Буххолц во Нордхајде
Буххолц во Нордхајде (германски: Buchholz in der Nordheide) — најголем град во округот Харбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург.
Буххолц во Нордхајде
Buchholz in der Nordheide | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Харбург |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Јан-Хендрик Резе (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 74,62 км2 |
Надм. височина | 72 м |
Население | 40.091 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 537 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WL |
Пошт. бр. | 21244 |
Повик. бр. | 04181, 04186, 04187 |
Портал | www.buchholz.de |
Местоположба на градот Буххолц во Нордхајде во рамките на округот Харбург | |
Координати | 53°19′0″N 9°52′0″E / 53.31667° СГШ; 9.86667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиБуххолц во Нордхајде се наоѓа на источниот раб од Шварце Берге. Највисока точка во градското подрачје е Брунсберг со 129,5 метри.
Соседни општини
уредиБуххолц се граничи на север со општината Розенгартен (и нејзините места Емзен, Нендорф и Екел), како и со местото Раде од општината Ној Вулмсторф, на исток со Јестебург и Ханштет, на југ со Ундело и Хандело, додека на запад со Тоштет, Какенсторф, Дрештет и Венцендорф.
Градски единици
уредиГрадот има вкупно 6 единици. Покрај самото градско јадро, градот има пет единици, кои поседуваат сопствен месен совет и месен претставник.
Градските единици (подредени по бројот на жители):
- Буххолц (градското јадро)
- Рајндорф
- Вензен
- Бинзен
- Холм-Зепензен
- Зепензен
- Холм-Зепензен
- Холм
- Штајнбек
- Штајнбек
- Мајлзен
- Шпреце
- Шпреце
- Брумхаген
- Трелде
- Трелде
- Зирхоп
- Диберзен
- Диберзен
- Дангерзен
Клима
уредиКлимата во Буххолц е топла, со многу врнежи. Годишната просечна температура е 8,3 °C, додека паѓаат 745 mm врнежи просечно низ годината.
Историја
уредиВо 1958 година, Буххолц ги добил своите градски права.
Во 1992 година, Буххолц бил погоден од мало торнадо, кое уништило многу дрвја и оштетило бројни куќи. Во 2002 година, температурата во Буххолц се искачила над 38 степени, што било севременски рекорд во областа.
Припојувања
уредиНа 1 јули 1972 година, општините Диберзен, Холм, Холм-Зепензен, Зепензен, Шпреце, Штајнбек и Трелде како и делови од распуштените општини Иценбител (Рајндорф) и Лилау (Холм-Зепензен) биле припоени кон градот во рамки на општинската реформа.[2] Бројот на жители во градот се зголемил за 50%.
Население
уреди(на 31 декември, освен ако не е поинаку наведено)
- 1821: 178
- 1871: 350
- 1905: 1.220
- 1925: 2.138
- 1939: 3.110
- 1945: 5.000 (приближен број)
- 1946: 6.003
- 1958: 7.523
- 1961: [2] 8.574 (13.599 со подоцнежните места, попис на 6 јуни)
- 1963: 10.364
- 1968: 13.590
- 1970: 13.726 (19.677 со подоцнежните места, попис на 27 мај)[2]
- 1972: 15.273 (22.620 со подоцнежните места, попис на 30 јуни)
Градот Буххолц во Нордхајде по припојувањата
|
|
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори биле добиени следниве резултати:
Партии и листи | 2001 | 2006 | 2011 | 2016 | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Места | % | Места | % | Места | % | Места | ||
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 14 | 45,3 | 17 | 32,0 | 12 | 32,0 | 12 |
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 13 | 22,3 | 8 | 26,0 | 10 | 20,1 | 8 |
GRÜNE | Сојуз 90/Зелени | 4 | 11,9 | 4 | 17,3 | 7 | 12,3 | 5 |
FDP | Слободна демократска партија | 5 | 10,0 | 4 | 7,7 | 3 | 12,2 | 5 |
LINKE | Левица | – | 2,3 | 1 | 2,3 | 1 | 3,0 | 1 |
AfD | Алтернатива за Германија | – | – | – | – | – | 9,1 | 2 |
Piraten | Пиратска партија | – | – | – | 2,4 | 1 | 0,8 | 0 |
RRP | Партија на пензионери | – | – | – | 1,2 | 0 | – | – |
BUB | Листа BUB | 1 | 2,0 | 1 | – | – | – | – |
IDA | Листа IDA | 1 | 1,6 | 1 | – | – | – | – |
UWG | Независни | – | 4,6 | 2 | 5,5 | 2 | – | – |
BuLi | Листа Буххолц | – | – | – | 5,7 | 2 | 9,9 | 4 |
Други | Други | – | – | – | – | – | 0,6 | 0 |
неодредени | – | – | – | – | – | – | 1** | |
Вкупно | 38 | 100 | 38 | 100 | 38 | 100 | 38 | |
Излезност | 52,4 % | 55,5 % | 58,5 % |
Дополнително, самиот градоначалник е член на советот.
Градоначалник
уредиМоментален градоначалник на Буххолц е Јан-Хендрих Резе (CDU).
Збратимени градови
уредиБуххолц во Нордхајде е збратимен со следниве градови:
Познати личности
уреди- Матијас Волфес (р. 1961) — протестантски теолог и историчар
- Александер Мајер (р. 1983) — фудбалер
- Никијас Арнт (р. 1991) — велосипедист
Галерија
уреди-
Градската црква
-
Изложбен центар
-
Пешачката зона
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Historisches Gemeindeverzeichnis für die Bundesrepublik Deutschland. Namens-, Grenz- und Schlüsselnummernänderungen bei Gemeinden, Kreisen und Regierungsbezirken vom 27. Mai 1970 bis 31. Dezember 1982. Stuttgart und Mainz: Statistisches Bundesamt. 1983. стр. 229. ISBN 3-17-003263-1.
Надворешни врски
уреди„Буххолц во Нордхајде“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)