Ташлак

клисура во Егејска Македонија

Ташлак или Таш Олук[1] (грчки: Βράους, Враус) — клисура во Зихненско, Егејска Македонија. Претставува сатеска меѓу јужните падини на Сминица и северните падини на Кушница низ која тече реката Драматица. Сместена е јужно од паланката Алистратик. Почнува кај селото Баница и продолжува околу 9 км до Станица Анџишта, каде има и стар мост на реката.

Ташлак
Βράους
Реката Драматица во клисурата
Надм. висина80 м
Должина6 км
Геологија
Видклисура
Географија
МестоположбаЗихненско, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати40°58′50″N 21°53′36″E / 40.9805° СГШ; 21.8934° ИГД / 40.9805; 21.8934
РекаДраматица
Карта

При проучување во јуни 1977 г. во клисурата Ташлак, како и во Алистратичката пештера и три соседни пештери, се откриени праисториски пештерски цртежи. Цртежите се од различни периоди. Има претстави на животни, луѓе, јавачи и апстрактни облици. По опремата на коњите и јавачите стручњаците заклучиле дека поновите цртежи се од VI–V век п.н.е.[2]

Името доаѓа од турското taşlık, што значи камче.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 203.
  2. „Δήμος Αλιστράτης - Αξιοθέατα“. Архивирано од изворникот на 2013-01-10. Посетено на 21 април 2013. Занемарен непознатиот параметар |arhiveurl= (help)

Надворешни врски

уреди