Политички спектар

Политички спектар, политичка ориентација или политички компас е дводимензионален модел со две оски на коишто можеме да ги организираме политичките идеи на повеќе рамништа. Ова е најновиот начин за разграничување на политичките идеи, зашто оригиналниот француски систем со една оска (левица наспроти десница), што бил во широка примена со векови, се покажал недоволно прецизен.

График на политичкиот спектар

Терминот политички компас води потекло од мрежното место политички компас којшто ги прати програмите на разни политички партии и изјавите на главните претставници на партиите и врз основа на тоа ги распределува партиите по две оски, и тоа по економска (левица - десница) и општествена (либерално - авторитативно).

Главниот принцип на којшто се заснова политичкиот компас е тоа што политичките гледишта можат да бидат поделени на две независни оски. Економската (левица - десница) оска одредува нечие мислење околу тоа како би требало да се води економијата: „левицата“ е дефинирана како поглед дека економијата треба да води кооперативно колективно тело (најчесто држава, но може да се гледа на неа и како комуна), додека „десницата“ е дефинирана како поглед на економијата како систем од конурентски поединци и организации. Другата оска се обидува да разграничи нечии погледи кон општеството и нивото на поединечната слобода дозволена во општеството: „либерализмот“ го претставува убедувањето дека личните слободи треба да бидат зголемени до максимумот, додека „авторитаризмот“ е дефиниран како верување дека авторитетот и традицијата мораат да бидат почитувани пред личните слободи.

Предноста на овој модел е во тоа што многу попрецизно ги распределува политичките идеи. Критичарите на овој модел сметаат дека тој служи за разбирање на политиката од аспект на политичкиот либерализам.

За подобро да ја сфатиме идејата за политичкиот компас, имаме слика на којашто се распоредени граничните случаи на политичките идеи. Во повеќето случаи, сите денешни политички идеи се во „граничните области“ коишто ги дефиниравме со идеите на Јосиф Сталин како екстремна авторитативна левица, на Адолф Хитлер како екстремен авторитативен центар, Тачеровите како радикална авторитативна десница, оние на Милтон Фридман како радикална либерална десница и на Махатма Ганди како радикална либерална левица. Денешните политички партии можеме да ги поделиме на следниов начин: кабинетот на претседателот Џорџ В. Буш се наоѓа на слично место како и оној на Маргарет Тачер. Француската, британската и италијанската влада донекаде се поблиску до центарот, додека германската влада е најблиску до центарот. Садам Хусеин и Роберт Мугабе се во авторитативната левица и затоа најблиску до Сталин, додека Нелсон Мандела и далај-ламата ја претставуваат либералната левица и затоа најблизу до Ганди.

Фондацијата Метаморфозис во 2013 година објави „Политички спектар Архивирано на 18 февруари 2013 г.“, кој овозможува утврдување на генералната идеолошка ориентација на лицата кои се тестираат. Функционира на тој начин што се одговара на вкупно 60 прашања, поделени во 5 тематски целини. Прашањата ја утврдуваат генералната ориентација на лицето што се тестира по две основи: левица/десница и слободарство/авторитарност, која ќе се прикаже по одговарањето на сите прашања на тестот.

„Политичкиот спектар“ е надополнување на „Гласомер“, кој претставува интернетска алатка за информирање и мерење на претпочитувањата на гласачите во врска со понудите на политичките опции на парламентарните избори 2011г. во Република Македонија. Гласометар функционира на тој начин што граѓаните одговараат на 54 прашања во долгата верзија, односно 31 прашање во кратката верзија, поделени во 8 области, со цел да го проверат нивото на согласување на своите ставови со ставовите на политичките партии во Македонија.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди