Прометеј
Прометеј — грчки митолошки јунак, син на титанот Јапет познат и како Еуримедон и нимфата Климена. Прометеј имал три брата Атлант, Епиметеј и Менојтиј. Во војната против Титаните, тој бил на страната на Зевс.[1] Прометеј е познат по тоа што се смета по старогрчката митологија дека на луѓето им го дал огнот со кој ние денеска се служиме и ни е неопходен во нашиот живот. А според некои тврдења нему му се придава и делото на создавање на човекот.
Легендата за Прометеј
уредиПрометеј бидејќи бил миленик на Зевс живеел добар и удобен живот и бил заштитен од боговите. Долго време живеел среќно и кога поодминале години Зевс, кој веќе ги имал создадено луѓето, му било жал да ги гледа да живеат без неколкуте потребни дарови со кој животот ќе им биде поубав. Но Зевс не сакал да им ги даде сите потребни нешта на луѓето и затоа го испратил Прометеј да им даде некои нешта потребни во секојдневниот живот. Прометеј луѓето ги научил да зборуваат, да се разбираат меѓу себе, да прават оружја од камен и од некои поцврсти ресурси, ги научил и да ги употребуваат, исто така ги научил да лекуваат со билки ги научил кои се отровни растенија и што треба да се јаде од растенијата а што од животните и уште многу други работи. Зевс кога го видел тоа малку се налутил, бидејќи им дал на луѓето толку многу неоткриени работи дотогаш непознати за луѓето. Зевс сакал даровите да им се даваат постепено а некои да не им ги даде воопшто плашејќи се дека тогаш луѓето ќе станат непослушни. И тогаш го викнал Прометеј и му рекол да престане да им дава дарови на луѓето. Но Прометеј иако и тој бил човек не им го дал уште огнот еден од најважните дарови. Не се помирил со таа помисла сè додека не им го дал огнот на луѓето. На Прометеј му текнало дека богот Хефест работи со оган и решил да го украде од кај него. Отишол скришум и го зел и им го дал оганот на луѓето и им кажал како се пали оган и како се користи. Зевс бил разлутен од ова што го видел и се почувствувал измамен. Решил да го измами Прометеј и да го казни и тоа да му биде како поука за уште еднаш да не го мами врховниот бог. Се симнал и му рекол да му принесе жртва за даровите кои му ги дал на луѓето. Прометеј ја сфатил Зевсовата одмазда и решил да го насамари. Заклал еден вол и во кожата од волот ги ставил лојот и сланината, а другиот дел го ставил во коските на волот и му рекол: „Пресветол Зевсу, одбери го делот кој те привлекува. Зевс го одбрал делот во кој биле завиткани лојот и сланината и се почувствувал измамен и се вратил на Олимп, а Прометеј се радувал бидејќи го насамарил Зевс. Зевс му наредил на Хефест да го зароби Прометеј на планината Кавказ. Тогаш Хефест му наредил на своите помошници Кратос и Бија, односно Моќта и Силата да го приковаат на Кавказ. Тие го фатиле и го приковале Прометеј. Тогаш Зевс радосен ја довршувал својата одмазда. Пратил и орел да му го клука црниот дроб секој ден и откако орелот си заминувал дробот повторно зараснувал. Една ден кога Херакле трагал по златните јаболки го ослободил и го убил орелот и на Прометеевото место го ставил кентаурот Хирон кој бил бесмртен. Под прстенот на Прометеј имало камче од карпите на Кавказ на кои бил заробен и на тој начин Зевс бил среќен мислејќи дека Прометеј живее прикован на планината Кавказ и оттогаш го сметал за еден од најголемите непријатели а Прометеј останал да живее со луѓето и сепак бил сакан од некои други богови а Зевс го мразел засекогаш. Така завршува митот за Прометеј кој му се спротивставил на семоќниот Зевс за да им помогне на луѓето.
Значењето на ликот на Прометеј
уредиПознато е дека Старите Грци го славеле празникот кој бил посветен на Прометеј, за што сведочи Паусаниј (I, 30), кој пишува: „Во Академијата се наоѓа жртвеник на Прометеј и од него трчаат младинци со запалени факли, а натпреварот се состои во тоа во текот на трчањето факелот да се сочува да гори; кому ќе му изгасне огнот, тој не учествува во победата, а ако изгаснат сите, нема никаква победа.“[2]
Исто така, ликот на Прометеј извршил големо влијание врз голем број мислители. Така, Теофраст го нарекол „првиот филозоф“, додека Карл Маркс во предговорот на својата докторска дисертација напишал: „Прометеј е најблагородниот светец и маченик во филозофскиот календар.“[3] Српскиот поет Јован Дучиќ вели дека митот за Прометеј претставува врв во идејата за херојството, зашто тој е херој-просветител, т.е. херој од највисок вид; со еден збор, тој е најголем херој меѓу сите херои на светот, зашто не е ниту локален ниту национален, туку е единствениот општочовечки херој; исто така, тој е истовремено иноватор кој се бори против старите предрасуди, носител на науката и маченик за својот идеал; како и олицетворение на љубовта кон човештвото[4] Исто така, според Дучиќ, христијанството претставува најголема победа на прометеизмот, а Прометеј е предок на сите антички херои и на сите христијански маченици и вистински Исус во грчкиот политеизам, како и олицетворение на творечкиот човечки гениј.[5]
Прометеј како тема во уметноста и во популарната култура
уредиПрометеј се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Прометеј“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[6]
- „Окованиот Прометеј“ - драма на Есхил.[7]
- „Свадбата на Прометеј“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[8]
Наводи
уреди- ↑ Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 128.
- ↑ Miloš N. Đurić, „Beleška o piscu“, во: Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 121.
- ↑ Miloš N. Đurić, „Beleška o piscu“, во: Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963, стр. 120.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 323-325.
- ↑ Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 377.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 20-21.
- ↑ Eshil, Persijanci – Okovani Prometej. Beograd: Rad, 1963.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 119-121.