ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Македонски Брод, Општина Македонски Брод.[1]
Свети Климент Охридски
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Македонски Брод |
Наречено по: | Свети Климент Охридски |
Нас. место: | Македонски Брод |
Адреса: | ул. „Партизанска“, бр. 33 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1946 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | oouklimentohridski.edu.mk/ |
Е-пошта | oukliment@yahoo.com |
Телефон | 045/274-131 |
Факс | 045/274-131 |
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Местоположба
уредиУчилиштето е сместено во горниот дел од Македонски Брод.
Историја
уредиУчилиштето сè до 1968 година го носи името „Кирил и Методиј“, од 1968 година „Единство“, име кое го задржува сè до 1997 година, а од 1997 година е именувано како „Св. Климент Охридски“.
Училиштето како целина е составено од два објекта кои внатрешно се поврзани со скалиштен простор. Постариот објект е пуштен во функција во далечната 1946 година, а поновиот објект во 1990 година.
Во состав на училиштето функционираат шест подрачни училишта.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегува следниве подрачни училишта:
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Самоков, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Манастирец, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Требино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Суводол, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Брест, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Св. Климент Охридски“ - Косово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-13.