Линебург (германски: Lüneburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од југоисток надесно) окрузите Лихов-Даненберг, Илцен, Хајдекрајс и Харбург и со сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн (округ Лауенбург) и Мекленбург-Западна Померанија (округ Лудвигслуст-Пархим).

Линебург
Landkreis Lüneburg

округ
Грб на Линебург Landkreis Lüneburg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеЛинебург
Површина
 • Вкупна1.323,1 км2 (5,109 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно184.235
 • Густина14/км2 (36/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LG
Мреж. местоlueneburg.de

Географија

уреди

Округот се наоѓа во Линебуршкото Поле (Lüneburger Heide) и долж течението на Елба. Поголемиот дел од округот се наоѓа јужно од реката, освен мал дел околу општината Амт Нојхаус, кој се наоѓа на спротивната страна.

Историја

уреди

Амтот Линебург бил основан во 1862 година. Тогаш амтот Лине го преместил своето седиште од манастирот Лине во Линебург, поради што било сменето и самото име. Округот бил основан откако Кралството Хановер било освоена од Прусија во 1866 година. Од 1867 година, амтовите Линебург, Блекеде и градот Линебург станале делови на округот Линебург, кој бил надлежен за даноците и за војската.

Историјата на областа отсекогаш била под влијание на градот Линебург.

Во 1993 година, општината Амт Нојхаус се приклучила на Долна Саксонија и на округот Линебург. Овој дел отсекогаш бил владеен од Линебург пред поделбата на Германија, кога станал дел од Источна Германија. Со тоа, таа е една од ретките општини од поранешната Источна Германија, кои сега станале дел од некогашната Западна Германија.

Округот е една од клучните области за споменици и археолошки откритија од праисторијата. Ернст Шпрокхоф открил 17 места западно од Илменау и 32 источно од него.

Грбот прикажува:

  • хералдички лав на Војводството Брауншвајг-Линебург
  • срцата на данскиот национален грб (бидејќи војводата Вилхелм Линебуршки бил женет со данска принцеза во XIV век)

Градови и општини

уреди
 
Градовите и општините во округот Линебург
Градови Општински заедници
  1. Блекеде
  2. Линебург

Слободни општини

  1. Адендорф
  2. Амт Нојхаус
  1. Амелингхаузен1
  2. Бецендорф
  3. Олдендорф
  4. Релинген
  5. Зодерсторф
  1. Бардовик1
  2. Барум
  3. Хандорф
  4. Мехтерзен
  5. Радбрух
  6. Фегелзен
  7. Виторф
  1. Бојце
  2. Далем
  3. Даленбург1
  4. Нарендорф
  5. Тостерглопе
  1. Кирхгелерзен
  2. Репенштет1
  3. Зидергелерзен
  4. Вестергелерзен
  1. Барнштет
  2. Дојч Еверн
  3. Ембзен
  4. Мелбек1
  1. Барендорф1
  2. Неце
  3. Рајнсторф
  4. Томасбург
  5. Фасторф
  6. Вендиш Еверн
  1. Артленбург
  2. Бритлинген
  3. Ехем
  4. Хитберген
  5. Хонсторф
  6. Лидерсбург
  7. Рулсторф
  8. Шарнебек1
1седиште на општинската заедница

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди

53°15′N 10°30′E / 53.25° СГШ; 10.5° ИГД / 53.25; 10.5