Ратко Серафимовски
Ратко Ѓорев Серафимовски ( 1925 во Страцин — 16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ратко Серафимовски | ||
Роден | 1925 година Страцин, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното село останал да живее и работи на својата сиромашна земја, чувајќи и стока. Во своето родно место бил познат како добар, напреден младинец. Со голема огорченост ја дочекал окупацијата на Македонија. Уште од првите денови на НОВ, станал нејзин симпатизер и активно се занимавал со собирање оружје, облека, храна и друг материјал за борците. Бугарската полиција го следела, затворала, сослушувала, малтретирала и нивната куќа била често претресувана, но без успех. По ослободувањето на овој крај, стапил во единиците на НОВ во Треттатa МНОУБ, земал учество во многу борби во Македонија, а подоцна и на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година, загинал на Сремскиот фронт, борејќи се за конечното ослободување на Југославија.[1]