Давиде Калабрија

Давиде Калабрија (роден на 6 декември 1996 во Бреша, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Милан, во италијанската Серија А, на позиција одбрана, најчесто на десната страна[1].

Давиде Калабрија
Лични податоци
Полно име Давиде Калабрија
Роден на 6 декември 1996 (1996-12-06) (23 г.)
Роден во Бреша
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 2
Младинска кариера
2001–2006 Виртус Адренсе
2006–2015 Милан Милан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015– Милан Милан 66 (2)
Репрезентација
2013 Италија U17 9 (0)
2013 Италија U18 1 (0)
2014–2015 Италија U19 12 (1)
2015 Италија U20 2 (0)
2015– Италија U21 19 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 април 2019.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 25 март 2019

Клубска кариераУреди

Калабрија својата фудбалска кариера ја започнал во младинските школи на Милан од 2006 година. Тој го примил својот прв повик за да се приклучи на првиот тим пред натпреварот против ФК Лацио на 25 јануари 2015 година, но останал на клупата за резерви. Калабрија својот прв натпревар за првиот тим на ФК Милан го имал на 30 мај 2015 година против ФК Аталанта, кога влегол во игра на местото на Матија Де Шиљо на 84 минута во победата од 1-3[2]. На 15 јули 2015 Калабрија официјално бил промовиран во првиот тим[3][4]. За првпат како стартер започнал во победата од 3-2 над Палермо на 22 септември, играјќи 49 минути и беше многу пофален за неговата игра. Тој го постигнал својот прв професионален гол за Милан против ФК Рома во во сезоната 2017/18[5].

Репрезентативна кариераУреди

Калабрија го имал своето деби за Италија U21 на 13 октомври 2015 година, во квалификацискиот натпревар против Република Ирска.

Во јуни 2017 година, тој бил вклучен во составот на Италија под 21 година за УЕФА Европскиот шампионат под 21 година од страна на менаџерот Лујџи Ди Бјаџо. Италија била поразена од Шпанија во полуфиналето на 27 јуни, по поразот од 3:1[6].

СтатистикаУреди

Обновено на 24 април 2019.[7]
Клуб Сезона Лига Куп Европа Останато Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Милан 2014–15 Серија А 1 0 0 0 1 0
2015–16 6 0 2 0 8 0
2016–17 12 0 1 0 13 0
2017–18 21 1 4 0 5 0 30 1
2018–19 26 1 2 0 4 0 1 0 33 1
Вкупно 66 2 9 0 9 0 1 0 85 2

НаводиУреди

  1. Давиде Калабрија на soccerway
  2. "Atalanta vs. Milan 1 - 3". Soccerway. 30 May 2015. Посетено на 31 May 2015.
  3. Ferrazzi, Enrico (15 July 2015). "Tuttosport - Milan, Calabria promosso in prima squadra: completerà la batteria dei terzini" (италијански). Milan News. Italic or bold markup not allowed in: |publisher= (help)
  4. Ferrazzi, Enrico (15 July 2015). "Calabria a MC: "E' un sogno essere in prima squadra, Mihajlovic ha una personalità incredibile. Lavoriamo duro per riportare il Milan in alto"" (италијански). Milan News. Italic or bold markup not allowed in: |publisher= (help)
  5. Atkinson, Guy (25 February 2018). "Roma 0 AC Milan 2: Cutrone and Calabria secure superb win for Rossoneri". Goal.
  6. James Horncastle (28 June 2017). "Italy fall to familiar foe Spain at U21 Euros but there is hope for the future". ESPN FC. Посетено на 24 October 2017.
  7. "Davide Calabria". Soccerway.

Надворешни врскиУреди