Тетија (митологија)

титанида во старогрчката митологија

Во старогрчката митологија, Тетија (/ˈтθɪs, ˈтɛθɪs/; грчки: Τηθύς), била Титан и ќерка на Уран и Геја, жена на нејзиниот брат, титанот-бог Океан, и на мајка на речните богови и Океаниди. Тетија немала активна улога во старогрчката митологија ниту во култовите.[1]

Тетија
Член на Титаните
Мозаик (детаљ) на Тетија, од Филополис (денешна Шаба, Сирија), 4 век п.н.е, Музеј Шаба.
Титан на свежата вода
СимболКрилја на челото
СопружникОкеан
РодителиУран и Геја
Браќа/сестри
ДецаАхелој, Алфеј, Скамандер, и други речни богови; Метис, Евринома, Дорида, Калироја, Климена, Персеида, Идија, Стикс, и други Океаниди

Потекло

уреди

Тетија била една од Титаните, потомци на Уран (Небото) и Геја (Земјата).[2] Хесиод ги именува нејзините титански браќа и сестри, како Океан, Коеј, Креј, Хиперион, Јапет, Теја, Реја, Темида, Мнемозина, Феба и Крон.[3] Тетија се омажила за нејзиниот брат, Океан, огромна река околу светот, и со него, станала мајка на многу синови, кои биле речни богови, како и многу ќерки, познати како Океаниди.[4]

Според Хесиод

уреди
Теми во Старогрчка митологија
Богови
Херои
Поврзано

Според Хесиод, имало три илјади речни богови.[5] Тие ги вклучуваат:

  • Ахелој, бог на реката Ахелој, најголемата река во Грција, кој својата ќерка ја оженил за Алкмеон,[6] и бил поразен од Херакле во боречки натпревар за правото да се ожени со Дејанира;[7]
  • Алфеј, кој се вљубил во нимфата Аретуза, гонејќи ја до Сиракуза, каде што таа била трансформирана во пролет од страна на божицата Артемида;[8] и
  • Скамандер, кој се борел на страната на Тројанците за време на Тројанската Војна, и, навреден кога Ахил ги загадил неговите води со голем број на тројански трупови, се излеал од коритото и речиси го удавил Ахил.[9]
  • и други речни богови.

Исто така, според Хесиод, имало три илјади Океаниди.[10] вклучително:

  • Метис, првата сопруга на Зевс која Зевс ја впил со Атена и потоа ја проголтал;[11]
  • Евринома, Зевсовата трета сопруга, и мајка на Харитите[12]
  • Дорида, сопругата на Нереј и мајка на Нереидите[13] 
  • Калироја, сопругата на Хризаор и мајка на Герион[14]
  • Климена, сопругата на Јапет, и мајка на Атлас, Менетиј, Прометеј, и Епиметеј[15] 
  • Персеида, сопруга на Хелиј и мајка на Кирке и Ејет[16]
  • Идија, сопруга на Ејет и мајка на Медеја[17] и
  • Стикс, божица на реката Стикс, и сопругата на Палас и мајка на Зел, Нике, Кратос, и Биа.[18]

Пасуси во делот на Илијада наречени Измамата на Зевс, укажуваат на можноста дека Хомер знаел за традицијата во која Океан и Тетија (наместо Уран и Геја, како кај Хесиод) им биле родители на Титаните.[19] Двапати кај Хомер  Хера го опишува парот како "Океан, од кого изникнаа боговите, и нивната мајка Тетија",[20] додека во истиот пасус Хипнос го опишува Океан како оној "од кого сите тие бликнале".[21] Според М. Л. Вест, овие редови укажуваат на мит во кој Океан и Тетија се "првите родители на целата раса на боговите."[22] Можеби како обид да се помират недоразбирањата помеѓу Хомер и Хесиод, Платон, во неговото дело Тимеј, ги прикажува Уран и Геја, како родители на Океан и Тетија, а Океан и Тетија како родители на Крон и Реја и другите Титани, воедно и Форкис.[23]

Митологија

уреди
 
Мозаик (детаљ) од Тетија од Антиохија, Турција, Хате Археолошки музеј 9095.

