Роберт Хартинг (18 октомври 1984 во Котбус) е германски фрлач на диск, Олимписки, трикратен светски и двократен европски првак.

Роберт Хартинг
Медали

Роберт Хартинг
Натпреварувач за  Германија
Машка атлетика
Олимписки игри
Златен медал - прво место 2012 Лондон фрлање диск
Светски првенства
Сребрен медал – второ место 2007 Осака фрлање диск
Златен медал - прво место 2009 Берлин фрлање диск
Златен медал - прво место 2011 Тегу фрлање диск
Златен медал - прво место 2013 Москва фрлање диск
Европски првенства
Сребрен медал – второ место 2010 Барселона фрлање диск
Златен медал - прво место 2012 Хелсинки фрлање диск
Златен медал - прво место 2014 Цирих фрлање диск

Првиот поголем успех, Хартинг го постигна на светското јуниорско првенство во 2001 година, на кое го освои второто место. На следните неколку поголеми првенства нема остварено забележителни резултати, сè до победата на светското првенство за млади сениори во 2005 година.

На светските првенства, првиот медаљ го освои на првенството во Осака во 2007, освојувајќи го второто место. Веќе на следното светско првенство во Берлин, Хартинг ја израдува домашната публика со освоениот златен медаљ, а истиот успех го повтори и две години подоцна, на првенството во Тегу, како и четири години подоцна на светското првенство во Москва.

Хартинг за првпат на Олимписките игри настапил на игрите во Пекинг во 2008 година, на кои го зазел четвртото место. Четири години подоцна, на игрите во Лондон го освоил златниот медал со префрлени 68,27 m во финалето.

Освен на Олимписките игри и светските првенства, тој има постигнато забележителни успеси и на европските првенства. Така, освојувач е на сребрен медал на Европското првенство во Барселона во 2010, како и на златен медал на првенствата во Хелсинки во 2012 и во Цирих во 2014 година.

Неговиот личен рекорд изнесува 69,69 m и е постигнат на 28 август 2010 во Нојбранденбург.[1]

Наводи

уреди
  1. Harting wirft Bestleistung Архивирано на 4 септември 2010 г., sport1.de.

Надворешни врски

уреди