Ротенбург на Виме

(Пренасочено од Ротенбург (Виме))

Ротенбург на Виме (познат и како Ротенбург (Виме); германски: Rotenburg an der Wümme или Rotenburg (Wümme); долногермански: Rodenborg (Wümm)) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Виме, близу средиштето на триаголникот создаден од реките Везер и Елба и на подеднаква одделеченост од градовите Хамбург, Бремен и Хановер.

Ротенбург на Виме

Rotenburg (Wümme)

Градското собрание на Ротенбург
Градското собрание на Ротенбург
Градското собрание на Ротенбург
Грб на Ротенбург на Виме
Ротенбург на Виме во рамките на Германија
Ротенбург на Виме
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Ротенбург
Градски единици 5
Градоначалник Андреас Вебер (СДП)
Основни податоци
Површина 98,81 км2
Надм. височина 30 м
Население 22.656 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 229 жит/км2
Основано 1195
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ROW
Пошт. бр. 27356
Повик. бр. 04261
Портал www.rotenburg-wuemme.de
Местоположба на градот Ротенбург на Виме во рамките на округот Ротенбург
Карта
Карта
Координати 53°06′25″N 9°23′49″E / 53.10694° СГШ; 9.39694° ИГД / 53.10694; 9.39694

Географија

уреди

Местоположба

уреди
 
Реката Виме низ Ротенбург

Ротенбург се наоѓа во областа Штадер Гест, на вливот на три реки Виме, Видау и Родау.

Историја

уреди

Градот бил основан во 1195 година, кога архиепископот Рудолф I од Ферден изградил замок во областа. Тогаш, градот припаѓал на Архиепископијата Ферден, која била основана во 1180 година. Замокот го добил своето име од боите на тулите (рот што значи „црвен“ и бург што значи „замок“). Блиската населба останала мало село до XIX век.

Во 1648 година, Архиепископијата станала Кнежевство Ферден, кое првин било владеен со личен сојуз од Шведска, прекинато со данската окупација од 1712 до 1715 година. Оттогаш било владеено од Хановерската династија.

Шведски период

уреди

По Триесетгодишната војна, владеењето на епископите на Ферден завршило и Ротенбург станал дел од секуларизираното Војводство Ферден под шведска власт. Во овој период, новите владетели го изградиле замокот со остатоците од претходниот во современа тврдина како испостава за заштита на главната тврдина во Штаде. Оваа обнова предизвикала западниот дел на градот да биде срушен, поради што главното средиште на населбата се поместила на исток. Дури и парохиската црква морала да биде срушена и да биде преместена на денешното место.

Во Шведско-бранденбуршката војна од 1675 до 1676 година, градот бил освоен од сојузот на Данска и неколку држави од Светото Римско Царство и останал во нивни раце до крајот на војната во 1679 година. Со Сенжерменскиот мир во 1679 година, градот бил вратен на Шведска.

Тврдината останала во употреба до околу 1680 година. Потоа почнала да пропаѓа и градбата била срушена, единствено нејзините бедеми биле поправени на некои места. По 1843 година, последните делови биле срушени. Денес, на тоа место се наоѓа стариот историски музеј. Во периодот помеѓу 1626 и 1835 се случиле седум градски пожари, кои уништиле значаен дел од градот. Шведската власт траела додека градот не бил освоен од Данска во 1712 година.

Подоцнежна историја

уреди

Кралството Хановер го припоило кнежевството во вистински сојуз; територијата на кнежевството, вклучувајќи го Ротенбург, станал дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1866 година, Прусија ја анектирала територијата од Хановер. Како последица на тоа, Ротенбург бил преименуван во Ротенбург во Хановер.

Во мај 1969 година, градските и окружните власти го промениле името во Ротенбург на Виме.

Политика

уреди

Градски совет

уреди
 
Окружното седиште во Ротенбург

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партија / Листа Места
CDU 12
SPD 11
Сојуз 90/Зелени 5
AfD 2*
Изборна иницијатива Ротенбург (WIR) 2
Слободни гласачи Долна Саксонија 1
FDP 1

* формално две места, технички само едно, бидејќи едното е непополнето

Градоначалник

уреди

Градоначалникот на градот Ротенбург (Виме) е Андреас Вебер (SPD).

Збратимени градови

уреди

Винзен е збратимен со следниве градови:

Со другите истоимени градови Ротенбург одржува тесни врски:

Знаменитости

уреди
  • Градската црква (Stadtkirche), лутеранска црква изградена помеѓу 1860 и 1862 со ѕвона од XIV век
  • Воен споменик за Првата светска војна во чест на мештаните од Ротенбург кои загинале во војната
  • Фахверк градби во улиците Гете и Гросе
  • Локален музеј за историја
  • Фонтаната на Новиот плоштад

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
  3. Vorläufiges Ergebnis der Gemeindewahl 2016.[мртва врска] auf den Seiten der Stadt Rotenburg (http://www.rotenburg-wuemme.de), 9. August 2017.

Надворешни врски

уреди