Титоизам
Титоизам е комунистичка идеологија наречена според југословенскиот водач, Јосип Броз Тито, употребувана да се опише специфичната политичка идеологија што се градела во СФР Југославија по расколот што настанал помеѓу Советскиот Сојуз и СФР Југославија по отфрлањето на Резолуцијата на Информбирото од страна на Комунистичката Партија на Југославија.
Облик
уредиЕлементите на титоизмот се засновани на принципот: во секоја држава средствата потребни да се достигнат целите на комунизмот мора да бидат диктирани од самата држава, а не од некоја друга. Во времето на владеење на Тито, особено било значајно Југославија да ги достигне целите на комунизмот независно од Советскиот Сојуз.
Терминот титоизам првично бил употребуван како навреда. Први го употребиле приврзаниците на Јосиф Сталин од Москва во периодот кога постоела тензија помеѓу Советскиот Сојуз и Југославија познат како Информбиро, а траел од 1948 до 1955 година.
За разлика од остатокот од Источна Европа, која потпаднала под советско влијание по крајот на Втората светска војна, Југославија, под силното водство од Маршалот Тито и фактот дека југословенските партизани ја ослободиле земјата само со ограничена помош од Црвената Армија, останала независна од Москва. Југославија останала еднинствена комунистичка држава на Балканот која го издржала притисокот од Москва да се приклучи кон Варшавскиот Пакт и останала „социјалистичка, но независна“ сѐ додека не пропаднал Советскиот комунизам во доцните 1980-ти и раните 1990-ти. Низ времето поминато работејќи, Тито останал горд на независноста на Југославија од Советскиот Сојуз и останал на својот став дека Југославија никогаш целосно нема да го прифати членството во Советот за заемна економска помош. Тито отворено отфрлил многу аспекти на сталинизмот со кои не се согласувал.
Советскиот Сојуз најчесто ја обвинувал Титова Југославија за троцкизам и фашизам. Тие обвинувања биле засновани на работничкото самоуправување и теоријата за здружен труд (полиси за делење на профитот и индустрии раководени од страна на работниците а иницирани од него, Милован Ѓилас и Едвард Кардељ во 1950 година). Во ова, Советскиот Сојуз ги видел (или се преправал дека ги гледа) почетоците на комунизмот на советите т.е. на корпоративизмот.
Нападите со оваа пропаганда биле фокусирани на карикатурата на Тито - Касапот (на работничката класа), насочени да го прикажат него како прикриен агент на западниот империјализам. Всушност, Тито и бил сојузник на Западните сили, но тој никогаш не ги изгубил комунистичките идеали. Сепак, тој период бил означен од острата репресија на противниците, луѓе кои изразувале восхит кон Советскиот Сојуз, или пак оние кои ја почитувале руската култура. Голем број од противниците на режимот биле пратени во логорот Голи Оток.
Заднина
уредиНа почетокот една од омилените личности на Сталин, Тито ја водел левичарската опозиција во времето на фашизмот т.е. Втората светска војна. Тито неколкупати се сретнал со раководството на Советскиот Сојуз за да разговараат за иднината на Југославија. Со тек на времето овие преговори станале помалку срдечни, бидејќи Тито немал намера да ја предаде извршната власт, ниту пак да дозволи надворешни влијанија (овој став на Тито подоцна придонел да стане дел од Движењето на Неврзаните).
Тито го налутил Сталин поради тоа што се сложил со проектите на бугарскиот водач Ѓорги Димитров, според кои Југославија и Бугарија требало да се спојат во една федерација. Ова водело до потпишување на договор за соработка, во 1947 година во Блед. (Димитров вршел притисок Романија да стане дел од заедничката федерација, изразувајќи ги неговите убедувања за време на посетата на Букурешт, во почетокот на 1948). Политиката за создавање на регионални блокови бил принцип кој се користел во Комитерните полиси – покажувајќи ја лутината на Советскиот Сојуз кон државите на една нација (англиски: nation-state) во Источна Европа и последиците од Париската конференција.
Блиски статии
уредиНадворешни врски
уреди- Титоизам на Јутјуб