Тетија имала неактивно учество во старогрчката митологија, и на почетокот единствената приказната која се однесува на Тетија, е тоа што Хомер го кажува во  Илијада, во пасусот Измамата на Зевс.[24] Таму, Хера вели дека, кога Зевс бил во војна со Крон, таа од страна на нејзината мајка Реја им била дадена на Тетија и Океан и дека тие "со љубов ја чувале во нивниот дом".[25] 

Првично сопругата на Океан, подоцна Тетија почнала да се идентификува со морето, и во хеленистичката и римската поезија името на Тетија, се користело како поетски израз за море.[26]

Уште една приказна за Тетија е астралниот мит  кој се однесува на поларното соѕвездие Голема мечка, за кое се сметало дека претставува катастеризам на Калиста, која била трансформирана во мечка, и поставена од страна на Зевс меѓу ѕвездите. Митот објаснува зошто соѕвездието никогаш не се поставува под хоризонтот, велејќи дека откако Калиста станала Зевсова љубовница, Тетија, загрижена за Хера, ѝ забранила да ја "допира длабочината на Океанот".[27]

Тетија се спомува и во делото Метаморфози на Овидиј. Тука таа го претвора Екас во нуркачка птица.[28]

Тетија била понекогаш мешана со една друга божица на морето и морска нимфа Тетида, сопругата на Пелеј и мајка на Ахил.[29]

Иконографија

уреди
 
Мозаик (детаљ) на Тетија и Океан, ископан од Куќата на Менандар, Дафне (денешна Харбија, Турција), 3 век, Хате Археолошки музеј 1013.

Претставите на Тетија пред Римскиот период се ретки.[30]

Тетија се појавува, идентификувана со натпис (ΘΕΘΥΣ), како дел од илустрација на венчавката на Пелеј и Тетида на почетокот на шестиот век пред нашата ера, на црнофигурална керамика (Софилос динос во Британскиот Музеј 1971.111-1.1).[31] 

Во текот на вториот до четвртиот век, Тетија сама или понекогаш заедно со Океан станала релативно честа одлика на мозаиците кои украсувале бањи, базени и триклиниуми на исток, особено во Антиохија и околината.[32] Нејзини атрибути се крилја кои излегуваат од челото, кормило, и кетос ("ketos"), суштество од старогрчката митологија со глава на змеј и тело на змија.[33] Најстарите мозаици, идентификувани како Тетија, биле ископани во Антиохија и датираат од 115 п.н.е (Хате Археолошки музеј 850).[34] Тетија, полулегнала на лево, заедно со Океан, прикажана е со долга коса и крилесто чело. Двајцата се голи до појасот а нејзината десна подигната рака замотан е кетос. Други мозаици на Тетија се прикажани во Хете Археолошкиот музеј[35][36] и во Музејот на Уметноста во Балтимор.[37] Кон крајот на периодот претставен од  овие мозаици, Тетија се појавува заедно со иконографијата на една друга морска божица Таласа, грчка персонификација на морето (зборот thalassa на грчки означува море).[38]

