Федерико Гати

Ова е објавената верзија, проверена на 3 септември 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Федерико Гати (роден во Риволи, 24 јуни 1998) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Федерико Гати
Лични податоци
Роден на 24 јуни 1998(1998-06-24)(26 г.)
Роден во Риволи, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 4
Младинска кариера
Кјери Кјери
Торино Торино
Алесандрија Алесандрија
Павароло
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2018 Алесандрија Алесандрија 0 (0)
2015-2016 Павароло 31 (3)
2016-2017Салуцо Салуцо 4 (0)
2017-2018 Павароло 27 (7)
2018-2020 Вербанија Вербанија 51 (6)
2020-2021 Про Патрија Про Патрија 34 (1)
2021-2022 Фрозиноне Фрозиноне 25 (3)
2022- Јувентус Јувентус 49 (4)
Репрезентација
2022- Италија Италија 3 (0)

Биографија

уреди

Гати е син единец на своите родители;[1] неговиот татко Лудовико бил спортски директор во Павароло, додека Федерико играл за таа екипа.

На 17-годишна возраст, Федерико го напуштил училиштето и почнал да работи, откако татко му останал невработен. Така, три години додека играл во ниските италијански фудбалски лиги Промоционе и Екеленца, Гати работел како ѕидар, поправал прозорци и покриви, додека тренирал навечер.[2][3][4][5] Во италијанските медиуми кариерата на Гати често се споредува со онаа на Морено Торичели, кој играл аматерски фудбал и работел како столар пред да потпише со Јувентус во 1992 година.[1][6]

Гати за свој идол го има поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини.[2][7]

Технички карактeристики

уреди

Физички силен робустен централен дефанзивец, вешт во играта во воздухот и што го прави опасен во офанзивната фаза по изведување на прекини (корнери, слободни удари итн.).[8] Неговите најзначајни одлики пред се вклучуваат издржливост и експлозивна сила, иако тој умее да даде нешто и во развивањето и создавањето на акциите на својата екипа. Неговата добра индивидуална техника доаѓа од неговата претходна улога на која настапувал како многу млад како офанзивен играч од средниот ред зад напаѓачите.[2][9] Гати е природен деснак,[8] кој на теренот се издвојува по својата цврстина и карактер. Вешти во лизгачките стартови и одземањети на топката, но има и добро чувство за позиционирање и тајминг кога да се нападне противникот.[9]

Клупска кариера

уреди

Почетоци и рана кариера

уреди

Својата кариера како дете Гати ја започнал во екипата на Кјери. Во 2005 година, на седумгодишна возраст, играл во пријателски натпревар за Кјери против Торино; Џорџо Бошарато, спортскиот скаут на Торино, го забележал неговиот талент како „треквартиста“ и го пријавил кај Силвано Бенедети, спортскиот директор на младинскиот сектор на Граната, кој на крајот го потпишал младиот играч и го довел во престолнина на Пиемонт.[10] Гати бил промовиран во тимот под 15 години, пред да продолжи во младинскиот тим на Алесандрија.[11] Гати ги поминал сезоните 2012-2013 и 2013-2014 играјќи за екипите на Алесандрија под 15 (Џованисими национали) и под 17 години (Алиеви национали).[12]

Во текот на неговата младинска кариера, Гати не бил сметан за голем талент ниту во Торино ниту во Алесандрија.[13] Гати бил испратен на позајмица во Павароло во сезоната 2014-2015.[12] Наместо да игра за тимот под 17 години, Гати го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за тимот под 19 години, за кој постигнал 13 гола во 18 првенствени настапи и покрај тоа што имал само 16 години.[12]

Во врска со својте почетоци на кариерата, многу години подоцна кога Гати веќе бил играч на Фрозиноне во Серија Б изјавил за себе:

Од каде доаѓа тој тежок карактер? Од татко ми и од бесот кој ми се собирал внатре. Ова е мојата одмазда. Никаде не ме земаа, ме исфрлаа од младинските селекции на Торино и Алесандрија. Сега со сила го пробивам патот.

