Илцен
Илцен (службено наречен: Ханзин град Илцен; германски: Uelzen; долногермански: Ülz’n[2]) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува дел од метрополитенската област на Хамбург.
Илцен
Uelzen | |
Железничката станица во Илцен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Илцен |
Градски единици | 16 |
Градоначалник | Јирген Маркварт (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 135,84 км2 |
Надм. височина | 43 м |
Население | 33.934 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 250 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UE |
Пошт. бр. | 29525 |
Повик. бр. | 0581 |
Портал | www.uelzen.de |
Местоположба на градот Илцен во рамките на округот Илцен | |
Координати | 52°57′53″N 10°33′57″E / 52.96472° СГШ; 10.56583° ИГД |
Кога ги добил градските права во 1270 година, Илцен бил познат по името „Левенвалде“. Како член на Ханзата поставен на реката Илменау изградил добра положба со меѓународната трговија. Стариот град поседува многубројни фахверк куќи и има извонредни примери на северногерманската тулна готика.
Окружниот град стекнал регионална слава кога Фриденсрајх Хундертвасер бил избран да ја обнова железничката станица. Градбата била отворена во 2000 година и денес привлекува многубројни туристи.
Географија
уредиМестоположба
уредиИлцен се наоѓа на работ на Линебуршкото Поле. Поради својата местоположба, градот претставува важен железнички јазол и тука се вкрстуваат линиите Хамбург-Хановер и Бремен-Берлин. Од стопанство значење е и положбата на Страничниот канал на Елба.
Градот е распослан на бреговите на реката Илменау. Околу градот се наоѓаат големи области на природни паркови, шуми, езера и голети.
Градски единици
уредиКон Ханзиниот град Илцен припаѓаат местата Грос Лидерн, Халигдорф, Хамброк, Ханзен, Ханштет II, Холденштет, Кирхваје], Клајн Зиштет, Мазендорф, Мере, Молцен, Олденштат, Риштет, Рипдорф, Татерн, Ферсен, Вестерваје и Волтерсбург.
Исто така, постојат уште три места во градското јадро, кои имаат статус „други места“: Борне, Клајн Лидерн и Пиперхефен.
Клима
уредиПросечната годишна температура изнесува 9,6 °C, а просечните врнежи изнесуваат 660 мм. Просечната температура во јули изнесува 18,6 °C, а во јануари 1,4 °C. Помеѓу април и август има просечно 201 сончев час месечно. Во јули, највисоката температура е до 36,5 °C, а во декември најниската температура до −17,3 °C. Најсув месец е април, додека најмногу врнежи има во јули.
Историја
уредиГрадот бил основан околу 1250 година. Во 1270 година, војводата Јохан од Брауншвајг-Линебург, член на велфската династија кој владеел со Кнежевството Линебург од 1252 до 1277 година, му доделил градски права на Илцен.[3] Во средниот век станал активен член на Ханзата.[4] Градските бедеми, изградени во текот на XIV век, првично имале 3 градски порти, ѕидини и ендек. Делови од бедемите се зачувани и ден денес.
Додека Илцен играл мала улога во рамките на Ханзата, постојат докази дека вршел трговија со Ливонија и Шпанија. На 21 октомври 1470 година, Илцен бил домаќин на конвенцијата на Ханзата. Настанот бил особен, бидејќи вообичаено овие годишни настани се одржувале главно во Либек.[5]
Градот станал дел од Изборното кнежевство Хановер во 1708 година, во Кралството Вестфалија во 1807 година, во Кралството Хановер во 1814 година и на пруската покраина Хановер во 1866 година.
