Криј
Во старогрчката митологија, Криј (старогрчки: Κρεῖος [1]/Κριός Kríos или Kreios) или на латински Crius е Титан, син на Уран (Небо) и Геја (Земја).
Криј | |
---|---|
Член на Титаните | |
Бог на соѕвездијата | |
Живеалиште | Тартар |
Битки | Титаномахија |
Сопружник | Еврибија |
Родители | Уран и Геја |
Браќа/сестри |
|
Деца | Астреј, Палас, Персис |
Теми во Старогрчка митологија |
---|
|
|
|
Мит
уредиКриј е Титан, син на Уран (Небо) и на Геја (Земјата). Според Хесиод, тој бил женет со неговата полусестра Еврибија, ќерка на Геја и на Понт (Морето), од која ги добил децата Астреј, Палас и Персис. Павзаниј го наведува и Питон како негов син.
Во тек на Титаномахијата, по десетгодишна војна[2], Криј бил затворен во Тартар од страна на Зевс, кога Титаните изгубиле против олимписките богови помогнати од Киклопите и Хекатонхирите советувани од Геја.
Потекло на поимот
уредиИако "криос" бил старогрчки збор за "овен"[3], хтоничната положба на Титанот во подземниот свет не го поврзува со соѕвездието Овен (Ариес), во зодијакот. Соѕвездието Овен е првото видливо соѕвездие на небото во пролетната сезона, означувајќи го почетокот на новата година во старогрчкиот календар.
Поколение
уредиЗаедно со Еврибија, ќерката на Земјата (Геја) и Море (Понт), ги добил децата Астреј и Палас, како и Персис. Спојот на Астреј со Еос (Зората), довеле до Еосфор, другите ѕвезди и ветровите.
Во уметностите
уредиКриј е главен лик во италијанскиот комичен филм Титани на Дучо Тесари во 1962, кој користи божества и јунаци од митологијата но измислува оригинална интрига. Криј, кој го глуми Џулијано Гема, е претставен како најслабиот но најпаметниот од сите Титани.[3].
Наводи
уреди- ↑ Etymology uncertain: traditionally considered a variation of κρῑός "ram"; the word κρεῖος was also extant in Ancient Greek but only in the sense of "type of mussel" [1][2][мртва врска].
- ↑ About.com's Ancient/Classical History section; Hesiod, Theogony 617-643: "So they, with bitter wrath, were fighting continually with one another at that time for ten full years, and the hard strife had no close or end for either side..."
- ↑ Dumont 2009 .
Библиографија
уредиСтарогрчки извори
уреди- Аполодор, Библиотека (I, 2-3 ; I, 8).
- Диодор Сицилиски, Историска библиотека (V, 66, 1).
- Хесиод, Теогонија (v. 132-133, 207 et 375).
- Хомерови химни (IV за Хермес v. 100).
- Павзаниј, Опис на Грција (X, 6, 5).