Во геометријата, тежишна линија или тежишница на триаголник е отсечка која поврзува теме од триаголникот со средната точка на страна спротивна на тоа теме. Друг поим за тежишна линија е медијана. Трите медијани се сретнуваат во една точка. Оваа заедничка точка се вика тежиште или центроид и е центарот на маса на триаголникот.

Тежишните линии на триаголник и неговото тежиште.

Должината на тежишната линија од тежиштето до темето е двапати поголема од должината должината на истата тежишна линија од тежиштето до средиштето на спротивната страна.

Во зависност од обликот на триаголникот (правоаголен, рамностран, рамнокрак,...), тежиштето може да претставува средиште на впишана или опишана кружница.