Минотаур е митолошко суштество претставено во облик на полубик и получовек. Тој настанал преку полов однос на жената на кралот Минос, Пасифаја и бик, откако претходно таа влегла во вештачка крава која ја направил Дедал.[1] Минотаурот имал човечко тело и глава на бик. Поради тоа што бил многу грд, кралот Минос го повикал Дедал да изгради лавиринт од кој не би можел да излезе. Минотаурот талкал низ лавиринтот, а на секои седум години му носеле седум момчиња и девојки. Една година, на годишната прослава дошол атинскиот крал Тезеј, кој се вљубил во сестрата на Минотаурот, Аријадна. Аријадна му помогнала на Тезеј да го убие Минотаурот така што му кажала дека од лавиринтот може да се излезе само на еден начин: Да се одмотува клопче со конец на почетокот на лавиринтот па потоа по него да се враќа назад. Минотаурот е познат и како Астерио- женски Минотаур.[2][3]

Минотаур
Минотаур, (Археолошки музеј во Атина)
ВидМитолошки суштества
РодителиПасифаја и бик
МитологијаСтарогрчка митологија
ПодрачјеКрит

Откако седнал на престолот на Крит, Минос се натпреварувал со своите браќа за да владее. Притоа, тој му се помолил на Посејдон, богот на морето, да му испрати еден силен бик, како знак за поддршка. За да го казни Минос, Посејдон направил Пасифаја да се вљуби во бик.

Наводи

уреди
  1. Carmen 64.
  2. Robert Graves, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 294 - 295.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 71-72.