Список на староегипетски династии

список на статии на Викимедија

Во историјата на Стариот Египет, династиите претставуваат низи од владетели кои делат заедничко потекло или род. Овие династии понатаму се групираат според „кралства“ и „преодни периоди“.

Првите триесет поделби се осмислени во III век п.н.е. од свештеникот Манетон и изложени во неговото (денес изгубено) дело Египтијака веројатно напишано по нарачка на тогашниот птоломејски владетел на Египет. Последните две, краткотрајната Трипесет и прва и подолготрајната Птоломејска династија се наречени подоцна.

Иако наоѓа широка употреба, системот има и недостатоци. Некои династии владееле само со извесен дел од Египет и постоеле истовремено до други династии. Седмата можеби воопшто не постоела, Десеттата се чини дека е продолжеток на Деветтата, а може да постоеле една или повеќе горноегипетски династии пред Првата.

Список на династии

уреди
Доцен периодТрет преоден периодНово КралствоВтор преоден периодСредно КралствоПрв преоден периодСтаро КралствоРанодинастички период
Династија Престолнина Временски опсег Владетели
Почеток Крај Траење
(години)
Прв владетел Последен владетел
Ранодинастички период
I династија Тинис 3100 п.н.е. 2900 п.н.е. 200 Нармер Каа
II династија Тинис 2890 п.н.е. 2686 п.н.е. 204 Хотепсехемви Хасехемви
Старо Кралство
III династија Мемфис 2686 п.н.е. 2613 п.н.е. 73 Џосер Хуни
IV династија Мемфис 2613 п.н.е. 2494 п.н.е. 119 Снофру Шепсескаф
или
Тамфтис[б 1]
V династија Мемфис 2494 п.н.е. 2345 п.н.е. 149 Усеркаф Унас
VI династија Мемфис 2345 п.н.е. 2181 п.н.е. 164 Тети Меренре II
или
Нечеркара[б 2]
или
Нитокрис[б 3]
Прв преоден период
VII династија[б 4] Мемфис[1]:396 непознато непознато непознато непознат непознат
VIII династија Мемфис[1]:396 2181 п.н.е. 2160 п.н.е. 21 Нечеркара[б 2]
или
Менкаре
Нефериркаре II
IX династија Хераклепол 2160 п.н.е. 2130 п.н.е. 30 Мерибре Хети[б 5] непознат
X династија Хераклепол 2130 п.н.е. 2040 п.н.е. 90 Мерихатор непознат
Средно Кралство
XI династија[б 6] Теба 2130 п.н.е. 1991 п.н.е. 139 Интеф Ментухотеп IV
XII династија Иштауви 1991 п.н.е. 1802 п.н.е. 189 Аменемхет I Собекнеферу
XIII династија[б 7] Иштауви 1803 п.н.е. 1649 п.н.е. 154 Собекхотеп II непознат
Втор преоден период
XIV династија
(хананска)
Аварис 1725 п.н.е. 1650 п.н.е. 75 Јакбим[б 8] непознат
XV династија
(хиксовска)
Аварис 1650 п.н.е. 1550 п.н.е. 100 Салитис Хамуиди
Абидоска династија[б 9] Абидос 1650 п.н.е. 1600 п.н.е. 50 непознат непознат
XVI династија Теба
или
Аварис
1649 п.н.е. 1582 п.н.е. 67 Анатхер непознат
XVII династија Теба 1580 п.н.е. 1550 п.н.е. 30 Рахотеп Камос
Ново Кралство
XVIII династија Теба
и
Амарна
1550 п.н.е. 1292 п.н.е. 258 Ахмос I Хоремхеб
XIX династија Теба
и
Мемфис
и
Пер-Рамзес
1292 п.н.е. 1189 п.н.е. 103 Рамзес I Твосрет
XX династија Пер-Рамзес 1189 п.н.е. 1077 п.н.е. 112 Сетнахт Рамзес XI
Трет преоден период
XXI династија Танис 1069 п.н.е. 943 п.н.е. 126 Смендес Псусенес II
XXII династија
(мешвешка)
Танис
и
Бубастис
943 п.н.е. 720 п.н.е. 223 Шошенк I Осоркон IV
XXIII династија
(мешвешка)
Хераклепол
или
Hermopolis
или
Теба
837 п.н.е. 728 п.н.е. 109 Харсиес I Рудамун
XXIV династија Саис 732 п.н.е. 720 п.н.е. 12 Тефнахт Бакенранеф
XXV династија
(нубиска)
Мемфис
и
Напата
744 п.н.е. 656 п.н.е. 88 Пије Танутамун
Доцен период
XXVI династија Саис 664 п.н.е. 525 п.н.е. 139 Псамтик I Псамтик III
XXVII династија[б 10]
(персиска)
Вавилон 525 п.н.е. 404 п.н.е. 121 Камбиз II[б 11] Дариј II[б 12]
XXVIII династија Саис 404 п.н.е. 398 п.н.е. 6 Амиртеј Амиртеј
XXIX династија Мендес 398 п.н.е. 380 п.н.е. 18 Неферит I Неферит II
