Мнемозина
Мнемозина ( грчки: Μνημοσύνη), во старогрчката митологија била персонификација на спомените и на сеќавањето.
Мнемозина | |
---|---|
Член на Титаните | |
Мнемозина или Сеќавање (итал.: Ricordanza), 1876 - 1881, од Данте Габриел Росети | |
Божица на споменот и сеќавањето | |
Живеалиште | Олимп |
Сопружници | Зевс |
Родители | Уран и Геја |
Браќа/сестри |
|
Деца | |
Римски пандан | Монета |
Поколение
уредиТитанката, Мнемозина била ќерка на титаните Уран и Геја. Мнемозина била мајка на деветте Муза музи, чиј татко бил нејзиниот внук, Зевс:
- Калиопа (епска поезија)
- Клио (историја)
- Евтерпа (музика)
- Ерато (лирска поезија)
- Мелпомена (трагедија)
- Полихимнија (химни)
- Терпсихора (танц)
- Талија (комедија)
- Уранија (астрономија)
Митологија
уредиВо Теогонија на Хесиод, кралевите и поетите ја црпеле силата на нивните говори од Мнемозина и нивниот посебен однос со музите.
Зевс и Мнемозина спиеле еден со други девет ноќи по ред, и ги зачнале деветте музи. Мнемозина исто така раководела и со водите во Ад.l[1]. Нејзина спротивност била реката Лета, согласно погребните стиховни написи од 4 век п.н.е напишани во хексаметри. Мртвите души пиеле од Лета за да не ги помнат своите минати животи при реинкарнацијата. Во Орфизмот, на верниците им се кажувало наместо од Лета да пијат од Мнемозина, реката на сеќавањето, за да ја сопрат преселбата на душатаl.[2]
Во усната традиција
уредиИако од Хесиод во Теогонија била опишана како една од титанките, Мнемозина не одговара многу на таквата дистинкција.[3] Титаните не биле многу величани во Стара Грција и биле сметани за битија кои припаѓаат на старата традиција.[3] Мнемозина, за разлика од другите традиционално се појавува на почеток на многу епови[4]—таа, меѓу другото, се појавува како во Илијада, така и во Одисеја—каде раскажувачот ја повикува напомош за да се сети на поемата која треба да ја рецитира. Се верува дека на Мнемозина ѝ е дадена дистинкцијата титан бидејќи меморијата била значајна за Хелените и нивната усна традиција на создавање митски епови.[4]
Подоцна, кога пишаната книжевност преовладувала наместо усните рецитирања на еповите, Платон во Евтидем се навратил на усната традиција повикувајќи се на Мнемозина. Ликот Сократ се подготвува да каже приказна и вели: “ὥστ᾽ ἔγωγε, καθάπερ οἱ (275d) ποιηταί, δέομαι ἀρχόμενος τῆς διηγήσεως Μούσας τε καὶ Μνημοσύνην ἐπικαλεῖσθαι.” (“Според тоа, исто како поетите, мора да го започнам раскажувањето со повикување на музите и Меморијата.[5] Аристофан исто погледнува наназад во неговата драма Лисистрата кога пијаниот спартански амбасадор го повикува нејзиното име за да се присети на минатото.[6]
Култот на Асклепиј
уредиМнемозина била една од божиците обожавана во култот на Асклепиј кој се формирал во Стара Грција околу 5 век п.н.е.[7] За Асклепиј, грчки јунак и бог на медицината, било речено дека умее да лекува болести а култот подразбирал вклучување на мноштво други богови и грчки јунаци во процесот на лекување.[7] Принесувањето жртва и молитвите варирале согласно локациите,[8] а оној што се молел често оставал дарови на Мнемозина.[7] со надеж дека ќе се сети на некoja визија доколку преспие на дадената локација.[8]
Наводи
уреди- ↑ Richard Janko, "Forgetfulness in the Golden Tablets of Memory", Classical Quarterly 34 (1984) 89–100; see article "Totenpass" for the reconstructed devotional which instructs the initiated soul through the landscape of Hades, including the pool of Memory.
- ↑ „Lethe | Greek mythology“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2017-03-30.
- ↑ 3,0 3,1 Rose, H.J. (1991). A Handbook of Greek Mythology : including its extension to Rome (6. изд.). London: Taylor and Francis, Inc. ISBN 9780415046015.
- ↑ 4,0 4,1 Notopoulos, James A. (1938). „Mnemosyne in Oral Literature“. Transactions and Proceedings of the American Philological Association. 69: 466. doi:10.2307/283194.
- ↑ Plato; Burnet, James (1903). Platonis Opera. Oxford University Press.
- ↑ „Aristophanes, Lysistrata, line 1247“. www.perseus.tufts.edu.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Ahearne-Kroll, Stephen P. (April 2014). „Mnemosyne at the Asklepieia“. Classical Philology. 109 (2): 99–118. doi:10.1086/675272.
- ↑ 8,0 8,1 von Ehrenheim, Hedvig (2011). Greek incubation rituals in Classical and Hellenistic times. Stockholm: Department of Archaeology and Classical Studies, Stockholm University. ISBN 978-91-7447-335-3.