Политика на Хамбург
Политиката на Хамбург е поделена на извршна, законодавна и судска власт. Поради одликата дека Хамбург е град-покраина и општина во Германија, власта вклучува неколку детали од покраинската и општинската политика. Таа се одвива на две нивоа; градска и покраинска администрација (Сенат на Хамбург) и локално ниво за окрузите. Главен за градската и покраинска администрација е Првиот градоначалник (Erster Bürgermeister). Министерството е наречено Behörde (канцеларија), а покраинскиот министер е Senator во Хамбург. Законодавниот дом е покраинскиот парламент, наречен Hamburgische Bürgerschaft, а судската власт е составена од покраински Врховен суд и друг судови. Седиштето на управата (владата) е во Градскиот дом („ратхаус“).
Хамбург |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Законодавна
Судска
Поделба
|
|
Локалното ниво е организирано во 7 окрузи на Хамбург.
Политички систем
уредиОсновите на политичкиот систем се Уставот на Германија и Уставот на Слободниот и ханзеатски град Хамбург.
Слободниот и ханзеатски град Хамбург е посебна држава во Сојузна Република Германија. Хамбург е република, демократска социјална држава и правна држава. Во истовреме, Хамбург е и општина, но нема поделба помеѓу овие две административни задачи.[1] Моќта да создаде закон е ограничена од сојузен закон.
Постои јасна поделба на власта.
Законодавна власт
уредиМоќта да создаде, измени и усвои закони (законодавна власт) е дадена на парламентот. Во согласност со Уставот на Хамбург возможен е плебисцит и референдум. Во другите германски покраини, парламентот е наречен Landtag.
Парламенот, покрај другите работи, одговорен е за законите, изборот на Erster Bürgermeister (Првиот градоначалник) за одреден изборен период и контрола на Сенатот (кабинет). Парламентот е еднодомен парламент и 121 пратеник се избираат на универзални, директни, слободни, еднакви и тајни избори на секои четири години.[2][3]
Извршна власт
уредиИзвршната власт е Senat der Freien und Hansestadt Hamburg (Сенат на Хамбург / владин кабинет). Неговата цел е да ги спроведува законите. Сенатот е одговорен за секојдневното управување, а главен на него е Првиот градоначалник. Сенатот го претставува Хамбург кај сојузната влада и другите покраини или држави.[4]
Senat der Freien und Hansestadt Hamburg е формиран од Првиот градоначалник на Хамбург,[5] Министер-Претседателот и градоначалникот на Хамбург. Неговиот заменик е Вториот градоначалник. Сенатот е ограничен според закон на не повеќе од 12 члена. Овој закон, исто така, ги регулира меѓудругото, платите, пензиите, привилегиите да се добие имунитет и за нивната правна позиција пред хамбуршките судии. Сенаторите ги назначува Првиот градоначалник, а потоа треба да бидат избрани од Парламентот на Хамбург.[6] Првиот градоначалник ги создава министерствата, според коалицискиот договор на владејачките партии.
Историја
уредиДо 1860, владата на Хамбург била наречена Rath или Rat (одбор/совет), членовите биле Ratsherrn и Bürgermeister. По измената на Уставот на Хамбург во 1861, владата била наречена Hamburger Senat.
Пред Првата светска војна два градоначалника биле избран на едногодишен мандат. До 1997, Првиот градоначалник бил Primus inter pares меѓу неговите колеги во Сенатот, од кого бил избран. Оттогаш, тој е избиран од парламентот и има право да назначува и разрешува други сенатори.[5]
Судска власт
уредиТолкување на правото (судска власт) е задача на Hamburgisches Verfassungsgericht (Уставен суд на Хамбург) и другите 17 судови на Хамбург.
Врховниот суд се состои од претседател на судот и 8 судии. Претседателот и 3 судии се избрани како доживотни судии во Хамбург. Парламентот на Хамбург ги избира судиите на 6 години и само еднаш можат повторно да бидат избрани. Одговорностите се одредени според Уставот на Хамбург (Член 65) и Gesetzes über das Hamburgische Verfassungsgericht (Закон за Уставниот суд на Хамбург) (§ 14).
