Трстеница

поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија

Трстеница (грчки: Κρυοπηγή, Криопиги; до 1927 г. Τρεστενίτσα, Трестеница[1]) — поранешно село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Зелјахово на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Трстеница
Κρυοπηγή
Трстеница is located in Грција
Трстеница
Трстеница
Местоположба во областа
Трстеница во рамките на Зелјахово (општина)
Трстеница
Местоположба на Трстеница во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°57′E / 41.050° СГШ; 23.950° ИГД / 41.050; 23.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаЗелјахово
Надм. вис.&10000000000000190000000190 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало на северната страна на реката Драматица во клисурата Ташлак, околу 5 км југозападно од селото Алистратик, на надморска височина од 190 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Зихна од 1659-1660 година селото е наведено под името Дрстениче со 22 домаќинства.[3]

Во XIX век Трстеница било македонско село во Зихненската каза на Серскиот Санџак. Според грчка статистика од 1866 г. во Трестеница (Τρεστενίτσα) живееле 125 Македонци христијани.[4] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 42 македонски домаќинства.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Трстеница (Trësténitsa) имало 52 домаќинства и 180 жители Македонци.[6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Трстеница, село на два часа источно од Зелјахово; јужно од Скрижово околу 34 ч. Покрај земјоделството застапено е и винарството; се сее анасон и памук. Грчка црква. 60 куќи, македонски.[7]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Трстеница имало 320 жители, сите Македонци.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трстеница имало 240 Македонци под врховенство на патријаршијата.[9]

Во Грција

уреди

Во Првата балканска војна Трстеница е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 154 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 124.[2]

По Првата светска војна во 1923 година во селото биле населени само 7 грчки бегалци.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Криопиги (Κρυοπηγή).[1]

Население

уреди

Бидејќи настрадало за време на Балканските војни, во пописот од 1913 година, селото било забележано со 154 жители, во 1920 година со 124 жители, во 1928 година со 182, а во 1940 година со 228. Следната 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 216 жители. Во пописот од 1951 и 1961 година било забележано со 210 жители, а во 1971 г. само со еден жител, што укажува дека селото веќе било речиси сосема напуштено, иако во 1981 г. е попишано со 15 жители. Во пописот од 1991 г. селото е избришано од евиденција.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 228 210 210 1 15 0 0 0 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди

Родени во Трстеница

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-11-30.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 228.
  3. Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 291.
  4. Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово
  5. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 240–241.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 146-147.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 4.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 182. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 202-203.