— Федерико Гати, за почетоците и развојот на неговата кариера.[2]

Аматерска кариера

уреди

Во февруари 2015 година, Гати дебитирал за првиот тим на Павароло во Промоционе - шестото ниво на италијанскиот фудбал, и забележил четири настапи во сезоната 2014-2015.[12] Следната сезона, повторно како позајмен од Алесандрија, Гати бил промовиран во првиот тим на Павароло и постигнал три гола во 27 првенствени настапи во Промоционе; тој, исто така, бил награден со признание за најдобар млад играч на сезоната,[12][14] а неговата екипа изборила промоција во едно ниво повисоката дивизија Екеленца, откако го освоиле Купот на Италија Промоционе Пиемонт-Аостинска Долина.[12][14][15][16]

Во 2016 година, Алесандрија го позајмила Гати на екипата на Салуцо,[15][16] каде тој не нашол многу простор за игра забележувајќи само 4 настапи, по што се вратил во Павароло кон средината на јануари 2017 година.[12][17] На крајот на сезоната, Павароло сепак избегнал испаѓање во Промоционе.[15][18] За време на сезоната 2016-2017, Гати постигнал осум гола во 31 првенствен натпревар.[12] Во следната сезона (2017–2018), поради финансиски проблеми, Павароло не можешел да ги плати своите играчи, па најискусните играчи решиле да не тренираат и играат во последните 10 првенствени натпревари, а голем број на играчи од тимот до 19 години биле промовирани во првиот тим.[19] Бидејќи Гати бил највисокиот играч во тимот, на барање на тренерот тој ја променил својата позиција од играч од средниот ред во одбранбен играч, што ќе му донесе нов правец во кариерата.[11][19] Екипата на Гати испаднала во Промоционе на крајот од сезоната.[18]

Клубот Павароло се распаѓаше, екипата си замина. Јас останав зошто просто сакав да играм. Клубот собираше млади играчи. Јас бев највисок и тренерот ме префрли во одбрана. Тоа ми го смени животот.

— Федерико Гати, за промената на неговата позиција.[2]

Во екипата на Вербанија биле импресионирани од настапот на Гати како дефанзивец во натпреварот против нив, и го купиле од Алесандрија потпишувајќи постојан договор со него во 2018 година.[12] Играјќи сега постојано како дефанзивец, Гати постигнал еден гол на 34 првенствени натпревари, помагајќи Вербанија да ја освои титулата во Екеленца.[20][21] Гати го импресионирал клубот од Серија Ц, Кавезе, кој се обидел да го купи, но не успеал да го стори тоа.[12] Во следната сезона (2019–2020), Гати постигнал три гола во 22 настапи во Серија Д пред прекинот предизвикан од пандемијата на КОВИД-19 во Италија, по што неговата екипа испаднала во Екеленца бидејќи го заземала претпоследното место на табелата.[12][22]

Про Патрија и Фрозиноне

уреди
 
Гати прославува гол постигнат против СПАЛ во декември 2021

Во летото 2020 година, на возраст од 22 години, Гати станал професионален фудбалер потпишувајќи го првиот професионален договор со екипата на Про Патрија, натпреварувач во Серија Ц лигата.[22] На 30 септември, тој дебитирал за Про Патрија во натпревар од второто коло на Купот на Италија кој го загубиле од Виченца со 3-2 по продолженија. Првиот натпревар во Серија Ц го одиграл на 4 октомври, во ремито 1–1 со Про Верчели.[22] Својот единствен гол за Про Патрија го постигнал на 3 април 2021 година, а тој бил победнички во успехот со 1–0 над Леко.[22] На 9 мај, Гати играл во последниот натпревар на Про Патрија за сезоната во плејофот за промоција во Серија Б против Јувентус У23 — резервниот тим на Јувентус — во натпревар загубен со 3–1 на домашен терен, по што неговиот тим ги загубил шансите за промоција уште по првото коло на плејофот.[11][22] Сезоната ја завршил со 36 настапи.[22]