Професионалните судии на другите судови се избираат од сенатот според номинации од комитетот.[7]
Министерства
уредиВо 2011, постојат девет сенатори кои имаат министерски позиции и главниот на покраината, Првиот градоначалник.[8] Сенатор е моменталниот министер на Behörde ('владина агенција' означувајќи тука како министерство).
- Покраинско Канцеларство
Покраинското Канцеларство (German: Senatskanzlei) ги координира Сенатот и го поддржува градоначалникот. Првиот градоначалник е на чело на оваа владина агенција. Во 2011, Прв градоначалник на Хамбург е Олаф Шолц.[8]
- Министерство за училишта и стручно образование
Министерството (германски: Behörde für Schule und Berufsbildung) е одговорно за образовниот систем во Хамбург.
- Министерство за наука и истражување
(германски: Behörde für Wissenschaft und Forschung)
- Министерство за внатрешни работи
Меѓу другите Behörde für Inneres е надзорен орган за спроведување на законот во Хамбург, противпожарната бригада, за контрола од катастрофи и неговите единици, службите за пријавување на граѓаните и Покраинската изборна комисија.[9] Во 2008, Кристоф Алхаус (CDU) бил министер за внатрешни работи.[8]
- Министерство за финансии
(германски: Finanzbehörde)
- Министерство за економски прашања и вработување
(германски: Behörde für Wirtschaft und Arbeit)
- Министерство за градскиот развој и животната средина
(германски: Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt)
- Министерство за правда
Министерството (германски: Justizbehörde) е надлежно за поправните установи, судовите и ревизијата на законите.[10] Во 2008, Тил Штефен (GAL) бил министер за правда на Хамбург.[8]
- Министерство за социјални работи, семејни работи, здравство и заштита на потрошувачите
(германски: Behörde für Soziales, Familie, Gesundheit und Verbraucherschutz)
- Министерство за култура, спорт и медиуми
На 7 мај 2008, поранешното министерство за култура беше променето во Министерство за култура, спорт и медиуми (германски: Behörde für Kultur, Sport und Medien), сега меѓудругото одговорно за туризмот, јавните информации, заштита на историските споменици и меморијалниот музеј за концентрациониот камп Нојенгаме.[11] Во 2005, годишниот буџет бил 212,7 милиони евра.[12] Во 2008, проф. д-р Карин фон Велк била на чело на министерството.[8]
Спроведување на законот
уредиОткако спроведувањето на законот и полициските должноста се делумно во одговорност на германските покраина, Хамбург има сопствени полициски сили. Овие сили се состојат од покраинска полиција Polizei Hamburg, крим-полиција (германски: Landeskriminalamt), криминална истрага (Kriminalpolizei), пловна полиција (Wasserschutzpolizei) која го контролира сообраќајот во пристаништето во Хамбург, сили на готовност (Bereitschaftspolizei), единици за специјални задачи и тактички единици (Spezialeinsatzkommando) и мобилни единици за следење (Mobiles Einsatzkommando).[13] Покраинското биро за заштита на Уставот (Landesamt für den Verfassungsschutz) е домашна разузнавачка служба во Хамбург. Министерство за внатрешни работи има правен и технички надзор над агенциите за спроведување на законот.[9]
Избори
уредиИзборите за покраинскиот парламент на Хамбург се одржуваат на секои четири години, заедно со изборите на окружните парламенти (Bezirksversammlungen). Изборите се регулирани со закон.
