Меренре Немтиемсаф II
Меренре Немтиемсаф II бил египетски фараон, шести и претпоследен владетел на 6-та династија. Тој владеел 1 година и 1 месец во првата половина на 22 век п.н.е., на самиот крај од периодот на Старото Кралство. Немтиемсаф II најверојатно се искачил на престолот како старец, наследувајќи го неговиот долговечен татко Пепи II Неферкаре во време кога моќта на фараонот се распаѓала.
Меренре Немтиемсаф II | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ментесуфис (Африкан според Манетон), Антиемсаф | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Меренре Немтиемсаф II од Кралски список од Абидос. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 1 година и 1 месец, 2194 п.н.е.,[1] 2184 п.н.е.,[2][3][4] 2180 п.н.е.,[5] 2152 п.н.е.,[6], 6-та династија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Пепи II Неферкаре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Неитикерти Сиптах | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Пепи II Неферкаре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Неит, сопруга на Пепи II[7] |
Историски потврди
уредиМеренре Немтиемсаф II е потврден на 4-та линија, колона 6 од канонот од Торино, кралски список од раниот период на 19-та династија. Иако неговото име е изгубено во канонот, времетраењето на неговото владеење сè уште може да се прочита како 1 година и 1 месец, по владеењето на Пепи II Неферкаре.[8] Немтиемсаф II е потврден и на 39-от влез на Кралскиот список од Абидос, што датира од времето на владеењето на Сети I и претставува еден од најдобро зачуваните историски записи од крајот на Старото Кралство и почетокот на Првиот среден период. Кралскиот список од Абидос е единствениот документ каде Немтиемсаф II го носи кралското име Меренре. Подоцнежен историски извор, исто така, го содржи името на Немтиемсаф II: тој е спомнат во Египтјака на Манетон, историја на Египет напишани во 3 век пред нашата ера. Манетон му го дава името Ментесуфис на Немтиемсаф II, и му припишува една година владеење.[1]
Само за еден артефакт од негово време се знае со сигурност дека му припаѓа на Немтиемсаф II. Станува збор за оштетена лажна врата испишана со Са-несу семсу Немтиемсаф што значи „Постариот син на кралот Немтиемсаф“, откриена во близина на местото на пирамидата на Неит, полусестра и кралица на Пепи II, и најверојатно мајка на Немтиемсаф II.[7][8] Како што укажува епитетот „постариот син на кралот“, овој натпис е направен пред стапувањето на Немтиемсаф на престолот, кога тој бил наследник, и исто така покажува дека го носел ова име пред да стане фараон. Вториот артефакт можеби му припаѓал на Немтиемсаф II: декрет за заштита на погребните култови на кралиците Анкесенпепи I и Неит, откриен во погребниот храм на кралицата Неит.[9][10] Ако овој декрет навистина бил издаден од Немтиемсаф II, неговото Хорово име ќе беше С [...] тави што значи „Оној што ги предизвикува двете земји...“.
Владеење
уредиНемтиемсаф II го наследил неговиот татко Пепи II по неговото екстремно долго владеење, за кое се верува дека е од 64 до 94 години. Ништо не е познато за одредени активности на Немтиемсаф, но тој најверојатно морал да се соочи со колапс на кралската моќ и подемот на провинциските номарси. Помалку од 3 години по неговата смрт, завршил периодот на Старото Кралство и започнал хаосот од Првиот среден период. Немтиемсаф II веројатно започнал пирамида за себе и, ако е така, најверојатно би била во Сакара,[8] блиску до онаа на неговиот татко.[11]
Приказната на Херодот
уредиВо своите „ Истории“, грчкиот историчар Херодот заведува легенда според која египетската кралица Нитокрис се одмаздила за убиството на нејзиниот брат и сопруг од страна на бунтовничка толпа, наводно Немтиемсаф II, со тоа што ги удавила сите негови убијци за време на банкетот каде таа ги собрала. Сега се знае дека името „Нитокрис“ е резултат на мешање и изобличување на името на вистинскиот машки фараон, Неитикерти Сиптах, кој го наследи Немтиемсаф II.[12]
„Меренре Немтиемсаф II“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jürgen von Beckerath: Chronologie des pharaonischen Ägypten (Chronology of the Egyptian Pharaohs), Mainz am Rhein: Verlag Philipp von Zabern (1997), p. 152.
- ↑ Michael Rice: Who is who in Ancient Egypt, Routledge London & New York 1999, ISBN 0-203-44328-4, see p. 111
- ↑ Jaromir Malek: The Old Kingdom in Ian Shaw (editor): The Oxford History of Ancient Egypt, Oxford University Press, new edition (2003), ISBN 978-0192804587
- ↑ Peter A. Clayton: Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt, Thames & Hudson (2006), ISBN 0-500-28628-0, see p. 64.
- ↑ Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen, Düsseldorf 2002.
- ↑ Erik Hornung (editor), Rolf Krauss (editor), David A. Warburton (editor): Ancient Egyptian Chronology, Handbook of Oriental Studies, Brill 2012, ISBN 978-90-04-11385-5, available online copyright-free, see p. 491.
- ↑ 7,0 7,1 Aidan Dodson and Dyan Hilton: The Complete Royal Families of Ancient Egypt, Thames & Hudson (2004), ISBN 0-500-05128-3, see p. 73
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 211–212
- ↑ Kurt Sethe (editor): Urkunden des ägyptischen Altertums, Vol. 1: Urkunden des alten Reiches, Hinrichs, Leipzig 1933, num. 307 available online Архивирано на 3 мај 2014 г..
- ↑ Hans Goedicke: Königliche Dokumente aus dem Alten Reich, Wiesbaden: Otto Harrassowitz (1967), p. 158–162.
- ↑ Miroslav Verner: Die Pyramiden, Reinbek 1997, p. 415.
- ↑ Kim Ryholt: "The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris, Zeitschrift für ägyptische, 127, 2000.