Во јуни 2021 година, Гати преминал во Фрозиноне,[20][21] потпишувајќи четиригодишен договор со екипата од Серија Б,[23] која и платила на Про Патрија надомест од околу 250.000 евра.[24] Гати го имал своето деби на 15 август во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против Венеција, кој завршил нерешено 1–1, а откако се стигнало до тоа натпреварот да биде одлучен по изведување пенали, тој бил трагичарот промашувајќи го одлучувачкиот пенал во поразот на неговата екипа со 8–7.[25] Сепак, тоа не го поколебало дефанзивецот да одигра одлична дебитантска сезона во Серија Б; дебитирал во лигата на 20 август, играјќи како стартер во ремито 2–2 против Парма, а својот прв гол за Фрозиноне го постигнал на 23 октомври во победата со 2-1 над Асколи.[26] Под водството на тренерот Фабио Гросо, Гати одржувал високи перформанси во текот на целиот прв дел од сезоната, придонесувајќи и во нападот со дури три гола, вклучувајќи ги и двата гола во победата со 4-0 против СПАЛ на 18 декември.[27]

Во текот на зимскиот трансферен прозорец, Гати бил блиску до трансфер во Торино, пред нивниот градски ривал, Јувентус да се вклучи во трката за неговиот потпис и да го купи на 31 јануари 2022 година.[28] Надоместот за трансферот изнесувал 7,5 милиони евра плус 2,5 милиони евра во бонуси во зависност од неговите настапи.[29] Гати потпишал четири ипол годишен договор со Јувентус, но клубот од Торино одлучил да го остави играчот во Фрозиноне до крајот на сезоната.[29] Сезоната 2021-2022 во Серија Б ја завршил со 36 настапи и 5 гола, но не успеал да му помогне на клубот да избори промоција во Серија А откако завршиле на деветтото место - кое не води во плејофот за промоција - со ист број на бодови како и осмопласираната Перуџа, но со послаби резултати во меѓусебните дуели со Грифоните.[30]

Јувентус

уреди

Откако ја завршил сезоната 2021-2022 со Фрозиноне во Серија Б, Гати му се приклучил на Јувентус на летните подготовки за наредната сезона играјќи притоа во неколку подготвителни натпревари во САД. Своето деби за Јувентус во официјален натпревар го имал на 31 август 2022, во победата со 2-0 на домашен терен против Специја во Серија А; тоа исто така било и неговото деби во највисоката дивизија на италијанскиот фудбал.[31] За својот дебитантски настап во Серија А, Гати изјавил: Беше толку емотивно што не можам да опишам со зборови. Да дебитираш во Серија А е сон на секое дете. Јас денес го остварив и многу сум среќен, но тоа мора да претставува само почеток.[32] На 25 октомври, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, во поразот со 4–3 од Бенфика во Лисабон.[33] На 13 април 2023 година, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа против Спортинг Лисабон, одлучувачки за победата на неговата екипа со 1–0.[34] На 11 мај 2023, Гати постигнал уште еден гол во истото натпреварување, во првиот натпревар од полуфиналето против Севиља, за да изедначи на 1-1 (што бил и конечен резултат) во седмата минута од судиското продолжение.[35] Првата сезона со Јувентус ја завршил со вкупно 27 настапи и 2 гола.

Следната сезона, на 7 октомври 2023, Гати го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 2-0 во градското дерби против Торино.[36] Во текот на сезоната 2023-2024, Гати постигнал уште три гола, сите одлучувачки за победи на Јувентус: првиот во последните секунди од натпреварот против Монца за победата со 2-1 на Бриантео, а потоа го постигнал единствениот гол во победите со 1-0 на домашен терен против Наполи и Фјорентина.[37] На 15 мај 2024 година, тој бил стартер во финалето на Купот на Италија и придонел за освојувањето на 15-тата титула на бјанконерите во натпреварувањето, со победата од 1-0 против Аталанта, со што го освоил и својот прв личен трофеј со Јувентус.