Политички партии
уредиГлавни политички партии во Хамбург се Христијанска демократска унија, Социјалдемократска партија, Сојуз '90/Зелени, Левица и од 2008 не е во покраинскиот парламент Слободна демократска партија.[14]
Име | Name (германски) | Кратенка | Идеологија | Став | Меѓународни организации | Гласови (2008) | Места во Hamburgische Bürgerschaft | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Христијанска демократска унија | Christlich Demokratische Union | CDU | христијанска демократија | десен центар | Центристичка демократска интернационала и Меѓународна демократска унија | 42,6% | 56 | |
Социјалдемократска партија | Sozialdemokratische Partei Deutschlands | SPD | социјалдемократија | лев центар | Социјалистичка интернационала | 34,1% | 45 | |
Сојуз '90/Зелени | Bündnis 90 / Die Grünen (GAL) | зелена политика | лев центар | Глобални зелени | 9,6% | 12 | спојување на Die Grünen и Bündnis 90 | |
Левица | DIE LINKE | социјализам еврокомунизам |
левица | Партија на европската левица | 6,4% | 8 | спојување на Левичарската партија.ПДС и WASG | |
Слободна демократска партија | Freie Demokratische Partei | FDP | либерализам | центар | Либерален интернационал | 4,8% | нема |
STATT партија е мала политичка партија, која била основан во 1993. Партијата била избрана во Парламентот на Хамбург на покраинските избори во 1993.[15] Владејачката SPD и новата STATT партија направиле владејачка коалиција до 1997, кога партијата ги изгубила сите места.
Веќе непостоечката партија Партија за право и ред (Partei Rechtsstaatlicher Offensive - Offensive D). Партијата била во хамбуршкиот парламент од 2001 до 2004, добивајќи 19,4% од гласовите.[14][16]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Крамер, Јута (2005), Локална управа и градови-држави во Германија (PDF), Фондација Конрад Аденауер, ISBN 0-9584936-8-5, Посетено на 2009-07-25
- ↑ „Што е Парламент на Хамбург?“, Hamburgische Bürgerschaft, Архивирано од изворникот на 2011-07-19, Посетено на 2008-08-14
- ↑ „Кој работи во Парламентот?“, Hamburgische Bürgerschaft, Архивирано од изворникот на 2007-08-13, Посетено на 2008-08-14
- ↑ Senatskanzlei (2005-05-25), Der Hamburger Senat, Senatskanzlei, Посетено на 2008-08-14 Проверете ги датумските вредности во:
|year= / |date= mismatch
(help) (германски) - ↑ 5,0 5,1 Устав на Хамбург (Член 33, 34, 35)
- ↑ Закон за сенатот Senatsgesetz, 1971-02-18, Посетено на 2008-09-26 (германски)
- ↑ Устав на Хамбург (Член 63)
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Staff: State Chancellery, Die Senatoren, www.hamburg.de Freie und Hansestadt Hamburg, Посетено на 2008-09-26 (германски)
- ↑ 9,0 9,1 Staff, „Aufbau Innenbehörde Hamburg“, Behörde für Inneres, Архивирано од изворникот на 2009-05-10, Посетено на 2008-08-19 (германски)
- ↑ Justizbehörde website www.hamburg.de Justizbehörde (германски) Accessed August 6, 2008
- ↑ Behörde für Kultur, Sport und Medien: Die Behörde für Kultur, Sport und Medien Архивирано на 13 август 2008 г. Accessed August 13, 2008 (германски)
- ↑ Institut für Kultur- und Medienmanagement: Kulturwirtschaftsbericht 2006 Архивирано на 9 ноември 2008 г. August 2006, Behörde für Kultur, Sport und Medien, Hamburg. Посетено на August 13, 2008 (германски)
- ↑ Staff (2006-12-12), POLIS - Policing Profiles of Participating and Partner States, ОБСЕ, Архивирано од изворникот на 2009-05-24, Посетено на 2008-08-19
- ↑ 14,0 14,1 Search database for Hamburg state elections, Hamburger Wahlergebnisse seit 1965, Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, Архивирано од изворникот на 2008-06-30, Посетено на 2008-09-26 (германски)
- ↑ Bürgerschaftswahl 1993 (германски), Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein), Архивирано од изворникот на 2011-07-18, Посетено на 2009-07-26 Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Staff: (извор: Deutsche Welle) (2004), Градоначалникот фон Бојст ќе владее сам по победата на изборите во Хамбург, www.cityMayors.com, Посетено на 2008-08-13
Надворешни врски
уреди„Политика на Хамбург“ на Ризницата ? |
- Службена страница на Парламентот на Хамбург Архивирано на 14 април 2009 г.
- Сенат на Хамбург (германски)
- Парламент на Хамбург (германски)
- Службена страница на хамбуршката полиција (германски)
- Устав на Слободниот и ханзеатски град Хамбург Архивирано на 10 јуни 2007 г. (германски)