Отвори го главното мени
Плажа на Травеминде, на која се наоѓаат традиционалните покриени плетени корпи (Strandkorb)
Едрилицата „Пасат“ во Травеминде

Травеминде (германски: Travemünde) — градски дел и приморско одморалиште на Либек, Германија, сместен на устието на реката Траве во Либечкиот Залив. Бил основан како тврдина изградена од Хајнрих Лавот, војвода на Саксонија, во XII век, за да го штити устието на Траве, а подоцна Данците ја засилиле. Станал град во 1317 година, а во 1329 година припаднал како посед на Слободниот Град Либек, на кого и сега припаѓа. Неговите утврдувања биле урнати во 1807 година.

Травеминде претставува приморско одморалиште од 1802 година и е најголемо фериботско пристаниште на Балтичкото Море во Германија со линии до Шведска, Финска, Русија, Латвија и Естонија. Светилникот е најстариот на германскиот балтички брег, кој потекнува од 1539 година. Друга знаменитост на Травеминде е едрилицата „Пасат“, музејски брод закотвен во устието на реката Траве.

Трката „Травеминдска недела“ (Travemünder Woche) е годишна едриличарски настан, кој се одржува во Травеминде. Покрај ова, местото е познато и по песочниот фестивал.

ЛитератураУреди

Приморското одморалиште од XIX век било доловено од Томас Ман во неговиот роман „Буденброкови“. Травеминде е опишан од Ман како место на слобода, среќа и — во случајот на Антони — љубов, во спротивност со проблемите од секојдневниот живот.

ГалеријаУреди

Надворешни врскиУреди