Куксхафен

град во Долна Саксонија, Германија

Куксхафен (германски: Cuxhaven; долногермански: Cuxhoben) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Во градското подрачје се наоѓа најсеверната точка на покраината Долна Саксонија. Се наоѓа на брегот на Северното Море, на самото устие на Елба.[2]

Куксхафен

Cuxhaven

Воздушен поглед на градот
Воздушен поглед на градот
Воздушен поглед на градот
Грб на Куксхафен
Куксхафен во рамките на Германија
Куксхафен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Куксхафен
Градоначалник Уве Сантјер (СДП)
Основни податоци
Површина 161,91 км2
Надм. височина 2 м
Население 48.562 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 300 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CUX
Пошт. бр. 27472, 27474, 27476, 27478
Повик. бр. 04721-04724
Портал www.cuxhaven.de
Местоположба на градот Куксхафен во рамките на округот Куксхафен
Карта
Карта
Координати 53°51′40″N 8°41′40″E / 53.86111° СГШ; 8.69444° ИГД / 53.86111; 8.69444

Во Куксхафен се наоѓа важно рибарско пристаниште, кое се вбројува меѓу најголемите во Германија. Туризмот е особено развиен, а неговите градски единици Дунен, Дезе и Заленбург се доста посетени. Градот и претходникот Рицебител припаѓале на Хамбург од XIII век до 1937 година. Островот Нојверк, дел од Хамбург, се наоѓа северозападно од Куксхафен во Северното Море.

Градски симбол е Кугелбаке, светилник кој се наоѓа на устието на Елба, што ја означува границата помеѓу реката и морето и се наоѓа на градскиот грб.

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Местата за одмор Дунен-Дезе

Куксхафен се наоѓа на северниот крај од Долна Саксонија и е опкружен од две страни со вода. Во местото Дезе се наоѓа најсеверната точка на Долна Саксонија. Оваа географска положба на градот му носи придобивки за туризам, но исто така влијае врз стопанската поврзаност.

Највисока точка во градското подрачје е Алтенвалдер Хее (37,5 метри).

Градски единици

уреди
  • Куксхафен (Рицебител, Музикерфиртел, Лотсенфиртел, Добен, Лефелд, Гримерсхерн)
  • Алтенбрух
  • Алтенвалде
    • Гудендорф
    • Франценбург
    • Оксштет
  • Беренш-Аренш
    • Аренш
    • Беренш
  • Дезе
  • Дунен
  • Гроден
  • Холте-Шпанген
  • Лидингворт
    • Фојерштете
    • Кестерсвег со Лидерскоп
    • Зехаузен
  • Заленбург
  • Штикенбител
  • Зидер-/Вестервиш

Историја

уреди

Рицебител, денес дел од градското јадро на Куксхафен, му припаѓал на Хаделнскиот крај, најпрвин како ексклава на помладото Војводство Саксонија, а по династиската поделба во 1296 година на Војводството Саксо-Лауенбург, основано во 1260 година. Во 1394 година, градот Хамбург ја освоил тврдината Рицебител и ја направил свое упориште за заштита на естуарот на реката Елба, која го поврзувала градот со отвореното море.

Претпријатието Хамбург Америка Лајн направила голем терминал кај Куксхафен во 1900 година, кој бил поврзан со посебна железничка линија и станица, служејќи како главна точка за заминување на германските и европските емигранти до 1969 година, кога океанската линија била укината. Објектите претрпеле воени оштетувања и биле срушени подоцна, но во 1998 година биле обновени и сега се музеј и терминал за бродови за крстосување.[3]

На 15 март 1907 година, Куксхафен стекнал градски права во рамките на државата Хамбург. Во 1937 година, Куксхафен станал урбан округ на областа Штаде во рамките на пруската покраина Хановер со донесувањето на Законот за голем Хамбург. Во 1972 година, некои општини од соседниот рурален округ Ланд Хаделн биле припоени кон урбаниот округ Куксхафен. Во 1977 година, Куксхафен го изгубил својот статус на урбан округ и бил вклучен во новиот рурален округ Куксхафен, станувајќи негово административно седиште.

Во текот на Првата светска војна, Воздухопловната база „Нордхолц“ била сместена близу Нордхолц јужно од градот. Базата била една од главните германски поморски воздухопловни бази. На Божиќ 1914 година била нападната од авионите на кралската морнарица на Британија.

Во текот на Втората светска војна, градот бил седиште на основа на германската воена радио-мрежа со кодно име БРАУН, која пренесувала податоци за развојот на експерименталното оружје, вклучувајќи ги ракетите. Од ова место последниот код бил испратен на 7 мај 1945 година.[4]

Политика

уреди

Градски совет

уреди
 
Старото Градско собрание

Градскиот совет се состои од 40 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 40.001 и 50.000 жители.[5] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Избори CDU SPD Куксхафенер FDP Зелени Левица Неопределени AfD Вкупно
2016 14 13 4 1 4 1 3 40 места
2011 14 15 7 1 4 1 42 места
2006 16 14 3 3 3 1 40 места
2001 19 16 2 2 2 1 42 места

Градоначалник

уреди

Градоначалник од 1 ноември 2019 година е Уве Сантјер (SPD), наследник на Улрих Геч.

Збратимени градови

уреди

Куксхафен е збратимен со следниве градови:

Од 1987 година, градот бил збратимен со Нук, главниот град на Гренланд, но поради административната реформа во март 2011 година, партнерството било прекинато.

Туризам

уреди

Потеклото на туризмот води до 1816 година кога било основано првото приморско одморалиште во Куксхафен. Од 1964 година, градот е признаено климатско приморско одморалиште (Seeheilbad) и средиште на т.н. туристичка областа „Куксланд“.

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Cuxhaven“ . Encyclopædia Britannica. 7 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 677.
  3. „Hapag Halle Museum Cuxhaven“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-06-05.
  4. Corera, Gordon (8 May 2020). „VE Day 2020: Last Nazi message intercepted by Bletchley Park revealed“. BBC News. Посетено на May 13, 2020.
  5. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 17. Dezember 2011.

Надворешни врски

уреди