Ана Пјатих
Ана Пјатих (руски: Анна Викторовна Пятых, родена во Москва на 4 април, 1981 година) е руска атлетичарка специјализирана за троскок и скок во далечина.
Нејзини тренери се Витолд Крер и Евгеније Тераваносов. Пјатихова е висока 1,75, а тешка 64 килограми.
Ана Пјатих била првак на Русија во 2004 година. (14,96 м) и во 2006 година (14,67 м). На меѓународен план, таа еднаш освоила сребрен медал на Светското првенство во сала 2006 година и четири пати бронзени медали: два на Светското првенство 2005 во Хелсинки и 2009 година во Берлин еден во сала во 2010 година во Доха, и еден на Европското првенство 2006 година во Гетеборг, и учествувала и во 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг .
Значајни резултати во троскок
уредиГодина | Натпреварување | Место | Плас | Рез. | |
---|---|---|---|---|---|
Русија | |||||
2002 година | Европско првенство | Минхен, Германија | 8 | 14.08 | |
2003 година | Светско првенство во сала | Бирмингем, Велика Британија | 4 | 14,35 | |
Светско првенство | Париз, Франција | 4 | 14,72 | ||
2004 година | Олимпијада | Атина Грција | 8 | 14,79 | |
2005 година | Светско првенство | Хелсинки Финска | 14,78 | ||
2006 година | Светско првенство во сала | Москва Русија | 14,93 | ||
Европско првенство | Гетеборг Шведска | 15.02 | |||
2007 година | Светско првенство | Осака, Јапонија | 4 | 14,88 | |
2008 година | Светско првенство во сала | Валенсија Шпанија | 11 | 13.99 | |
Олимпијада | Пекинг, Кина | 8 | 14,73 | ||
2009 година | Светско првенство | Берлин, Германија | 14.58 | ||
2010 г. | Светско првенство во сала | Доха, Катар | 14,64 | ||
2013 година | Светско првенство | Москва, Русија | 7 | 14.29 |
Лични рекорди
уреди- на отворено:
- Скок во далечина - 6,72 м 29 јуни 2007 г. Москва, Русија
- троскок - 15,02 м - 9 август 2006 година, Гетеборг, Шведска
- во сала
- Скок во далечина - 6,57 метри 23 јануари 2005 година, Москва, Русија
- Троскок - 14,93 м. 11 март 2006 година, Москва, Русија
Надворешни врски
уреди- Портрет на IAAF
- Портрет на руска атлетика Архивирано на 20 септември 2020 г.