Духовно-витешки ред
Духовно-витешки ред или воен ред — организација на витези создадена за време на крстоносните војни во XI–XIII век под раководство на Католичката црква главно за управување на границите на христијанскиот свет, заштита на аџиите по патот кон Светата Земја, како и крстоносни војни и други кампањи против исламот во Светата Земја, во Шпанија или Турција, против паганите во Литванија, Естонија, Прусија, против еретиците (Албигојци, Хусити), по реформацијата, понекогаш против протестантизмот. Последователно, редовите би можеле да станат световни.[1]
Духовно-витешките редови ги вклучуваат редовите на Болничарите, Храмовниците, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Витлеемскиот ред, Тевтонскиот ред, Редот на Алкантара, Редот на Калатрава.
Членови
уредиКако монаси, членовите на духовно-витешките редови земале завети (на воздржување, послушност, сиромаштија); како феудални витези, тие носеле оружје и учествувале во завојувачки походи. Младите приврзаници биле наречени „неофити“. Неофитот морал да се подложи на задолжителен обред на посветување.
Некои од духовно-витешките редови
уреди- Болничарите се витешки ред основан во 1048 г. во Ерусалим, признат по завршувањето на Првата крстоносна војна (1096 — 1099).
- Храмовниците или Темпларите се првиот воен витешки ред, основан во 1118 г.
- Тевтонците (Тевтонски ред; герм. Deutscher Orden) бил германски крстоносен воен ред под покровителство на Римокатоличката црква, создаден на крајот на XII век во Акра, Палестина.
- Редот на Свети Лазар Ерусалимски е витешки ред создаден во XII век од болничари што лекувале луѓе од чума во Ерусалим.
- Витлеемски ред
- Ред на Алкантара
- Ред на Калатрава
Библиографија
уреди- Jotischky, Andrew (2004). Crusading and the Crusader States. Taylor & Francis. ISBN 978-0-582-41851-6.
- Nicholson, Helen J. The Knights Hospitaller (2001).
- Riley-Smith, Jonathan. Hospitallers: The History of the Order of St John (1999).
- Morten, Nicholas Edward. The Teutonic Knights in the Holy Land 1190-1291 (Woodbridge: Boydell Press, 2009)
- Forey, Alan John. The Military Orders: From the Twelfth to the Early Fourteenth Centuries. *(Basingstoke: Macmillan Education, 1992)
- Tyerman, Christopher (2019). The World of the Crusades. Yale University Press. ISBN 978-0-300-21739-1.
Наводи
уреди- ↑ Velde, François Velde (25 February 2004). „Legitimacy and Orders of Knighthood“. Heraldica. Посетено на 18 November 2012.
Надворешни врски
уреди„Духовно-витешки ред“ на Ризницата ? |
- The Military Orders (англиски)