XXX династија Себенит 380 п.н.е. 343 п.н.е. 37 Нектанеб I Нектанеб II
XXXI династија[б 13]
(персиска)
Вавилон 343 п.н.е. 332 п.н.е. 11 Артаксеркс III[б 14] Дариј III[б 15]
Македонско–римски период
Аргеадска династија
(македонска)
Пела[б 16] 332 п.н.е. 309 п.н.е. 23 Александар III Македонски Александар IV Македонски
Птоломејска династија
(македонска)
Александрија 305 п.н.е. 30 п.н.е. 275 Птоломеј I Сотер Цезарион
Египет е припоен кон Римската Република во 30 г. п.н.е.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Постоењето на Тамфтис не е археолошки засведочено.
  2. 2,0 2,1 Нечеркара може да биде или последниот владетел на VI династија или основач на VIII династија, зависно од карактеризацијата на историчарот.
  3. Постоењето на Нитокрис не е археолошки засведочено.
  4. Единственото место каде се зборува за VII династија е делото Египтаика на Манетон. Некои историчари ја сметаат оваа династија за исмислена.[1]:393[2]:xiii
  5. Некои историчари го сметаат Мерибре Хети за основач на IX династија,[3][4][5][6] додека пак други го сметаат за припадник на X династија.[7]
  6. XI династија пред владеењето на Ментухотеп II обично се смета за дел од Првиот преоден период.
  7. Некои историчари ја ставаат XIII династија во Вториот преоден период.
  8. Некои историчари го сметаат Јакбим за основач на XIV династија,[8] додека пак други сметаат дека владеел за време на XVI династија.[9]
  9. Постоењето на Абидоската династија е спорно.
  10. XXVII династија е историографска номенклатура која се однесува на првата лоза на ахеменидските владетели на Египет.
  11. Камбиз II бил вториот владетел на Ахеменидското Царство и првиот ахеменидски владетел кој управувал со Египет.
  12. Дариј II бил деветтиот владетел на Ахеменидското Царство и осмиот ахеменидски владетел кој управувал со Египет.
  13. XXXI династија е историографска номенклатура која се однесува на втората лоза на ахеменидските владетели кои управувале со Египет.
  14. Артаксеркс III бил единаесеттиот владетел на Ахеменидското Царство и првиот ахеменидски владетел кој ја востановил власта над Египет по јаз од 61 година.
  15. Дариј III бил тринаесеттиот владетел на Ахеменидското Царство и последниот ахеменидски владетел на Египет.
  16. Престолнината на Македонија за време на владеењето со Египет била Пела. Седиштето на египетската управа било во Александрија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Hratch Papazian (2015). „The State of Egypt in the Eighth Dynasty“. Во Peter Der Manuelian; Thomas Schneider (уред.). Towards a New History for the Egyptian Old Kingdom: Perspectives on the Pyramid Age. Harvard Egyptological Studies. BRILL.
  2. Wilkinson, Toby (2010). „Timeline“. The Rise and Fall of Ancient Egypt. New York: Random House. стр. xiii. ISBN 9781408810026. The system of dynasties devised in the third century B.C. is not without its problems—for example, the Seventh Dynasty is now recognized as being wholly spurious, while several dynasties are known to have ruled concurrently in different parts of Egypt...
  3. Flinders Petrie, A History of Egypt from the Earliest Times to the XVIth Dynasty (1897), pp. 114–15.
  4. Alan Gardiner, Egypt of the Pharaohs. An introduction, Oxford University Press, 1961, p. 112.
  5. William C. Hayes, in The Cambridge Ancient History, vol 1, part 2, 1971 (2008), Cambridge University Press, ISBN 0-521-07791-5, p. 464.
  6. Nicolas Grimal, A History of Ancient Egypt, Oxford, Blackwell Books, 1992, p. 140.
  7. Jürgen von Beckerath, Handbuch der Ägyptischen Königsnamen, 2nd edition, Mainz, 1999, p. 74.
  8. Ryholt (1997), стр. 409
  9. Sekhaenre Yakbim on Egyphica.net