Спирко Бојковски
Спирко Тодосов Бојковски ( 1921 во Страцин — 16 април 1945 во Нови Сад, Војводина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнува од крајно бедно земјоделско семејство. Основното четиригодишно училиште го завршил во родното место со одличен успех. Немајќи никакви можности за продолжување на образованието, уште од раните детски години помагал во домашните земјоделски и сточарски работи. Како напреден младинец станува симпатизер на народноослободителното движење. Имал голема желба да се приклучи во редовите на НОВ и истата ја остварил на 15 јуни 1944 година, кога со група младинци, стапил во редовите на Треттатa македонска ударна бригада. Учествувал во борбите за ослободување на Куманово и цела Македонија. По конечното ослободување на Македонија со бригадата заминал на Сремскиот фронт и се борел за целосното ослободување на Југославија. Како добар и искусен борец бил испратен во патрола, со цел да прибере податоци за непријателските позиции. Извршувајќи ја совесно поставената задача, со своите другари загинал на 16 април 1945 година крај Нови Сад. Запаметен бил како скромен, тивок, секогаш повлечен во себе, внимателен и учтив карактер, кој не го штедел својот живот за доследно извршување на поставените задачи во НОВ.[1]