Реја старогрчката митологија била божица, мајка на Олимписките богови Деметра, Хестија, Хера, Ад, Посејдон и Зевс.

Реја
СопружникКрон
РодителиУран и Геја
Римски панданКибела

Таа е ќерка на Уран и Геја, сестра и сопруга на Крон. Со соединувањето на Реја и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Ад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себеси и завладеале со светот. Родителите на Крон му прорекле дека еден од неговите синови ќе му го зазеде престолот. Затоа, по секое раѓање на Реја, тој своите деца ги голтал. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на океанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[1], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен, а подоцна ја зазел власта од својот татко.

Нејзин еквивалент во римската митологија е Кибела.

Наводи

уреди