Репрезентативна кариера

уреди

Во мај 2022 година, селекторот на италијанската сениорска репрезентација, Роберто Манчини, го повикал Гати на тридневен тренинг камп во Коверчано.[38] Своето деби за Италија го имал на 11 јуни, кога бил избран да игра од почетокот во натпреварот од УЕФА Лигата на нации против Англија.[39] Натпреварот завршил 0-0, а Гати добил позитивна оценка за чување на англиските напаѓачи Тами Ејбрахам и Хари Кејн.[40]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-6-2022 Вулверхемптон Англија   0 – 0   Италија УЕФА Лига на нации Прва фаза -   48'
20-11-2022 Виена Австрија   2 – 0   Италија Пријателска -   46'
17-11-2023 Рим Италија   5 – 2   Македонија Квал. за Евро 2024 -
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Павароло

уреди
  • Куп на Италија Промоционе Пиемонт-Аостинска Долина: 1
2015-2016

  Вербанија

уреди
2018-2019 (група Б)

  Јувентус

уреди
2023-2024

Индивидуални

уреди
Најдобар млад играч во Серија Б: 2022

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 11 јуни 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015   Павароло Пром. 4 0 КИ-Пром. ? ? - - - - - - 4 0
2015-2016 Пром. 27 3 КИ-Пром. 0 0 - - - - - - 27 3
2016-јан. 2017   Салуцо Екел. 4 0 КИ-Дил. 0 0 - - - - - - 4+ 0+
јан.-јун. 2017   Павароло Екел. 15 5 КИ-Дил. 3 0 - - - - - - 18 5
2017-2018 Екел. 32 7 КИ-Дил. 5 0 - - - - - - 37 7
Вкупно Павароло 78 15 8 0 - - - - 86 15
2018-2019   Вербанија Екел. 29 3 КИ-Дил. 0 0 - - - - - - 29 3
2019-2020 Д 22 3 КИ-Д 0 0 - - - - - - 22 3
Вкупно Вербанија 51 6 0 0 - - - - 51 6
2020-2021   Про Патрија Ц 34+1[41] 1 КИ 1 0 - - - - - - 36 1
2021-2022   Фрозиноне Б 35 5 КИ 1 0 - - - - - - 36 5
2022-2023   Јувентус А 18 0 КИ 2 0 ЛШ+ЛЕ 2+5 0+2 - - - 27 2
2023-2024 А 31 4 КИ 4 0 - - - - - - 35 4
Вкупно Јувентус 49 4 6 0 7 2 - - 62 6
Вкупно во кариерата 221 26 12 0 7 2 - - 239 28

