Тевтонски ред
Тевтонскиот ред (латински: Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, "Ред на германскиот дом на Света Марија Ерусалимска", германски: Orden der Brüder vom Deutschen Haus St. Mariens in Jerusalem или чешки: Deutscher Orden) бил третиот голем духовно-витешки воен ред, кој бил основан во времето на крстоносните војни во Палестина по редот на јованистите (Малтешкиот ред) и редот на тампларите.
Основање на редот
уредиВо време на Третиот крстоносен поход во текот на 1190 година германски благородници и трговци основиле братство во болница, и како главна цел им било грижата за ранетите и болните во време на едногодишната опсада на крепоста Сен Жан Дакар во Акра, Галилеја. Арапите го презеле градот пред само три години (1187 година), но уште во 1104 година градот бил во рацете на крстоносците и претставувал главно седиште на витешкиот ред болничари.
Бидејќи крстоносците започнале да ги губат своите територии, пред сè Ерусалим и Јафа, крепоста Сен Жан Дакар станала еден вид престолнина на крстоносците во Палестина сè до 1291 година. Овде братството изградило болница и црквата "Св. Марија" (fratres domus hospitalis sanctae Mariae Teutonicorum in Jerusalem). Папа Целестин III на братството (21 декември 1196 година) му дал привилегиислични како и на другите редови. На големото собрание, кое се одржало во пролетта на 1198 година, германските рицари решиле братството да го преобразуват во витешки ред односно орден. Папа Инокентиј III го признал новиот духовно-рицарски орден на 19 февруари 1199 година. Со издадената була и истоивремено му ги определил задачите: заштита на германските рицари, лекување на болни, борба со соперниците на католичката црква. Рицарите го добиле правото да носат бела мантија со црн крст. Папата Хонориј III ги ослободил тевтонските рицари од судската власт на месните епископи на 1 октомври 1218 г. На 9 јануари 1221 година, овој ред бил поставен на исто ниво како оној на јованистите и темпларите.
По предавањето на светата земја
уредиПо поразот на христијанските власти на Блискиот Исток, редот бил преместен во Трансилванија во 1211 година, сè со цел да помогне во одбраната на Унгарија од Куманите. Во 1225 годинабиле протерани бидејќи сакале да се претпостават под папската а не под унгарската власт. Под раковотство на Херман фон Салец, овие витези ја нападнале Стара Прусија во 1226 година, а овој поход е познат како Пруска крстоносна војна. Кога нивното седиште било пренесено во Прусија, овие витези започнале походи и против соседните држави, Кралство Полска, Војводство Литванија и Република Новогород. Во времето на Наполеон Бонапарт, орденот бил расформиран. За време на Првата светска војна, редот повторно бил обновен со седиште во Хамбург. Орденот работи и до ден денес како здружение з доброволни цели.
Грбот на орденот
уредиГрбот на Тевтонскиот ред се состоил од црн крст, кој се наоѓал на бела позадина . Главната девиза на орденот бил «Helfen — Wehren — Heilen» / "Помош - заштита - Лекување".
Поврзано
уреди