Литература

уреди
  • Cahn, Herbert A., "Thalassa", in Lexicon Iconographicum Mythologiae Classicae (LIMC) VIII.1 Artemis Verlag, Zürich and Munich, 1997. ISBM. 9783760887517.
  • Caldwell, Richard, Hesiod's Theogony, Focus Publishing/R. Pullins Company (June 1, 1987). ISBM. 978-0-941051-00-2.
  • Campbell, Sheila D. (1988), The Mosaics of Antioch, PIMS. ИСБН: 9780888443649.
  • Campbell, Sheila D. (1998), The Mosaics of Anemurium, PIMS. 9780888443748.
  • Eraslan, Şehnaz. "Oceanus, Tethys and Thalssa Figures in the Light of Antioch and Zeugma Mosaics.", in: Journal of International Social Research 8.37 (2015), pp. 454–461.
  • Hesiod, Theogony, in The Homeric Hymns and Homerica with an English Translation by Hugh G. Evelyn-White, Cambridge, MA., Harvard University Press; London, William Heinemann Ltd. 1914. Online version at the Perseus Digital Library.
  • Homer, The Iliad with an English Translation by A.T. Murray, Ph.D. in two volumes. Cambridge, MA., Harvard University Press; London, William Heinemann, Ltd. 1924. Online version at the Perseus Digital Library.
  • Hyginus, Gaius Julius, Astronomica, in The Myths of Hyginus, edited and translated by Mary A. Grant, Lawrence: University of Kansas Press, 1960.
  • Jentel, Marie-Odile, "Tethys I", in Lexicon Iconographicum Mythologiae Classicae (LIMC) VIII.1 Artemis Verlag, Zürich and Munich, 1997. ISBN 97837608875179783760887517.
  • Kondoleon, Christine, Antioch: The Lost Ancient City, Princeton University Press, 2000. ISBN.9780691049328.
  • Ovid, Ovid's Fasti: With an English translation by Sir James George Frazer, London: W. Heinemann LTD; Cambridge, Massachusetts: : Harvard University Press, 1959. Internet Archive.
  • Ovid, Metamorphoses, Brookes More. Boston. Cornhill Publishing Co. 1922. Online version at the Perseus Digital Library.
  • Wages, Sara M., “A Note on the Dumbarton Oaks ‘Tethys Mosaic’” in: Dumbarton Oaks Papers 40 (1986), pp. 119–128.
  • West, M. L. (1966), Hesiod: Theogony, Oxford University Press.
  • Williams, Dyfri, "Sophilos in the British Museum" in Greek Vases In The J. Paul Getty Museum, Getty Publications, 1983, pp. 9–34. ISBN.0-89236-058-5.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Burkert, p. 92.
  2. Хесиод, Теогонија 132–138 (англиски); Apollodorus, 1.1.3. Спореди со Диодор Сикулиј ( Diodorus Siculus, 5.66.1–3), кој вели дека Титаните (вклучително Тетија) "биле родени, според автори на едни митови, од Уран и Геја, но според други, од некој од Корибантите ( Curetes ) и Титеја, од чијашто мајка го добиле и името ".
  3. Аполодор го додава и Дион ( Dione ) на овој список, додека пак во оној на Диодор Сикулиј не фигурира Теја.
  4. Хесиод, Теогонија 337–370; Хомер, Илијада 200–210, 14.300–304, 21.195–197; Есхил, Окованиот Прометеј 137–138 (Сомерстин, pp. 458, 459), Седуммина против Теба 310–311 (Сомерстин, pp. 184, 185); Хигин, Fabulae Предговор ( p. 95). За Тетија како мајка на речните богови види: Диодор Сикулиј, 4.69.1, 72.1. За Тетија како мајка на Океанидите: Аполодор, 1.2.2; Калимах, Химна 3.40–45 (Mair, pp. 62, 63); Аполониј од Родос, Аргонаутика, 242–244 (Seaton, pp. 210, 211).
  5. Hesiod names 25 river gods: Nilus, Alpheus, Eridanos, Strymon, Maiandros, Istros, Phasis, Rhesus, Achelous, Nessos, Rhodius, Haliacmon, Heptaporus, Granicus, Aesepus, Simoeis, Peneus, Hermus, Caicus, Sangarius, Ladon, Parthenius, Evenus, Aldeskos, and Scamander.
  6. Apollodorus, 3.7.5.
  7. Apollodorus, 1.8.1, 2.7.5.
  8. Smith, s.v. "Alpheius".
  9. Homer, Iliad 20.74, 21.211 ff..
