Пинеберг (германски: Pinneberg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од северозапад надесно) окрузите Штајнбург и Зегеберг, градот и покраина Хамбург и покраината Долна Саксонија (округ Штаде).

Пинеберг
Kreis Pinneberg

округ
Грб на Пинеберг Kreis Pinneberg
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
СедиштеПинеберг
Површина
 • Вкупна664 км2 (256 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно322.130
 • Густина490/км2 (1,300/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.PI
Мреж. местоkreis-pinneberg.de

Историја

уреди

Округот е приближно ист по територија на поранешното грофовија Холштајн-Пинеберг. Бил основан од пруската администрација во 1867 година. Оттогаш, постои постојано намалување на територијата кон соседните градови Алтона (подоцна и самиот дел од Хамбург), Хамбург и Нордерштет. Островот Хелголанд, порано и самиот округ, се приклучил на округот во 1932 година.

Географија

уреди

Округот е сместен на северниот брег на реката Елба. Додека Пинеберг е најмалиот округ во рамките на Шлезвиг-Холштајн, истовремено е и најнаселен. Поради растечката метрополитенска област на Хамбург, населението постојано бележи раст. Во округот се наоѓаат поголемиот дел од северозападните предградија на Хамбург. Иако главниот дел на округот Пинеберг, нема излез на море, островот Хелголанд се наоѓа на отворено море.

  Грбот прикажува борово дрво во рамките на бел лист од коприва. Листот доаѓа од грбот на грофовијата Холштајн-Шауенбург. Дрвото го прикажува шумарството во округот.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Слободни општини
  1. Бармштет
  2. Елмсхорн
  3. Пинеберг
  4. Квикборн
  5. Шенефелд
  6. Торнеш
  7. Итерзен
  8. Ведел
  1. Бенингштет
  2. Халстенбек
  3. Хасло
  4. Хелголанд
  5. Релинген
Општински заедници
  1. Клајн Норденде
  2. Клајн Офензет-Шпарисхоп
  3. Келн-Рајзик
  4. Ра-Безенбек
  5. Зестер
  6. Зестермие
  7. Зет-Екхолт
  1. Хазелау
  2. Хазелдорф
  3. Хетлинген
  1. Бокел
  2. Бранде-Хернеркирхен
  3. Остерхорн
  4. Вестерхорн
  1. Апен
  2. Грос Норденде
  3. Хајдграбен
  4. Хајст
  5. Холм
  6. Морреге1
  7. Нојендајх
  1. Борстел-Хоенраден
  2. Елербек
  3. Кумерфелд
  4. Присдорф
  5. Тангштет
  1. Беверн
  2. Билзен
  3. Бокхолт-Ханредер
  4. Буленкулен
  5. Елерхоп
  6. Грос Офензет-Асперн
  7. Хеде
  8. Хемдинген
  9. Лангелн
  10. Луцхорн
1седиште на општинската заедница

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

53°45′N 9°45′E / 53.75° СГШ; 9.75° ИГД / 53.75; 9.75