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Binda, Nicola (22 December 2021). „Gatti: "Ho sofferto in cantiere. E sarò l'ultimo a mollare. Ora punto Chiellini" [Gatti: "I suffered at the construction site. And I'll be the last to give up. Now I'm aiming for Chiellini]. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 10 April 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Ѕидарот што дојде во Јувентус како наследник на Кјелини“. off.net.mk. 27 јуни 2022. Посетено на 25 август 2022.
  3. Salvatore Riggio. „Ex muratore, le bocciature, la serie C e (finalmente) la Juventus: chi è Gatti, il nuovo Torricelli“. Посетено на 2 февруари 2022. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help)
  4. Nicola Binda (22 декември 2021). „Gatti: "Ho sofferto in cantiere. E sarò l'ultimo a mollare. Ora punto Chiellini". Посетено на 11 јуни 2022.
  5. „Chi è Gatti, il nuovo difensore della Juve che faceva il muratore: "Giocavo per arrotondare". Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help)
  6. Riggio, Salvatore (31 January 2022). „L'esempio di Torricelli“ [The example of Torricelli]. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 10 April 2022.
  7. Cardia, Ivan (19 February 2022). „Gatti: "Due anni fa montavo serramenti, ora la Juventus. Mi sembra ancora surreale" [Gatti: "Two years ago I would mount windows, now Juventus. It still seems surreal to me"]. Tuttomercatoweb (италијански). Посетено на 19 February 2022.
  8. 8,0 8,1 „Chi è Federico Gatti, il difensore centrale con la Serie A TIM nel destino“. 14 јануари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  9. 9,0 9,1 "Oggi ti presento": Federico Gatti“. 5 септември 2018. Архивирано од изворникот на 29 јануари 2022. Посетено на 11 јуни 2022.
  10. De Luca, Roberto (16 September 2021). „La favola di Federico Gatti, l'osservatore che lo suggerì al Torino: "Il Frosinone ha un difensore top" [The story of Federico Gatti, the scout who suggested him to Torino: "Frosinone have a top defender"]. L'Inchiesta Cooperativa Editoriale (италијански). Архивирано од изворникот на 2021-09-17. Посетено на 2 February 2022.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Chi è Federico Gatti, il difensore centrale con la Serie A Tim nel destino“ [Who is Federico Gatti, the centre-back with the Serie A Tim in his destiny]. DAZN (италијански). 7 February 2022. Посетено на 13 February 2022.
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 Stesina, Marco (31 January 2022). „Gatti era in Promozione, ora lo ha preso la Juventus beffando il Torino“ [Gatti was in Promozione, now Juventus have taken him, bypassing Torino]. Sprint e Sport (италијански). Посетено на 13 March 2022.
  13. Riggio, Salvatore (31 January 2022). „Le bocciature“ [The rejections]. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 10 April 2022.
  14. 14,0 14,1 Redaction (31 May 2021). „Piedi buoni, possente e in continua crescita: ecco Federico Gatti“ [Good feet, mighty and growing: here is Federico Gatti]. TuttoFrosinone (италијански). Посетено на 2 February 2022.
  15. 15,0 15,1 15,2 Redaction (12 June 2021). „Federico Gatti, dal lavoro come muratore, alla Serie B“ [Federico Gatti, from the work as bricklayer to the Serie B]. Tuttocampo (италијански). Посетено на 16 August 2021.
  16. 16,0 16,1 Gioacas, Alina (19 January 2017). „Il Pavarolo riabbraccia Federico Gatti“ [Pavarolo re-hug Federico Gatti]. Sprint e Sport (италијански). Посетено на 2 February 2022.
  17. Piccinini, Marco (22 January 2017). „Dilettanti – Pavarolo, riecco Gatti. Moretta: c'è Vegliato“ [Amateurs - Pavarolo, Gatti back. Moretta: there is Vegliato]. Tuttosport (италијански). Посетено на 6 April 2022.
  18. 18,0 18,1 Vecchi, Mirco (5 September 2018). "Oggi ti presento": Federico Gatti“ ["Today I present you": Federico Gatti]. I am calcio (италијански). Посетено на 2 February 2022.
