Љубе Крстев
Љубе Давитков Крстев ( 1921 во Страцин, Кратовско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиОдраснал во сиромашно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште им помагал на домашните во сточарските и земјоделските работи. Тешките економски услови во семејството го натерале да аргатува надвор од своето село. Со враќањето во родното место, каде често престојувале единиците на НОВ, тој станал нивен симпатизер. Учествувал во акциите за собирање храна, облека и други материјали потребни за партизаните. Заедно со група младинци од селото на 15 септември 1944 година стапил во редовите на Треттатa македонска ударна бригада. Како пушкомитралезец, уште во првите борби се истакнал како смел борец и бил поставен за десетар. По ослободувањето на Македонија, со бригадата заминал на Сремскиот фронт. Земал учество во борбите сè до Врпоље каде на 16 април 1945 година со уште неколку борци од неговата десетина загинува.[1]