Јапет (митологија)

Во старогрчката митологија, Јапет (на старогрчки: Ἰαπετός / Iapetós[1], « оној кој брза ») е Титан, син на Уран (Небото) и на Геја (Земјата), татко на титаните Прометеј, Епиметеј, Менетиј, Хеспер и Атлас, сопруг на една од ќерките на брат му Океан, Климена (или друга припадничка на океанидите по име Азија)[2]. Некои автори попрво ги наведуваат сестрата Тетија, нимфата Езипија или пак божицата Либија. Најпосле некои изолирани традиции велат дека Прометеј се родил од неговиот спој со сестра му Темида. Во некои извори се нарекува татко на Буфаг[3] и на Анхијала[4].

Јапет
Член на Титани
Бог на смртноста
ЖивеалиштеТартар
БиткиТитаномахија
СопружникАзија или Климена
РодителиУран и Геја
Браќа/сестри
ДецаАтлас, Прометеј, Епиметеј, Менетиј, Анхиаја

Јапет е еден од четворицата титани кои заговараат против нивниот татко Уран. Тој и браќата се распоредиле на четирите страни на вселената и кога небото се спуштило да ѝ се придружи на Земјата, набрзина го задржувале додека Крон го осакатил со својот срп.

Во тек на Титаномахијата, по десетгодишна војна, Јапет е затворен во Тартар од страна на Зевс бидејќи Титаните загубиле од олимписките богови помогнати од киклопите и хекатонхирите со советувања од Геја. Стоејќи на основите на Вселената, на краевите на Земјата или според Хесиод, каде се корените на Земјата, Небото и Морето, Јапет можеби е космички столб.

Римските автори како Вергилиј Јапет го ставаат во редот на џиновите роден само од Геја, или, како што вели Хигин, од Геја и од Тартар.

Во книжевноста

уреди

Јапет ("Прободувач") е Титан споменат од страна на Хомер во Илијада (8478-81) дека бил затворен во Тартар со Крон. Тој е брат на Крон, кој владеел со светот за време на Златното доба. Неговото име потекнува од зборот iapto ( "рана, прободување") и обично се однесува на копје, што значи дека Јапет можел да се гледа како божество на занаетчиството, иако најчесто се опишува како бог на смртноста.

Во Дела и дни на Хесиод на Прометеј му се обраќаат како син Јапетов, а ниту една мајка не се именува. Меѓутоа, во Хесиодовата "Теогонија", Климена се наведува како жена на Јапет и мајка на Прометеј. Кај Есхил, во драмата " Окованиот Прометеј",Прометеј е син на божицата Темида[5], таткото не се спомнува но сепак Атлас му е брат. Кај Хорациј во Одата 1.3 се вели:

"audax Iapeti genus/Ignem fraude mala gentibus intulit"

(Храброто поколение Јапетово/Со измама на луѓето им го дари огнот)

Синовите на Јапет некогаш се гледале како предци на човештвото па луѓето некои од најлошите свои особини ги наследиле токму од овие четворица богови. На пример, од лукавиот и паметен Прометеј им е подмолноста, од непослушниот и несигурен Епиметеј им е глупоста, од тврдокорниот и истраен Атлас им е претераната смелост а од арогантниот Менетиј, им е насилството.[6]

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. Wells, John (14 April 2010). "Iapetus and tonotopy"John Wells's phonetic blog. Retrieved 21 April 2010.
  2. According to Hesiod, Theogony 507–511, Clymene, one of the Oceanids, the daughters of Oceanus and Tethys, at Hesiod, Theogony 351, was the mother by Iapetus of Atlas, Menoetius, Prometheus, and Epimetheus, while according to Apollodorus, 1.2.3, another Oceanid, Asia was their mother by Iapetus.
  3. Pausanias, Description of Greece Book 8.27.17. English Translation by W.H.S. Jones, Litt.D., and H.A. Ormerod, M.A., in 4 Volumes. Cambridge, MA, Harvard University Press; London, William Heinemann Ltd. 1918.
  4. Stephanus of Byzantium. Ethnica. s. v. Anchiale
  5. In Aeschylus, Prometheus Bound 18, 211, 873 (Sommerstein, pp. 444–445 n. 2446–447 n. 24538–539 n. 113) Prometheus is made to be the son of Themis.
  6. Smiley, Charles N. "Hesiod as an Ethical and Religious Teacher", The Classical Journal, vol. XVII, 1922; pg. 514