  19. 19,0 19,1 Guerrieri, Francesco (5 November 2021). „Frosinone, Gatti a CM: 'Mi svegliavo alle 4 di notte per lavorare al mercato, un'amichevole mi ha cambiato la vita' [Federico Gatti at CM: "I got up at 04:00 to work at the market, a friendly match has changed my life."]. Calciomercato.com (италијански). Посетено на 14 February 2021.
  20. 20,0 20,1 Marzio, Gianluca Di (27 May 2021). „Frosinone, ufficiale l'arrivo di Federico Gatti dalla Pro Patria“ [Frosinone, official arrival of Federico Gatti from Pro Patria]. Gianluca Di Marzio (италијански). Посетено на 16 August 2021.
  21. 21,0 21,1 Visca, Antonio (27 May 2021). „Frosinone Calcio, ufficiale Federico Gatti: ecco le sue caratteristiche“ [Frosinone Calcio, official Federico Gatti: here are his characteristics]. FrosinoneToday (италијански). Посетено на 2 February 2022.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 22,5 Федерико Гати на soccerway. Посетено на 30 January 2022.
  23. Visca, Antonio (27 May 2021). „Calciomercato Frosinone, ufficiale l'arrivo di Gatti: contratto di 4 anni“ [Transfer market Frosinone, official arrival of Gatti: 4-year contract]. L'Inchiesta Cooperativa Editoriale (италијански). Архивирано од изворникот на 2022-05-22. Посетено на 2 February 2022.
  24. Marchese, Domenico (31 January 2022). „Federico Gatti, the former bricklayer bought by Juventus. "Man-marking like Chiellini". la Repubblica (италијански). Посетено на 9 April 2022.
  25. „Venezia-Frosinone, la storia infinita: dopo 9 rigori i lagunari passano il turno“. 16 август 2021. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  26. „Federico Gatti“. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  27. Antonio Visca (18 декември 2021). „Serie B, il Frosinone trova i tre punti sotto l'albero di Natale: poker alla Spal. Le pagelle“. frosinonetoday.it. Посетено на 27 август 2022.
  28. „Juve, sorpasso al Toro per Gatti: affare fatto“ [Juve, overtaking Toro for Gatti: deal done]. Sky Sport (италијански). 30 January 2022. Посетено на 1 April 2022.
  29. 29,0 29,1 „Federico Gatti è un giocatore della Juventus!“ [Federico Gatti is a new Juventus player!]. Juventus F.C. (италијански). 31 January 2022. Посетено на 31 January 2022.
  30. „Il Perugia è ai playoff: Monza al tappeto e Frosinone ko in casa“. 6 мај 2022. Посетено на 27 август 2022.
  31. . 31 август 2022 https://www.juventus.com/it/news/articoli/la-partita-juve-spezia. Посетено на 1 септември 2022. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  32. „Izjave nakon slavlja nad Speziom u okviru 4. kola Serie A“. ju1897.net. 1 септември 2022. Посетено на 1 септември 2022.
  33. „Juventus crash out UEFA Champions League group stage: Three reasons why Massimiliano Allegri's team failed“. CBS Sports. 25 October 2022.
  34. UEFA.com (2023-04-13). „Juventus - Sporting CP 1-0: Gatti e Perin decisivi“. UEFA.com (италијански). Посетено на 2023-04-13.
  35. „Juventus 1-1 Sevilla: Federico Gatti's 97th-minute goal earns hosts draw“. 11 мај 2023. Посетено на 24 мај 2024.
  36. „Juventus-Torino | La Sintesi“. 2023-10-07.
  37. „Juventus-Napoli, risultato 1-0: decide il gol di Gatti, i bianconeri tornano in vetta alla classifica“. corriere.it. 8 декември 2023. Посетено на 28 мај 2024.
  38. JuventusNews24, Redazione (2022-05-20). „Convocati Italia, Mancini ne chiama 53 per lo stage: presenti tre bianconeri“. Juventus News 24 (италијански). Посетено на 2022-05-26.
  39. JuventusNews24, Redazione (11 June 2022). „Formazioni ufficiali Inghilterra Italia: la decisione di Mancini su Gatti e Locatelli“ [Official England Italy line-ups: Mancini's decision on Gatti and Locatelli]. Juventus News 24 (италијански). Посетено на 12 June 2022.
  40. Tommaselli, Paolo (11 June 2022). „Pagelle Inghilterra-Italia: Gatti veterano, Gnonto meglio dalla panchina; Abraham non punge“ [England-Italy report cards: Gatti a veteran, Gnonto better from the bench; Abraham does not sting]. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 12 June 2022.
  41. Плејоф.

Надворешни врски

уреди