Во Илцен се наоѓал нацистички концентрациски камп до 17 април 1945 година. Кампот претставувал подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[6]
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови. Ова е поставениот број за град со големина помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[7] Се бираат на локални избори со мандат од 5 години. Тие припаѓале на следниве партии односно здруженија:
- SPD: 13 места
- CDU: 13 места
- Зелени: 4 места
- UWG: 3 места
- Ние за Илцен: 2 места
- Пирати: 1 место
- FDP: 1 место
- Linke: 1 место
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Ханзиниот град Илцен од 2014 година е независниот Јирген Маркварт.[8]
|
|
Претставник во Бундестагот
уредиПри гласање на претставници во Бундестагот, градот припаѓа на изборната единица Целе-Илцен.
За долносаксонскиот парламент (Landtag), градот припаѓа на единицата Целе-Штат со околината.
Збратимени градови
уредиИлцен е збратимен со следниве градови:
- 21 општина на север и исток од Руан, Франција
- Барнстејпл, Велика Британија
- Предлошка:Country data БФА Тикаре, Буркина Фасо
- Кобрин, Белорусија
Култура
уредиТеатар
уредиБројот на културни настани согласно големина на градот е голем и разновиден. Има бројни кина, театар на Илменау (Theater an der Ilmenau), салата Јабелман и куклени театри на Розенмауер.
Музеи
уредиВреден за посета е музејот „Замок Холденштет“ (Museum Schloss Holdenstedt), каде се наоѓа музејот за локалната историја. Постојаните изложби вклучуваат мебел од средниот век до арт-нуво, збирка на чаши, дела на сликари и археолошки пронајдоци.
Стопанство
уредиНајголемата шеќерана на групацијата Нордцукер се наоѓа во Илцен. Обработување околу 20.000 тони шеќерна репка секој ден. Други големи работодавци во градот се „Нестле Шелер“ и млекарницата „Илцена“.
Инфраструктура
уредиЖелезница
уредиЖелезничката станица „Хундертвасер“ во градот се наоѓа на источниот крај на Линебуршкото Поле. Одржува линии до градовите Хамбург, Хановер, Линебург, Целе, Брауншвајг, Бремен и Берлин.
Првичната станица била обновена за Експо 2000 по плановите на австрискиот сликар и архитект Фриденсрајх Хундертвасер. Денес, претставува туристичко одредиште на градот.
Судови
уредиВо градот се наоѓа окружен суд, кој потпаѓа под надлежност на покраинскиот суд во Линебург и Високиот суд во Целе.
Образование
уредиВо градот се наоѓаат две гимназии, повеќе стручни училишта и шест основни училишта.
Познати луѓе
уреди- Еберхард Август Вилхелм фон Цимерман (1743–1815) — географ и биолог
- Фридрих Кулау (1786–1832) — композитор
- Теодор Кауфман (1814–1896) — сликар
- Валтер Валман (1932–2013) — политичар
- Ангелика Фолкварц (р. 1946) — политичарка
- Ребека Хармс (р. 1956) — политичарка
- Мола Адебиси (р. 1973) — водителка
Галерија
уреди-
Црква на Светиот Дух од XIV век
-
Фахверк куќи во Шмидештрасе
-
Фонтана на Шнеленмаркт
-
Стариот град
-
Хотел „Штат Хамбург“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Eduard Kück: Lüneburger Wörterbuch. Wortschatz der Lüneburger Heide und ihrer Randgebiete, seit 1900 zusammen mit vielen Mitarbeitern gesammelt und sprachwissenschaftlich sowie volkskundlich erläutert von Professor Dr. Eduard Kück. Dritter Band: S–Z. Neumünster: Karl Wachholtz 1967
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-26. Посетено на 2019-11-22.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 27 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 556.
- ↑ „Uelzen“. www.hanse.org. Архивирано од изворникот на 2016-06-10. Посетено на 23 април 2018.
- ↑ Кампот службено се води под број 1491 во официјалниот германски список.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., 1 декември 2014.
- ↑ Einzelergebnisse der Direktwahlen am 25. Mai 2014 in Niedersachsen Архивирано на 3 март 2016 г., abgerufen am 1. Dezember 2014.
Надворешни врски
уреди„Илцен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- . Encyclopædia Britannica (11. изд.). 1911.