Олга Николаевна Канискина (руски:Ольга Николаевна Каниськина) (родена на 19 јануари 1985 е руска атлетичарка која се натпреварува во брзо одење.

Олга Канискина
Медали

Олга Канискина
Натпреварувач за  Русија
Женска атлетика
Олимписки игри
Златен медал - прво место 2008 Пекинг 20 km брзо одење
Сребрен медал – второ место 2012 Лондон 20 km брзо одење
Светски првенства
Златен медал - прво место 2011 Тегу 20 km брзо одење
Златен медал - прво место 2009 Берлин 20 km брзо одење
Златен медал - прво место 2007 Осака 20 km брзо одење
Европски првенства
Златен медал - прво место 2010 Барселона 20 km брзо одење
Сребрен медал – второ место 2006 Гетеборг 20 km брзо одење

Нејзина специјализирана дисциоплина е 20km брзо одење. Во оваа дисиплина ги има постогнато и најголемите свои успеси. На европското првенство одржано во Гетеборг во 2006 го освоила сребрениот медал, додека на светското првенство одржано во Осака во 2007 и на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг го освоила златниот медал. Во 2009, Олга Канискина ја одбрани титулата светска првенка, победувајќи на светското првенство во Берлин, со време од 1:28:09, а истиот успех го постигнала и на светското првенство во Тегу во 2011 година, остварувајќи резултат со време од 1:29:42.

На европското првенство во атлетика во Барселона во 2010, Канискина го освоила својот прв златен медал на европските првенства, победувајќи со време од 1:27:44.

Канискина настапила и на Летнтие олимписки игри 2012, со цел да стане првата натпреварувачка која успеала да освои две злата на Олимписките игри. Таа ја повела трката уште од самиот почеток и водела сè до последните стотина метри, кога била престигната од страна на нејзината сонародничка Елена Лашманова и со тоа го освоила сребрениот медал. Нејзиното време на крајот од 1:25:09 било нејзино најдобро лично остварување и за само една секунда послаб резултат од дотогашниот светски рекорд, но за седум секунди послабо од победничкото остварување со нов светски рекорд на Лашманова од 1:25:02 h.

Надворешни врски

уреди