Абидос
Абидос (коптски: Ⲉⲃⲱⲧ, арап. أبيدوس) староегипетски свет град, на левиот брег на Нил, каде што денес е селото Ел-араб-ел-Мадум. Тука се наоѓа еден од најважните археолошки наоѓалишта на древниот Египет, каде се наоѓаат бројни храмови, вклучувајќи го Ум ел Ка'аб, кралската некропола во која биле погребани првите фараони.[1]
أبيدوس | |
Фасадата од храмот на Сети I во Абидос | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Друг назив | Ⲉⲃⲱⲧ; Abdju |
---|---|
Област | Горен Египет |
Координати | 26°11′06″N 31°55′08″E / 26.18500° СГШ; 31.91889° ИГД |
Вид | населба |
Историја | |
Раздобје | Прва династија до Триесетта династија |
Абидос бил кралска гробница на првите две династии, а подоцна и центар на поклонение за обожување на Озирис, богот на сонцето и плодноста, кој според легендата тука бил убиен и погребан. Освен гробовите на фараоните од IV милениум п.н.е., зачувани се храмови од времето на Рамзес II и Сети I, додека други, меѓу кои и Рамзес III и Тутмос III, го разубавиле храмот посветен на Озирис. Храмот на Сети I е еден од најубавите, и помогнал при дешифрирањето на египетската историја. Во втората галерија се наоѓа релјеф, таканаречениот Список на кралеви од Абидос,[2] каде се гледаат Сети и неговиот син Рамзес, кои принесуваат жртви на 76-те претходници.
Наводи
уреди- ↑ „Tombs of kings of the First and Second Dynasty“. Digital Egypt. UCL. Архивирано од изворникот на 6 January 2008. Посетено на 2008-01-15.
- ↑ Misty Cryer (2006). „Travellers in Egypt – William John Bankes“. TravellersinEgypt.org. Архивирано од изворникот на 2016-08-14.
Надворешни врски
уреди„Абидос“ на Ризницата ? |
- „Abydos“. Digital Egypt. UCL. Архивирано од изворникот на 15 January 2008. Посетено на 2008-01-15.
- Храмот на Сети I во Абидос Архивирано на 23 септември 2015 г.
- Ископувања во Абидос, Универзитет во Пенсилванија