  10. Hesiod names 41 Oceanids: Peitho, Admete, Ianthe, Electra, Doris, Prymno, Urania, Hippo, Clymene, Rhodea, Callirhoe, Zeuxo, Clytie, Idyia, Pasithoe, Plexaura, Galaxaura, Dione, Melobosis, Thoe, Polydora, Cerceis, Plouto, Perseis, Ianeira, Acaste, Xanthe, Petraea, Menestho, Europa, Metis, Eurynome, Telesto, Chryseis, Asia, Calypso, Eudora, Tyche, Amphirho, Ocyrhoe, and Styx.
  11. Hesiod, Theogony 886–900; Apollodorus, 1.3.6
  12. Hesiod, Theogony 907–909; Apollodorus, 1.3.1. Other sources give the Charites other parents, see Smith, s.v. "Charis".
  13. Hesiod, Theogony 240–264; Apollodorus, 1.2.7.
  14. Hesiod, Theogony 286–288; Apollodorus, 2.5.10.
  15. Hesiod, Theogony 351, however according to Apollodorus, 1.2.3, another Oceanid, Asia was their mother by Iapetus;
  16. Hesiod, Theogony 956–957; Apollodorus, 1.9.1.
  17. Hesiod, Theogony 958–962; Apollodorus, 1.9.23.
  18. Hesiod, Theogony 383–385; Apollodorus, 1.2.4.
  19. Gantz, pp.11–12; Hard, pp. 36–37, p. 40; Burkert, pp. 91–92. Според Епименид (see Fowler, p. 7), првите две битија, Ноќ и Воздух, го направиле Тартарs, кој за возврат направил два Титана (веројатно Океан и Тетија) од кои произлегло космичкото јајце.
  20. Homer, Iliad 14.201, 302 [= 201].
  21. Хомер, Илијада 245. (англиски)
  22. West 1997, p. 197.
  23. Gantz, pp.11–12; Plato, Timaeus 40d–e.
  24. Gantz, p. 28: "За Тетија нема митови, освен приказната кај Хомер дека Реја ѝ ја дала Хера на чување додека Зевс сакал да го турне Крон од престолот "; Burkert, p. 92: “Тетија воопшто не е активна фигура во старогрчката митологија”; West 1997, p. 147: "Во постарата поезија таа е неактивна митолошка фигура која живее со Океан и која му ги родила децата."
  25. Homer, Iliad 14.201–204.
  26. West 1966, p. 204 136. Τῃθύν; West 1997, p. 147; Hard, p. 40; Matthews, p. 199. According to Matthews the "metonymy 'Tethys' = 'sea' seems to occur first in Hellenistic poetry", see for example Lycophron, Alexandria 1069 1069 (Mair, pp. 582–583)), becoming a frequent occurrence in Latin poetry, for example appearing nine times in Lucan.
  27. Hard, p. 40; Hyginus, Fabulae 177; Astronomica 2.1; Ovid, Fasti 2.191–192 (Frazer, pp. 70, 71); Metamorphoses 2.508–530.
  28. Ovid, Metamorphoses 11.784–795.
  29. Burkert, p. 92.
  30. For a discussion of Tethy's iconography see Jentel, pp. 1193–1195.
  31. LIMC Tethys I (S) 1[мртва врска] (detail showing figures with inscriptions: image 5 of 32[мртва врска]); Beazley Archive 350099; Burkert, p. 202; Gantz, p. 28; Williams, pp. 27 fig. 34, 29, 31–32; Perseus: London 1971.11-1.1 (Vase); British Museum 1971,1101.1.
  32. Дискусија околу мозаиците, види Џентел (Jentel, 1194–1195), кој прави список на 15 мозаици на Тетија од римскиот период (Tethys I (S) 3–17), и Вејџ (Wages, стр. 119–128). Џентел овие мозаици ги идентификува како Тетија иако, како што како што наведува(1194): "Од антиката до денес, некои автори Тетија ја мешаат со морската нимфа Тетида."
  33. Jentel, p. 1195; Wages, p. 125.
  34. LIMC Tethys I (S) 5; Wages, pp. 120–124, fig. 2, p. 127; Hatay Archaeology Museum 850 Архивирано на 15 август 2016 г.; Campbell 1988, pp. 60–61 (identified as Thetis).
  35. LIMC Tethys I (S) 15; Wages, p. 123 n. 24, fig. 8, p. 127; Hatay Archaeology Museum 1013 Архивирано на 15 август 2016 г..
  36. LIMC Tethys I (S) 16; Hatay Archaeology Museum 9095 Архивирано на 15 август 2016 г..
  37. LIMC Tethys I (S) 17[мртва врска]; Wages, p. 127; Baltimore Museum of Art 1937.126 Архивирано на 17 август 2016 г..
  38. Wages, pp. 124–126; Jentel, p. 1195; Cahn, p. 1199; Campbell 1998, p. 20.