Букстехуде
Букстехуде (службено: Ханзин град Букстехуде; германски: Buxtehude или Hansestadt Buxtehude; долногермански: Buxthu или Hansestadt Buxthu) — град во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург.
Букстехуде
Buxtehude | |
Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Штаде |
Градски единици | 15 |
Градоначалник | Катја Олденбург-Шмит (независна) |
Основни податоци | |
Површина | 76,49 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 40.919 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 535 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | STD |
Пошт. бр. | 21614 |
Повик. бр. | 04161, 04163, 04168 |
Портал | /www.buxtehude.de |
Местоположба на градот Букстехуде во рамките на округот Штаде | |
Координати | 53°28′37″N 9°42′4″E / 53.47694° СГШ; 9.70111° ИГД |
Градот се наоѓа на реката Есте и е дел од метрополитенската област Хамбург. Воедно градот е дел од сообраќајната мрежа на хамбуршката С-Железница.
Букстехуде е среден град по големина и втор најголем во округот Штаде. Се наоѓа на јужната граница на областа Алтес Ланд, во близина на градот-држава Хамбург.
Географија
уредиМестоположба
уредиБукстехуде се наоѓа на границата помеѓу Штадер Гест, Линебуршкото Поле и областа Алтес Ланд. Градското подрачје северно од железничката линија е рамно мочуриште. Во местото Нојклостер се наоѓа значајно пошумено подрачје. Од југ на север низ градот тече реката Есте, која има широчина од три до пет метри. Градот се наоѓа на 5 метри надморска височина, додека највисока точка е Буленберг со 51 метар.
Соседни општини
уредиНа север се граничи со Јорк и Естебриге, на исток со Ној Вулмсторф, на југоисток со Елсторф, на југ со Мојсбург, на југозапад со Апензен, на запад со Харзефелд и на северозапад со Хорнебург.
Градски единици
уредиКон градот Букстехуде, покрај самото градско јадро припаѓаат и следниве единици:[2]
- Дензен
- Дамхаузен
- Ајлендорф
- Хедендорф
- Именбек
- Нојклостер
- Отензен
- Офелгене/Кецендорф
Историја
уредиРани знаци на населување е столот на расклопување „Дензен“ од могила од брозеното време близу Дензен и лебот „Офелгене“ од предримското железно доба во Северна Европа, пронајден во рудник во Офелгене.
- Во 959 била забележана населба на реката Есте. Дворот Буохстадон бил доделен на Магдебуршката бискупија. Набрзо било основано пристаниште („Худе“).
- Во 1135 била спомената населба „Бухстадихуде“ како одредница за успешната трговија.
- Во 1180 Војводството Саксонија, каде припаѓала населбата Бухстадихуде, било освоено и распуштено. Букстехуде станал дел од Архиепископијата Бремен, која добила царска непосредност. Сепак, религиозно Букстехуде останал дел од Верденската бискупија додека католицизмот не бил отфрлен со Реформацијата.
- Во 1197 бил основан бенедиктански манастир во близина на селото. Благодарение на плодната почва и делумното учество во соланата на Линебург, богатството и населението на селото се зголемувало.
- Во 1280 архиепископот Гизелберт од Бремен наредил населбата да биде заштитена со бедеми, меѓу кои три градски порти.
- Во 1328 било споменато Градското собрание по првпат и со тоа населбата ги добила градските права, засновано на хамбуршкото право. Букстехуде веќе станал значаен трговски град.
- Во 1485 богатиот „мастер Халепаген“, братучед и тутот на градоначалникот на Хамбург, умрел и ги донирал своите средства на градот за стипендиии и хуманитарни цели.
- Во 1542 градскиот совет на Букстехуде го прифатил лутеранството.
- Во 1600 трговијата во Ханзата опаднала. Покрај Штаде, Букстехуде бил единствен премин на реката Елба.
- Во 1645 Букстехуде бил опколен од шведската војска и ја изгубил својата самостојност. Трговијата и населението драматично опаднале.
