Примож Козмус
Примож Козмус (роден на 30 септември 1979 во Ново Место, СФРЈ) — словенечки атлетичар којшто се натпреварува во фрлачката дисциплина фрлање кладиво.
Медали | ||
---|---|---|
![]() Примож Козмус на Светското првенство во 2007 | ||
Машка атлетика | ||
Натпреварувач за ![]() | ||
Олимписки игри | ||
Злато | 2008 Пекинг | |
Сребро | 2008 Пекинг | |
Светски првенства | ||
Сребро | 2007 Осака | |
Злато | 2009 Берлин | |
Бронза | 2011 Тегу |
Примож живее во Брежице каде што е член на АК Фит Брежице. Неговите физички предиспозиции се: 188 cm висина и маса од 106 kg.
Во 2003 и 2004, Примож беше прогласен за најдобар атлетичар во Словенија.
На светското првенство одржано во Осака во 2007, го освои второто место со далечина од 82.29 m. Примож Козмус својот најголем успех во кариерата го постигна на Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг каде гоп освои златниот медал со далечина од 82,02m, со што на Словенија и го донесе првиот златен медал на Олимписките игри.[1]
На светското првенство во 2009 во Берлин, Примож го освои златниот медал, со далечина од 80.84 m. Две години подоцна, на првенството во Тегу, со префрлени 79.39 m, Козмус не успеа да ја одбрани титулата и го зазеде третото место, освојувајќи го бронзениот медал.[2]
Во 2012, Козмус настапи на Летните олимписки игри во Лондон, на кои го освои сребрениот медал.
Примож Козмус има сестра Симона којашто е словенечка рекордерка во фрлање кладиво со далечина од 58,60m.
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |