Триаголник
Триаголник — геометриски лик (геометриска фигура) со три темиња, три страни и три внатрешни агли.[1][2][3]
Рамностран триаголник | |
---|---|
Правилен триаголник | |
Вид | правилен многуаголник |
Рабови и темиња | 3 |
Шлефлиев симбол | {3} |
Коксетер–Динкинови дијаграми | |
Група на симетрија | диедарска (D3), ред 2×3 |
Внатрешен агол | 60° |
Својства | испакнат, впишан, рамностран, изогонален, изотоксален |
Основни правила:
- Триаголник е прост многуаголник, т.е. е затворена фигура, неговите страни не се прекрстуваат и е испакнат.
- Збирот на внатрешните агли на секој триаголник е 180o.[4] Значи, знаејќи ги големините на два од трите внатрешни агли, може да се пресмета големината на третиот агол.
. |
- Во Евклидовата геометрија три точки одредуваат триаголник, т.е. триаголник е потполно определен знаејќи ги координатите на 3-те темиња, односно должините на неговите три страни.
Триаголници во светот
уредиТриаголникот е наjстабилната сводимензионална фигура бидејќи тој е потполно определен со должините на неговите три страни. Поради тоа триаголници имаат посебно место во градежништво. Слабите точка во конструкција се темињата каде што се прицврстуваат два линиски делови. Под влијание на сила - доколку можат - најпрво деловите меѓусебно ќе се заротираат во темето на прицврстување сметајќи го аголот помеѓу нив. Кај триаголник деловите никако не можат да се заротираат бидејќи должините на страните ги определуваат аглите. Значи, треба да се деформираат страните пред да се менуваат аглите. Од друга страна, четириаголник не е стабилна. На пример, постојат безбројно многу четириаголници со истите четири еднакви страни (еден од кој е квадрат, а другите се ромбови). Значи, без воопшто да се деформираат самите страни, квадрат може да се сплеска во ромб заротирувајќи ги страните кај темињата.[5]
Збирот на внатрешните агли на триаголник е 180°. Создаден со Геогебра[6] |
Формули и особини за триаголник
уреди- Нека страните на еден триаголник се означeни a, b и c, а истовремено ги користиме овие букви и за нивната должина.
Означување на темиња и агли
уредиСтандардно е:
- Темето спротивно на страната a да се означува со A (голема буква), а внатрешниот агол со темето А да се означува со грчката буква α.
- Темето спротивно на страната b да се означува со B (голема буква), а внатрешниот агол со темето B да се означува со грчката буква β.
- Темето спротивно на страната c да се означува со C (голема буква), а внатрешниот агол со темето C да се означува со грчката буква γ.
Висина h на триаголник
уреди- Навистина, триаголник има три висини: ha, hb и hс (види ја сликата подолу).
Меѓутоа, обичајно е во елементарната геометрија да триаголник има основа, т.е. да има долна хоризонтална страна и таа страна да се означува со b (основа англиски: base). Темето B е спротивно на основата b. Висината h е отсечката од точката B до таа точка на основата b таква што h e нормална, т.е. прави прав агол со страната b. Значи h е висина на триаголник со основа b.
Во долунаведените формули точката означува множење, т.е. ½ · b · h = ½ × b × h
Висина h од основата b до темето B. |
Периметар е збир на должините на трите страни
- Една половина од основата помножена со висината
- Тогаш висината hb се означува само со h, т.е. h е висина на триаголник со основа b.
. |
. каде што е полуобемот. |
Дијагонала: Триаголник нема дијагонали бидејќи секоја отсечка која сврзува две темиња е страна на самиот триаголник.
Пример: Нека е даден триаголник со страна a=5 км, b=7 км и c=9 км. Тогаш, периметарот e L=a+b+c=5 км+7 км+9 км=21 км. За плоштината (бидејќи нема висина) ја користиме Херонова формула: s=L/2=10,5 км. P2=10,5·5,5·3,5*1,5. Значи, P ≈ 17,41 км².
Пример: Нека е даден триаголник со основа b=12mm и висина h=5mm. Тогаш плоштината е P= ½b·h= ½ 12mm·5mm=30mm2.
Забелешка: Во вториот пример погоре не може да се пресмета периметарот бидејќи нема доволно информации! Триаголник не е потполно определeн со основа и висина, т.е. постојат безбројно многу триаголници со истата основа и висина, а различни страни (па затоа и различни периметри). На пример: Двата триаголници Т1 и Т2 ја имаат истата основа b=12mm и истата висина h=5mm. Значи ја имаат истата плоштина P=30mm2. Меѓутоа, имаат различни периметри.
- Т1 со a=5mm, b=12mm и c=13mm и Т2 со a = c = ½ √61mm и b=12mm
Видови триаголници
уредиСпоред должините на нивните страни
уредиТриаголниците можат да бидат класифицирани според должините на нивните страни:
- Рамностран триаголник: сите страни се еднакви по должина. Страните се означуваат со буквата a.
- • Трите внатрешни агли α се еднакви, α= 60° = π/3 ≈ 1,05.[8]
- • Трите висини се еднакви. Висината е h=a · √3/2 ≈ 0,866a.
- • Периметарот е: L=a+a+a = 3·а.
- • Плоштината е:[9] P=a² · √3/4 ≈ 0,43366a².
- • Сите рамностран триаголници се слични.
- • Рамностран триаголник е правилен многуаголник.
- Рамнокрак триаголник: најмалку две страни се со еднаква должина наречени краци, а третата нееднаква на нив страна е наречена основа. Двете еднакви страни се означуваат со a, а основата со b.
- • Двете внатрешни агли α формирани помеѓу еднаква страна и основата се еднакви и α = 90° − β/2[10]
- • Висината h=hb = √4a²-b²
- • Периметарот е: L=a+a+b = 2·а+b.
- • Плоштината е: P=b· √4a²-b²/4
- Разностран триаголник: сите страни имаат различни должини.
- • Трите внатрешни агли имаат различна големина.
- • Најмалиот агол е спротивен на најмалата страна.[11]
- • Најголемиот агол е спротивен на најголемата страна.
Според внатрешните агли
уредиТриаголниците можат да бидат класифицирани и според големината на нивниот најголем внатрешен агол, опишано подолу со користење на степени.
- Правоаголен триаголник има еден внатрешен агол од 90° (прав агол).
- • Страната спроти правиот агол се нарекува хипотенуза; тоа е најдолгата страна во правоаголниот триаголник и се означува со c.
- • Другите две страни се викаат катети и се означувани со a и b.
- • a² + b² = c² Питагорова теорема
- • Периметарот е: L = a+b+c.
- • Плоштината е: P = ½ · a · b.[12]
- Тапоаголен триаголник има еден внатрешен агол поголем од 90° (таквиот агол се нарекува тап агол).
- Остроаголен триаголник има внатрешни агли кои се помали од 90° (три остри агли).
Трите висини на разностран триаголник
уредиРазностран триаголник има три различни висини. Секоја висина е отсечка со почетната точка во едното теме, крајната точка на спротивната страна и нормална на таа страна. Бидејќи плоштината на еден триаголник е иста, следува
Впишана кружница на триаголник
уредиСиметрали на внатрешните агли
уреди- Симетралите на внатрешните агли на триаголник се сретнуваат во една точка.[13][14]
- Секој триаголник има впишана кружница, т.е. кружница која е внатре во триаголникот, а се допира на сите три страни на триаголникот, т.е. трите страни се тангенти на кружницата (види слика долу).[15][16]
Формула: Центарот на впишаната кружница е пресекот на симетралите на внатрешни агли, а полупречникот r на впишаната кружница е растојанието од центарот до која било страна и има должина:
Опишана кружница на триаголник
уредиСиметрали на страните
уреди- Симетралите на страните на триаголник се сретнуваат во една точка.[17][18] (Симетрала на отсечка е права која врви низ средната точка на отсечката и е нормална на отсечката.)
- Секој триаголник има опишана кружница, т.е. кружница која е надвор од триаголникот, а трите темиња на триаголникот лежат на кружницата.[16][19]
Формула: Центарот на опишаната кружница е пресекот на симетралите на страните, а полупречникот R на опишаната кружница е растојанието од центарот до кое било теме и има должина:
Тежишни линии и тежиште
уредиВо геометријата, тежишна линија на триаголник е отсечка која поврзува теме од триаголникот со средната точка на страна спротивна на тоа теме. Друг термин за тежишна линија е медијана.[20] Трите медијани се сретнуваат во една точка.[21] Оваа заедничка точка се вика тежиште или центроид и е центарот на маса на триаголникот (ако врземе конец низ оваа точка и го обесиме триаголникот, тој ќе лежи хоризонтално).
Триаголник во координатен систем
уредиТри точки еднозначно определуваат триаголник, т.е. триаголник е потполно определен со координатите на три точки. Истовремено, доколку се работи во 3-димензионален простор, трите точки определуваат и рамнина на која лежи определениот триаголникот (види аналитичка геометрија).
Плоштина на триаголникот определен со три точки во рамнина може да се пресметува на повеќе начини (сите формули се меѓусебно се поврзани).
Точките нека се: .
-
- т.е. детерминантата на соодветните полупречнички вектори (произволно земајќи ја точката А како почетна точка). Знакот ± значи дека се земе апсолутна вредност од резултатот (плоштина е секогаш позитивна вредност). Оваа формула се обопштува во тридимензионален простор (види аналитичка геометрија, векторски производ,..).[22]
- Со Херонова формула користејќи:
Пример: Триаголник е дефиниран со точките A=(-2,-2), B=(1,-1) и С(1,2). Плоштината е ±P=
- Резултатот е позитивен. Значи нема потреба од апсолутна вредност. Следува, P=4,5 (квадратни единици).
Дегенерирани триаголници
уредиАко трите темиња со кои се дефинира триаголникот се колинеарни, т.е. лежат на истата права, тогаш формираниот триаголник е дегенириран триаголник, т.е. дегенерираниот триаголник е сплескан триаголник и неговата плоштина е 0.
Регулатива: Еден триаголник има плоштина 0, ако и само ако трите негови темиња се колинеарни.
- Ако трите точки се посебни, внатрешните агли се 180o, 0o, и 0o, земајќи го аголот од 180o кај „средната“ точка.
- Ако точно две од трите темиња се истата точка, триаголникот се смета за правоаголен триаголник и внатрешните агли се 90o, 90o, и 0o. Вакви дегенерирани триаголници се наоѓаат при цртање на правоаголни триаголници во единичната кружница при празен 0o, прав 90o, рамен 180o, негативен прав агол 270o и полн 360o агол и вредноста на тригонометриските функции на овие агли се пресметуваат користејќи ги овие дегенерирани триаголници.
- Случајот каде што трите точки се совпаѓаат не е многу интересен.
Пример: Темињата на еден триаголник се (1,1),(-2,0) и (7,3). Плоштината е ±P=
- Следува, P=0. Значи, точките се колинеарни и триаголникот е дегенириран. (Трите точки лежат на правата: y=⅓(x+2).)
Триаголникот како мотив во уметноста
уреди- „Мудар триаголник“ (српски: Мудри троугао) — песна на српскиот поет Васко Попа.[23]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „триаголник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Clapham, C.; Nicholson, J. (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, Triangle“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 795. Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ „Триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 септември 2013. интерактивен
- ↑ Weisstein, Eric W. „Triangle“ (англиски). From MathWorld--A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ Lawson, J. (2006). Hands-on Mathematics: Grade 3, Chapter 13: Patterns in Structures. Portage & Main Publishers. ISBN 978-1-55379-044-0.
- ↑ Стојановска, Л. (2010). „Триаголник“. Архивирано од изворникот на 2013-10-27. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 122.
- ↑ „Рамностран триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 123.
- ↑ „Рамнокрак триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ „Разнокрак триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 123.
- ↑ Wilson, Jim. „Proof of concurrency of incircle“ (англиски). Univ. Georgia. Посетено на 1 декември 2013.[мртва врска]
- ↑ „Triangle Incenter“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ „Proof of Inscribed Circle in Triangle“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-05-17. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ 16,0 16,1 „Впишана кружница во триаголник“ (англиски). Math is Fun. 2011. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ Wilson, Jim. „Proof of concurrency of circumcenter“ (англиски). Univ. Georgia. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ „Triangle Circumcenter“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ „Proof of Inscribed Circle in Triangle“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-05-17. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ „Медијана на триаголник“. 2010. Архивирано од изворникот на 2012-04-27. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ „The Medians of a Triangle are Concurrent“ (англиски). Wolfram Demonstrations Project. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- ↑ Weisstein, Eric W. „Triangle Area“ (англиски). From MathWorld--A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 100-103.
Надворешни врски
уреди- Златковска, С. (2010). „Видови триаголници“. Архивирано од изворникот на 2018-07-25. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен квиз
- Стојановска, Л. (2010). „Триаголник“. Архивирано од изворникот на 2013-10-27. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- „Конструкција на впишана кружница во триаголник“. 2010. Архивирано од изворникот на 2018-07-19. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен со упаство, видео, квиз
- „Конструкција на опишана кружница околу триаголник“. 2010. Архивирано од изворникот на 2018-07-19. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен со упаство, видео, квиз
- „Конструкција на триаголник со две страни и медијана“. 2010. Архивирано од изворникот на 2018-07-19. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен со видео
- „Конструкција со Геогебра“. 2010. Архивирано од изворникот на 2014-02-14. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен со видео
- GeoGebra Institute и Институт за Геогебра на МКД (превод) (2013). „Геогебра алатка: Правилен многуаголник“. Архивирано од изворникот на 2015-05-14. Посетено на 1 септември 2013.
- „Периметар на триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- „Плоштина на триаголник“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013. интерактивен
- „Triangle Incircle“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013.
- „Triangle Circumcircle“ (англиски). Math Open Reference. 2009. Посетено на 1 декември 2013.