Преку езерото

Преку езерото (полски: Poprzez jezioro) е македонски филм од 1997 година на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски. Филмот е инспириран од вистински настан [1] и е „своевидна драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески - ‘Љубовта на Кочо Топенчаров’“.

„Преку езерото“
Преку езерото.jpg
постер за англиското издание
РежисерАнтонио Митриќески
ПродуцентИгор Нола
Горјан Тозија
СценаристАнтонио Митриќески
Ташко Георгиевски
Главни улогиИлија Џувалековски
Кирил Ќортошев
Екрем Ахмети
Љупчо Бреслиски
Џемаил Максут
Мирче Доневски
Агњешка Вагнер
Владимир Ендровски
Бедија Беговска
Никола Ристановски
Нада Гешоска
Стево Спасовски
Јосиф Јосифовски
Фехми Груби
МузикаЃорѓе Замфир
Љупчо Константинов
МонтажаМирослава Гарлицка
Малгоржата Орловска
Премиера1997
Времетраење83 мин [1]
102 мин [2][3]
ДржаваМакедонија Македонија
Полска Полска
ЈазикМакедонски
Албански

Кратка содржинаУреди

Дејствието на филмот, кое опфаќа период од неколку децении, во главно, е сместено во Албанија, но почетокот и крајот на филмот се одвиваат во Охрид. Вистинитата приказна се плете околу ликот на младиот Константин Бочваров (Никола Ристановски), кој во 1948 година, ја сретнува Елена Златарева (Агњешка Вагнер), Македонка која живее во Корча, Албанија. Двајцата се вљубуваат, но истата година, границата меѓу Македонија и Албанија е затворена. Константин, не можејќи да живее без Елена, се решава да тргне со кајче преку езерото - одлука која ќе резултира со четири децении егзил во Албанија во времето кога таа е „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател[1]. Тука, Константин на двапати завршува во логор. По излегувањето од него првиот пат, тој ја пронаоѓа Елена, но, покрај тоа што Константин добива работа во Тирана, а во меѓувреме им се раѓа и ќерка, „животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците[1]. Многу години подоцна, кога и по вторпат е пуштен од логор, Константин конечно се враќа во Корча да се види со Елена и веќе нивната израсната ќерка Донка. По безмалку половина век страдање, на крајот, Константин, Елена и Донка се враќаат во Македонија, во Охрид, родниот град на Константин.

ПоврзаноУреди

БелешкиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Преку езерото“. Македонски информациски филмски центар. Посетено на 2008-09-15.[мртва врска]
  2. „Преку езерото“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-15.
  3. „Poprzez jezioro (Преку езерото)“. Wikipedia : wolna encyklopedia. Посетено на 2008-09-15.

Надворешни врскиУреди