Правилен многуаголник
Правилен многуаголник — прост многуаголник (многуаголник кој никаде не се сече сам со себе) кој е рамноаголен (сите агли му се исти) и рамностран (сите рабови се со иста должина).
Рабови и темиња | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Шлефлиев симбол | |||||||||||||||||||
Коксетер–Динкинов дијаграм | |||||||||||||||||||
Група на симетрија | Dn, ред 2n | ||||||||||||||||||
Дуален многуаголник | самодуален | ||||||||||||||||||
Плоштина (со страна долга ) | |||||||||||||||||||
Внатр. агол | |||||||||||||||||||
Збир од внатр. агли | |||||||||||||||||||
Полупреч. на впиш. кружница | |||||||||||||||||||
Полупреч. на опиш. кружница | |||||||||||||||||||
Својства | испакнат, рамностран, изогонален, изотоксален |
Сите правилни многуаголници со ист број на рабови (или „страни“ во планиметријата) се слични.
- Правилен двоаголник: „двојна отсечка“
- Рамностран триаголник (3 раба)
- Квадрат (4 раба)
- Правилен петаголник (5 раба)
- Правилен шестаголник (6 раба)
- Правилен седумаголник (7 раба)
- Правилен осумаголник (8 раба)
- Правилен десетаголник (10 раба)
- Правилен дванаесетаголник (12 раба)
Во извесни случаи сите овие полиаголници би се сметале за неправилни. Во такви случаи се испушта претставката правилен. На пример сите рабови на еден еднообразен полиедар мора да бидат правилни и рабовите едноставно би се опишале како триаголник, квадрат, петаголник.
Својства
уредиСекој агол на еден правилен n-аголник има мерка од (или подеднакво, на ) степени.
Алтернативно, внатрешниот агол/агли на правилен n-аголник е радијани (или вртења).
Сите вертикали на правилен многуаголник лежат на заедничка кружница, т.е. тие се сокружни точки, каде секој правилен многуаголник има опишана кружница.
Правилен n-аголник може да се нацрта со шестар и линијар ако и само ако непарните прости фактори на n се засебни Ферминови броеви. Видете конструктибилен многуаголник.
За бројот на дијагонали е , т.е., 0, 2, 5, 9, ... Тие го делат многуаголникот на 1, 4, 11, 24, ... делови.
Плоштина
уредиПлоштината на правилен n-аголник е
каде t е должината на работ. Исто така плоштината е полуобиколка помножена по должината на апотемата (линијата од средината на многуаголникот нормален на работ)A=1/2Pa.
За t=1 имаме
со следниве вредности:
Рабови | Назив | Точна плоштина | Приближна плоштина |
---|---|---|---|
3 | рамностран триаголник | 0,433 | |
4 | квадрат | 1 | 1,000 |
5 | правилен петаголник | 1,720 | |
6 | правилен шестаголник | 2,598 | |
7 | правилен седумаголник | 3,634 | |
8 | правилен осумаголник | 4,828 | |
9 | правилен деветаголник | 6,182 | |
10 | правилен десетаголник | 7,694 | |
11 | правилен единаесетаголник | 9,366 | |
12 | правилен дванаесетаголник | 11,196 | |
13 | правилен тринаесетаголник | 13,186 | |
14 | правилен четиринаесетаголник | 15,335 | |
15 | правилен петнаесетаголник | 17,642 | |
16 | правилен шеснаесетаголник | 20,109 | |
17 | правилен седумнаесетаголник | 22,735 | |
18 | правилен осумнаесетаголник | 25,521 | |
19 | правилен деветнаесетаголник | 28,465 | |
20 | правилен дваесетаголник | 31,569 | |
100 | правилен стоаголник | 795,513 | |
1000 | правилен илјадааголник | 79577,210 | |
10000 | правилен десет илјадааголник | 7957746,893 |
Плоштините се помали од оние кај кружници со иста обиколка, и се (заокружени) еднакви на 0,26, а за n<8 малку повеќе (броевите се намалуваат со зголемувањето на n до границата π/12).
Симетрија
уредиГрупата на симетрија на правилен n-аголник е диедарска група Dn (од ред 2n): D2, D3, D4,... Се состои од ротациите во Cn (постои вртежна симетрија на ред n), заедно со рефлективна симетрија во n оските кои минуваат низ центарот. Акоn е макар и тогаш половина од оските поминуваат низ спротивните вертикали, а другата половина низ средишната точка на спротивните рабови. Ако n е непарен, тогаш сите оски минуваат низ врвот и средишната точка на спротивниот раб.
Ѕвездести правилни многуаголници
уредиВо проширената категорија на правилни многуаголници спаѓаат ѕвезди, како на пример пентаграмот, кој ги има истите вертикали како и петаголникот, но сврзува наизменични вертикали.
- Примери
Полиедар
уредиЕднообразен полиедар е полиедар со правилни многуаголници како рабови, така што за секои две вертикали има меѓусебно изометрично пресликување.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- „Правилен многуаголник“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)
- Опис на правилни многуаголници со интерактивна анимација (англиски)
- Впишување на празилен многуаголник со интерактивна анимација (англиски)
- Плоштина на правилен многуаголник Три различни формули, со интерактивна анимација (англиски)