Кочо Муструков познат како Муструкот[1] ( 1873, Трстеница, Серско, Егејска Македонија - 20 мај 1901) — македонски револуционер, војвода на Врховниот македоно-одрински комитет и Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[2][3][4]

Кочо Муструкот
Роден 1873
Трстеница, Серско, Егејска Македонија
Починал 20 мај 1901
 ?

Животопис

уреди

Муструкот е роден во 1873 година в Зихненското село Трстеница, Егејска Македонија.[5] Како долгогодишен ајдучки војвода, Муструкот учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година и поради недисциплинираност влегол во конфликт со војводата на четата Борис Сарафов.[6]

После востанието повторно станал ајдук. Во 1899 година бил делегат на Рилското друштво на Шестиот македонски конгрес.[7] Потоа бил привлечен кон ВМОРО и дејствувал со Гоце Делчев, но повторно се одвоил од четата, на своја глава договарал откуп на калуѓер од Серскиот манастир и го ослободил за 300-400 лири.[8] Бил казнет со смрт за своеволие од Неврокопската реонска чета на Атанас Тешовски.[9]

Наводи

уреди
  1. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.56
  2. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 195
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 85.
  4. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 131.
  5. Динев, Ангел. Кресненското въстание през 1878 г., Издава Гевгелийското благотворително братство, София, 1926, стр. 18.
  6. [Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1933, стр. 56 - 59.]
  7. Билярски, Цочо. Княжество България и македонският въпрос, т.1. Върховен македоно-одрински комитет 1895 - 1905 (Протоколи од конгресите), Българска историческа библиотека, 5, Иврай, София, 2002, стр. 131.
  8. [Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1933, стр. 98 - 100.]
  9. [Баждаров, Георги. Моите спомени, София, 1929.]