- Во 1648 Архиепископијата Бремен станала Војводство Бремен, кое било владеене во личен сојуз од Швеѓаните и од 1715 година од хановерската круна.
- Во 1769 манастирот бил срушен поради секуларизацијата.
- Во 1823 војводството било распуштено и неговата територија станала дел од регионот Штаде.
- Во 1837 бил изграден пат низ градот со што се возобновила трговијата.
- Во 1845 изградбата на фабриката за хартија на местото на поранешниот манастир довела до индустриски бум.
- Во 1945 населението станало 14.000 жители. Поголемиот дел од Хамбург бил во руини, поради што луѓето побегнале во предградијата и во околните градови и села, како Букстехуде.
- Во 1958 Букстехуде станал дел од планот за обнова на Хамбург по војната и така бил финансиран од владата.
- Во 1972 кон градот се припоиле 9 околни села со што градското подрачје сега имало 30.000 жители.
- Во 1983 стариот дел на град бил прогласен за пешачка зона.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Места 2016 | Места 2011 | Места 2006 | Места 2001 |
---|---|---|---|---|
SPD | 11 | 14 | 15 | 15 |
CDU | 10 | 11 | 14 | 14 |
GRÜNE | 7 | 7 | 3 | 3 |
FDP | 2 | 2 | 3 | 4 |
Слободни гласачи | 2 | 3 | 1+1 | 1+1 |
LINKE | 2 | 1 | 1 | – |
AfD | 4 | – | – | – |
Градоначалник
уредиГрадоначалник од 2014 година е Катја Олденбург-Шмит (независна).
Збратимени градови
уредиБукстехуде е збратимен со следниве градови:
- Блањак, Франција (од 1985 г.)
- Рибниц-Дамгартен, Германија (од 1990 г.)
Стопанство
уредиОд 1881 година, Букстехуде поседува своја железничка станица на линијата помеѓу Хамбург и Куксхафен. Кон крајот на 2007 година, оваа линија била додадена во системот на Хамбуршката С-Железница.
Од 1928 година поминува и втора железничка линија низ Букстехуде, помеѓу крајниот округ на Хамбург и Бремерхафен на брегот на Северното Море.
Реката Есте го поврзува градот со важното устие на реката Елба. Во минатото оваа врска била користена за испорака на добра до малото пристаниште, кое уште постои, но е тешко пристапно поради развојот на градот.
Претпријатија
уредиНеколку големи претпријатија се наоѓаат во Букстехуде:
Култура
уредиБукстехуде понекогаш се нарекува „главниот град на бајките во светот“, епитет кој го дели со градот Касел. Бајката „Зајакот и ежот“ на Браќата Грим е сместена во градот. Понатаму, името е користено во бројни германски приказни.
Музеи
уреди- Музеј за регионалната историја и уметност
Локални дијалекти
уредиВо градот се говорат германскиот и долногерманскиот јазик, кој е ретко зборуван денес, но може да се чуе од постарите луѓе. Исто така, едно од локалните средни училишта одржува натпревар во читање на долногермански секоја година.
Туризам
уредиБукстехуде има добар углед како топол, пријателски град, кој го има зачувано своето културно и регионално наследство, без да ја негира иднината. Покрај убавиот стар дел на градот, главната црква „Св. Петар“ и утврдувањата се вредни за посета. Областа Алтес Ланд околу Букстехуде и реката Елба служат како добри одредишта велосипедски тури или долго пешачење.
Познати луѓе
уреди- Херман Блументал (1903–1941) — германист и библиотекар
- Штефан Штудер (р. 1964) — фудбалер и функционер
- Михаел Штоле (р. 1974) — спортист
- Нилс Винтер (р. 1977) — скокач во височина
- Александер Нури (р. 1979) — фудбалер и тренер
Галерија
уреди-
Градската црква „Св. Петар“
-
Браухаус (лево) и фахверк градби
-
Градскиот музеј
-
Малото пристаниште
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Hauptsatzung Hansestadt Buxtehude“ (PDF). buxtehude.de. 2012-03-12. Посетено на 2017-05-29.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
Надворешни врски
уреди„Букстехуде“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)