „Синиот јавач“ (Der blaue Reiter|el). Од таа година започнува неговата соработка со Пол Кле и со списанието „Напред“ (Der Sturm|el).Од 1916 година соработувал со дадаистите во Цирих a 1918-1919 година во Келн со Макс Ернст. Од 1922 година живеел наизменично во Цирих и Париз. Таа година се оженил со Софија Таубер, уметничка со која правел големи колажи на геометриски исечоци, главно под нејзино влијание.
Неговите скулптури можат да се сфатат како органска апстракција и често се нарекуваат биоморфни, бидејќи делумно потсетуваат на делови на билки или човечкото тело.
Во 1943 година му починала сопругата, а во почеток на педесеттите години заминал во САД каде проектирал големи пластики на универзитетот во Харвард и Каракас, како и за зградата на УНЕСКО во Париз.
Дела
уредиГалерија
уреди-
A wall-painting of Hans Arp, he made in Zürich in 1916
-
Print for the cover of Dada 4, Hans Arp, 1919
-
Stained glass-windows in the Aubette, 1928
-
Constellation According to the Laws of Chance, Jean Arp; c. 1930
-
Configuration, 1931, by Has Arp; in wood
-
Impish Fruit, by Jean Arp, 1943
-
Tree of shells, bronze sculpture by Hans Arp, 1947-53
-
Cloud-shepherd / Berger de nuages, bronze sculpture of Arp, 1953
-
Feuille se reposant, bronze sculpture, 1959
-
Evocation of a Form: Human, Lunar, Spectral, bronze sculpture by Hans Arp, 1950
-
Schlüssel des Stundenschlägers, bronze sculpture of Arp, 1962
-
Moving dance jewelry, bronze sculpture of Arp, c. 1960-70
Наводи
уреди- ↑ Russell, John (10 August 1986). "Jean Arp – A Pioneer Worthy of Honor". The New York Times.