Темида
Темида /ˈθiːмɪs/ (грчки: Θέμις) е старогрчка Титанка. Таа е опишана како "[Жената] на добриот совет". Персонификација е на божествената правда, правичноста, природниот закон и на обичајот. Нејзините симболи се вагите на Правдата, кои се користат за избалансираност и прагматичност.
Темида | |
---|---|
Член на Титани | |
Темида од Рамнунт, Атика, од вајарот Кајрестрат, 300 п.н.е | |
Божица на божјото право и на поредокот | |
Живеалиште | Олимп |
Симбол | Вага на правдата, меч, триножец |
Сопружник | Зевс |
Родители | Уран и Геја |
Браќа/сестри |
|
Деца | Прометеј |
Потекло на поимот
уредиТемида значи "божји закон", или буквално, "тоа што е (во ред) на место", од грчкиот глагол títhēmi (τίθημι), што значи "да се стави (односно, намести)".
За Старите Грци таа била организатор на "јавните човечки дејности, особено собирите".[1] Мозес Финли , забележал дека themis е збор кој го користел Хомер во 8 век п.н.е, за да го опише општествениот поредок на Мрачниот век во Стара Грција во 10-ти и 9-от век п.н.е:
Темида е непреводлив збор. Подарок од боговите и белег на цивилизираното постоење, понекогаш тоа значи добра навика, соодветна постапка, општествен поредок, а понекогаш просто волја на боговите без некоја особена правдина.[2][3]
Семејство
уредиДеца
уредиЕдинствен сопружник на Темида споменат во изворите подолу е Зевс. Едно од нејзините неколку деца се викало Натура, грчка божица на шумата.
Хори: часови
уредиСо Зевс таа ги добила Хорите,[4] и Астреја.
Првата генерација:
- Ауксо (производителка)
- Карпо (плодоносителка)
- Тало (растителка на растенија)
Втората генерација:
- Дика (правдата)
- Ејрина (мир)
- Евномија (законот)
Следбениците на Зевс тврделе дека Темида со него ги создала Мојрите, трите судбини.[5] Во еден дел Пиндар,[6] сепак, кажува дека Мојрите веќе биле присутни на венчавката на Зевс и Темида; дека всушност Мојрите се издигнале заедно со Темида од изворите на Океан и ја придружувале на светлосончевата патека за да се сретне со Зевс, на планината Олимп.
- Клото (онаа којашто го врти тркалото)
- Лахезија (онаа којашто мери)
- Атропос (онаа која сече - “неизбежна“)
Митологија
уредиПерсонификацијата на апстрактните концепти е одлика на Старите Грци. Способноста на божицата Темида да ја предвиди иднината ѝ овозможила да стане една од пророците на Делфи, а потоа да биде божица на божјата правда.
Некои класични претстави на Темида ја покажуваат како држи меч, со верување дека имала способност да пресече помеѓу фактите и измислиците. Темида го изградила светилиштето во Делфи и била оракулар, односно пророчица. Според друга легенда, Темида го добила светилиштето во Делфи од Геја , а подоцна ѝ го дала на Феба.[7]
Кога Темида ќе се занемари, Немезида носи правда и бесна одмазда. Затоа Темида ѝ дала на Немезида храм во Рамнунт. Темида не е бесна: таа, "со прекрасни образи", била првата што ѝ понудила пехар на Хера кога се вратила на Олимп збунетата од заканите од Зевс.[8]
Темида била основа за добриот однос меѓу мажот и жената во рамките на семејство а и самите судии биле честопати нарекувани темистополои (грчки: "themistopóloi", односно Темидови слуги). Таа воедно била основа за редот и поредокот на Олимп, каде сите ја почитувале, дури и Хера. Името Темида може да биде заменето со Адрастеја во раскажувањето на раѓањето на Зевс на Крит.
Темида била присутна во Делос за да сведочи за раѓањето на Аполон. Според Овидиј, Темида а не Зевс била таа која му кажала на Девкалион да ги фрли коските на "Мајката" преку рамото за да создаде една нова човечка раса после потопот.
Описот на Хесиод и различноста со Дика
уредиВо старогрчката митологија, Хесиод[9] ја споменува Темида меѓу шесте синови и шесте ќерки на Геја и Уран (Земјата и Небото). Меѓу овие Титани на исконскиот мит, само неколкумина биле почитувани во посебни светилишта во класичните времиња.
Во Теогонија, Хесиод за првпат запишал како изгледа Правдата прикажувајќи ја во божествен лик. Тој ги опишува силите на универзумот, како космички божества и времената правда, Дика ја опишува како ќерка на Зевс и на Темида.
Според митологијата, Дика се родила као смртник, а таткото Зевс ја ставил на Земјата меѓу луѓето за да му носи правда на човештвото. Набрзо сфатил дека тоа било невозможно, па ја земал назад на планината Олимп[10]. Дика го спроведувала законот меѓу луѓето и заедно со нејзината мајка Темида (одговорна за божјото право), ги спроведувала конечните одлуки на Мојрите. За Хесиод, Правдата е во центарот на верскиот и моралниот живот, кој, независно од Зевс, е олицетворение на божјата волја. Ваквата персонификација на Дика е во контраст со правдата видена како правило, како одмазда или казна.[11][12]
Описот на Есхил
уредиВо драмата Окованиот Прометеј на Есхил, Темида е мајката на Прометеј, и му дава сознание за тоа што треба да дојде.[13] Прометеј вели дека таа е божица со многу имиња, вклучително и она на Геја.
Поврзано
уреди- (Божици за Правдата): Астреја, Дика, Темида, Пруденција
- (Божици на Неправдата): Адикија
- (Аспекти на Правдата): (види: Тројни божества/Тројна Божица (Неопаганство))
Извори
уреди- Аполодор, Библиотека [(II).
- Теогонија, Хесиод
- Есхил, Окованиот Прометеј
- Хомерови химни (за Аполон).
- павзаниј, Опис на Грција (V).
- Сервиј, Коментар за Енеида (IV, 484).
Литература
уреди- Jean Rudhardt, Thémis et les Hôrai : recherche sur les divinités grecques de la Justice et de la Paix, Genève, Droz, 1999
Наводи
уреди- ↑ „(University of Washington School of Law) Themis, Goddess of Justice“. Архивирано од изворникот на 2008-07-25. Посетено на 2017-11-18.
- ↑ Finley, The World of Odysseus, rev. ed.(New York: Viking Prewss) 1978: 78, note.
- ↑ Finley, op. cit. p. 82.
- ↑ Hesiod, Theogony, 901ff.
- ↑ Hesiod, Theogony, 904
- ↑ Pindar, fragment 30.
- ↑ Aeschylus, Eumenides 1 ff.
- ↑ Iliad xv. 88
- ↑ Hesiod, Theogony 132; this origin was part of Orphic tradition as well (Orphic Hymn 79).
- ↑ „DIKE - Greek Goddess Hora of Justice (Roman Justicia)“. www.theoi.com (англиски). Посетено на 2017-11-19.
- ↑ Donna Marie Giancola, "Justice and the Face of the Great Mother (East and West)"
- ↑ „20th WCP: Justice and the Face of the Great Mother (East and West)“. www.bu.edu. Посетено на 2017-11-19.
- ↑ Aeschylus, Prometheus Bound, lines 217–219.