Медуза (митологија)
Медуза (грчки: Μέδουσα) била една од трите горгони во грчката митологија, ќерка на Форкис и Кето. Таа била чудовиште со женско лице, и наместо коса на својата глава имала змии.[1]Медуза и нејзините сестри имале способност со својот поглед суштеството да го претвараат во камен. Се сметало дека таа била најстрашна од сите горгони и единствената смртница.
Медуза била убиена од Персеј, а од нејзината крв се родил Пегаз. Дури и по смртта, таа била опасна, зашто нејзината отсечена глава можела да го претвори во камен секој што ќе ја погледнел.[2]
НаводиУреди
- ↑ Аполодор, Митолошка библиотека II 3, 2; 4, 2-3; 5, 12; III 10, 3
- ↑ Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 54.